онуз за А1: Шансите ни се само теоретски, но во фудбалот се можни чуда
16.05.2009
По долго исчекување, одлуката конечно падна. Мирсад Јонуз е назначен за нов селектор на најдобрата македонска фудбалска репрезентација. Гостин во спортските вести новоизбраниот селектор.
Ни со 5:0, ни со 7:0, туку уште поубедливо, со 11:1 ја добивте битката со останатите кандидати, според бројот на гласовите што ги заработивте. Со што ја освоивте толкавата доверба на членовите на управниот одбор?
- Ја почитувам одлуката на Управниот одбор, благодарам за довербата. Зад мене се шест години макотрпна работа во младата репрезентација која што ја презедов во 2003 година, сами знаете пред тоа какви резултати имаше таа селекција.
Се нафатив на една тешка функција, каде што во три циклуси освоивме 23 бода, имавме и лоши и добри натпревари. Таа селекција што ја водев беше претежно од фудбалери од домашното првенство. Се нафатив на тој предизвик и мислам дека кога ќе се направи една добра анализа дека успешно го завршив.
Долго сте на тапет дека претседателот на ФФМ Хаџиристески ви е должник за силната поддршка што перманентно му ја давате во превирањата во ФФМ. Еве можност да одговорите - имавте ли ветување од Хаџиристески за оваа промоција?
- Ние во фудбалот сите се познаваме и знаеме кој со кого функционира, кај нас е многу чудна констатација и близок си а од друга страна и не комуницираш со другата страна и дека си против. Демократско право е на секој човек а и на секој спортист да комуницира со оној што добро го познава.
Јас го познавам претседателот уште од 1986 година, тогаш бев голман на Победа, од 2000 до 2002 година бев тренер на Победа каде што ги направивме најголемите успеси и тоа беше препораката исто така и Работнички каде што бев шест години тренер и во ова интервју сакам да се заблагодарам на господинот Андреа Герасимовски, кој беше назначен од Трифун Костовски, што ми дадоа можност да почнам тогаш како тренер, а исто така голема благодарност што ми дадоа функција да бидам и тренер на младата репрезентација.
Значи тоа е нашето пријателство, датира веќе 20 години и ништо не е чудно ние да комуницираме и да ги разменуваме нашите мислења.
Имавте желба за договор со ФФМ на подолг рок, но назначен сте за последните четири меча од овој мундијалски циклус. Одговара ли тоа на вашите амбиции и планови?
- Ние мора да направиме атмосфера, мора да се подобри дисциплината, мора да извадиме максимум од овие натпревари, да играме онолку колку што можеме, а можеме многу повеќе. Да направиме добри резултати, на теренот кога ќе излеземе да покажеме дека сакаме да играме, дека сакаме да победиме, тоа е нормално.
Играчите кои настапувале во оваа селекција, покажале и добри и лоши страни, јас верувам во нив, многу од нив поминаа во младата репрезентација почнувајќи од Пачовски, Горгиевски, Лазаревски, Тасевски, Попов, Пандев, Стојков... Така да добро ги познавам, ги познавам добро и постарите, поискусните, така да мојот став, мојата филозофија на работа добро ја познаваат и мислам дека брзо ќе се вклопат.
Апетитите на јавноста се секогаш големи, но генерално, каква е вашата визија за македонската фудбалска репрезентација, на покус и на подолг рок. Што предвидува вашата концепција за работа со селекцијата?
- Во овој момент реално да кажеме шансите ни се само теоретски да одиме на Светското првенство, јас сум во една невозможна мисија. Во оптек се 12 бода, нашето мислење е дека првиот натпревар со Норвешка е многу битен и со добивањето на овој натпревар ќе ја отвориме широко вратата за во наредните натпревари одиме со поголем оптимизам и поголем мотив.
Моето мислење е кога можевме да ја победиме Шкотска ќе можеме и Норвешка да ја победиме. Тоа е една концепција и концепцијата е секој нареден натпревар да го припремаме и да го анализираме и стално да бидеме во оптек и стално да бидеме блиску до тоа второ место и ако ни се укаже шанса тие максимални 12 бода се преоптимистички но некогаш во фудбалот се можни чуда.
Целото интервју погледнете го на видеото.
Верзија за печатење
Прати по e-mail
Разгласи