Мирсад Јонуз нов селектор на Македонија

  • Креатор на темата Near
  • Време на започнување
Член од
4 јуни 2007
Мислења
2.885
Поени од реакции
189
Под знак прашалник е дали ќе одам на натпреварот со Исланд и оние што преостануваат. Настрана што билда цени на билетите, па и по свој ќејф става селектор на МАКЕДОНИЈА, не селектор на Харалампие. УА!
 

Bianconero vero

Il Capitano
Член од
10 ноември 2008
Мислења
9.219
Поени од реакции
8.060
Човекот со најдолг стаж во младинска репрезентација во светски рамки, стана селектор на Македонија!!! Срамота, е***е кретените. Толку врска да се немало од ништо. Со еден збор ПРОПАСТ!!!
 

Fcu

Член од
10 август 2007
Мислења
585
Поени од реакции
2
trebase janevski da bide selektor, a ne jonuz koj dolgi godini ja vodee mladata reprezenracija bez uspeh.
 

superstarpizza

Unsurpassed Сasual Dating - Verified Damsels
Член од
20 септември 2008
Мислења
6.025
Поени од реакции
1.363
И еве се исполни желбата на Хари Ел Президенте да му се раздолжи на Јонуз за ветеното место во А репрезентацијата. Дури и уште еднаш се обрука пред камерите во негов стил кога зборуваше дека го одбрал најдоброто решение.
Замислете треска глупости дека никој од понудените кандидати не се нафатил за условот кој тој го наметнал дека доколку се оствари пласман на 2 место тогаш да се преговара за продолжување на договорот за следниот циклус на натпревари, за потоа да збори дека ете да се надеваме сега со Јонуз и на невозможните теоретски шанси за освојување на таа позиција :uvo:. Тогаш јас стварно не знам по кој основ го назначил Јонуз на таа позиција, ако важат условите за сите оние кои се кандидираа за таа позиција тогаш како може да не важи истоиот тој услов за Јонуз :toe:. Тоа значи дека за следниот циклус на натпреварување може и да го надминеме рекордот на денови без селектор во репрезентацијата за потота (мое мислење ) да биде продолжен договорот на Јонуз.
Дали пак ке следиме нова серија на преговори на комедијантите од ФФМ ке видиме.
Но сега засега јас како навивач и пред се МАКЕДОНЕЦ секако дека очекувам и сонувам за тоа наше 2 место за историја на нашата репрезентација. Му посакувам на Мирсад Јонуз (и покрај матните работи) добра работа и пред се срека со нашиот тим па за да докаже како што кажа за инат на сите нас кои беа против оваа одлука на Хари. И друго што во сенка највеке ме интересира да видам какво е тоа изненадување кое не чека доколу освоиме 6 бода од домашните натпревари како што тој кажа на А1 телевизија.
 

The Mummy

The world is not enough
Член од
3 мај 2006
Мислења
5.415
Поени од реакции
181
Единствено што е позитивно е што не е долгорочен договор, туку до крајот на циклусот. Ако за овие 4 натпревари изиграме катастрофално, секако нема Јонуз да остане селектор.
 

superstarpizza

Unsurpassed Сasual Dating - Verified Damsels
Член од
20 септември 2008
Мислења
6.025
Поени од реакции
1.363
Еве го гостувањето на Јонуз на А1 тв.
онуз за А1: Шансите ни се само теоретски, но во фудбалот се можни чуда

16.05.2009

По долго исчекување, одлуката конечно падна. Мирсад Јонуз е назначен за нов селектор на најдобрата македонска фудбалска репрезентација. Гостин во спортските вести новоизбраниот селектор.
Ни со 5:0, ни со 7:0, туку уште поубедливо, со 11:1 ја добивте битката со останатите кандидати, според бројот на гласовите што ги заработивте. Со што ја освоивте толкавата доверба на членовите на управниот одбор?
- Ја почитувам одлуката на Управниот одбор, благодарам за довербата. Зад мене се шест години макотрпна работа во младата репрезентација која што ја презедов во 2003 година, сами знаете пред тоа какви резултати имаше таа селекција.
Се нафатив на една тешка функција, каде што во три циклуси освоивме 23 бода, имавме и лоши и добри натпревари. Таа селекција што ја водев беше претежно од фудбалери од домашното првенство. Се нафатив на тој предизвик и мислам дека кога ќе се направи една добра анализа дека успешно го завршив.
Долго сте на тапет дека претседателот на ФФМ Хаџиристески ви е должник за силната поддршка што перманентно му ја давате во превирањата во ФФМ. Еве можност да одговорите - имавте ли ветување од Хаџиристески за оваа промоција?
- Ние во фудбалот сите се познаваме и знаеме кој со кого функционира, кај нас е многу чудна констатација и близок си а од друга страна и не комуницираш со другата страна и дека си против. Демократско право е на секој човек а и на секој спортист да комуницира со оној што добро го познава.
Јас го познавам претседателот уште од 1986 година, тогаш бев голман на Победа, од 2000 до 2002 година бев тренер на Победа каде што ги направивме најголемите успеси и тоа беше препораката исто така и Работнички каде што бев шест години тренер и во ова интервју сакам да се заблагодарам на господинот Андреа Герасимовски, кој беше назначен од Трифун Костовски, што ми дадоа можност да почнам тогаш како тренер, а исто така голема благодарност што ми дадоа функција да бидам и тренер на младата репрезентација.
Значи тоа е нашето пријателство, датира веќе 20 години и ништо не е чудно ние да комуницираме и да ги разменуваме нашите мислења.
Имавте желба за договор со ФФМ на подолг рок, но назначен сте за последните четири меча од овој мундијалски циклус. Одговара ли тоа на вашите амбиции и планови?
- Ние мора да направиме атмосфера, мора да се подобри дисциплината, мора да извадиме максимум од овие натпревари, да играме онолку колку што можеме, а можеме многу повеќе. Да направиме добри резултати, на теренот кога ќе излеземе да покажеме дека сакаме да играме, дека сакаме да победиме, тоа е нормално.
Играчите кои настапувале во оваа селекција, покажале и добри и лоши страни, јас верувам во нив, многу од нив поминаа во младата репрезентација почнувајќи од Пачовски, Горгиевски, Лазаревски, Тасевски, Попов, Пандев, Стојков... Така да добро ги познавам, ги познавам добро и постарите, поискусните, така да мојот став, мојата филозофија на работа добро ја познаваат и мислам дека брзо ќе се вклопат.
Апетитите на јавноста се секогаш големи, но генерално, каква е вашата визија за македонската фудбалска репрезентација, на покус и на подолг рок. Што предвидува вашата концепција за работа со селекцијата?
- Во овој момент реално да кажеме шансите ни се само теоретски да одиме на Светското првенство, јас сум во една невозможна мисија. Во оптек се 12 бода, нашето мислење е дека првиот натпревар со Норвешка е многу битен и со добивањето на овој натпревар ќе ја отвориме широко вратата за во наредните натпревари одиме со поголем оптимизам и поголем мотив.
Моето мислење е кога можевме да ја победиме Шкотска ќе можеме и Норвешка да ја победиме. Тоа е една концепција и концепцијата е секој нареден натпревар да го припремаме и да го анализираме и стално да бидеме во оптек и стално да бидеме блиску до тоа второ место и ако ни се укаже шанса тие максимални 12 бода се преоптимистички но некогаш во фудбалот се можни чуда.
Целото интервју погледнете го на видеото.
Верзија за печатење
Прати по e-mail Разгласи
А еве ви ја и изјавата на Хари Ел Президенте после изборот на Јонуз.

Јонуз нов селектор на фудбалската репрезентација

16.05.2009

По долго исчекување, одлуката конечно падна. Мирсад Јонуз е назначен за нов селектор на најдобрата македонска фудбалска репрезентација.
Од стеснетиот круг кандидати во кој се најдоа и Чедомир Јаневски и Турчинот Зија Доган, управниот одбор на ФФМ реши досегашниот шеф на младата селекција да биде предводник на нашиот „А“ национален тим до крајот на тековниот циклус квалификации за Светското првенство во 2010, со можност да остане на кормилото и две години повеќе.
„За избор на селектор на „А“ репрезентацијата управниот одбор донесе одлука да биде господинот Мирсад Јонуз. Селектор со четири натпревари со можност за продолжување на договорот за циклусот 2012 година за Европско првенство. Немаше храброст никој од преостанатите кандидати да прифати ваков услов, бидејќи сите бараа независно резултатите кои би биле постигнати во овие четири натпревари, договорот да почне сега и да трае се до завршувањето на квалификацискиот циклус за Европското првенство“, рече Хаџиристески.

„Домашен селектор кој што цело време ќе биде тука, ќе ги прати нашите фудбалери, нашето првенство, повеќе ќе учествува во работата со клубовите, будно ќе ги следи натпреварите, мислам дека тоа преовлада затоа што сите други кои понудија не прифатија да бидат присутни цело време во Македонија. За разлика од претходниот селектор ја сведовме на македонски рамки, пола плата ќе биде од досегашната селекторска плата“, додаде Хаџиристески.
„Посакуваме да се нормализира работната атмосфера да се створи добра работна атмосфера, работна дисциплина, да пробаме да направиме од овие натпревари неможното, освојување 10 бода, тоа би било три победи и една нерешено, но се разбира дека не е услов баражот за селекторот, но услов е да се подобри комплетната слика за нашата репрезентација“, изјави претседателот на ФФМ Хаџиристески.
Верзија за печатење
Прати по e-mail Разгласи
ПС. Се извинувам доколку ова е веке постирано.
 

Fikela

Реалист...
Член од
8 март 2009
Мислења
370
Поени од реакции
2
Човекот со најдолг стаж во младинска репрезентација во светски рамки, стана селектор на Македонија!!! Срамота, е***е кретените. Толку врска да се немало од ништо. Со еден збор ПРОПАСТ!!!
Батка тој може имал стаж во младинската репрезентација но од тиа 6 години селектор на репрезентацијата да имаш само 4-5 победи е стварно жалосно... Успех никаков, ѓабе му е стажот...:nesvest:
 

Ivka

Алхемичарка
Член од
1 февруари 2007
Мислења
300
Поени од реакции
4
Аууу ама му се нафрливте на човекот а уште не седнал ни на тренерската клупа....остајте некој натпревар да помине па ако не чини плукате го. И така има само привремен договор и така утнати се овие квалификации па за наредни подобро решение - се надевам
 

Bianconero vero

Il Capitano
Член од
10 ноември 2008
Мислења
9.219
Поени од реакции
8.060
Батка тој може имал стаж во младинската репрезентација но од тиа 6 години селектор на репрезентацијата да имаш само 4-5 победи е стварно жалосно... Успех никаков, ѓабе му е стажот...:nesvest:
Токму тоа и ми беше муабетот. Толку години е во младинската селекција без никаков успех и сега стана селектор на сениорската репрезентација. Со ова е допрено дното и мислам дека полошо не можеше да биде. Да беше добар стратег, веќе одамна ќе беше промовиран за селектор на Македонија или пак за тренер на некој квалитетен тим ама неговиот квалитет се виде...
 
Член од
26 ноември 2008
Мислења
28
Поени од реакции
1
Zalosno zasto Jonuz e trener a do vcera ve nemase bre nikade oti toj selakot od slovenija ne ostavase ni eden novinar da zbori za reprezenatacijata a sega se falite ovde vo forumov lele sto ste za nigde katanec zemase golemi sumi pari i site utakmici namesteni sram za ffm :drk: da ti se gadi od fudbal be kolku godini bese prv trener katanec edna izjava ne dade posle eden natprevar ama toj so vi napravi zloo nisto ne mu mozete nemu :drk:
 
Член од
9 април 2009
Мислења
3.183
Поени од реакции
3.830
bidete raat
jonuz osvojuva 6 boda na prvite dve utakmici!
 
Член од
8 април 2007
Мислења
16.034
Поени од реакции
9.126
bidete raat
jonuz osvojuva 6 boda na prvite dve utakmici!
Да видиш да не веруеш...Ај баш да видиме дали ќе освоиме 6 бода од тие, и ме интересира што ќе биде изненадувањето кое го најави Јонуз доколку освоиме 6 бода. И тој знае изгледа дека е невозможно зошто толку му е капациетот, па демек некое изненадување. Оффф беее...
 

ogledalo

провинцијалец
Член од
12 мај 2008
Мислења
3.198
Поени од реакции
173
јас мислам дека е направен погрешен избор, се надевам дека ќе ме демантира Јонуз
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.232
Да видиш да не веруеш...Ај баш да видиме дали ќе освоиме 6 бода од тие, и ме интересира што ќе биде изненадувањето кое го најави Јонуз доколку освоиме 6 бода. И тој знае изгледа дека е невозможно зошто толку му е капациетот, па демек некое изненадување. Оффф беее...
Какво изненадување? Амаури ке игра за Македонија (зашто ни тој незнае од каде е)?! Или пак Шакири ке го враќа назад? Знам, знам. Стриптизети на полувреме.

Изненадување бе... :tapp:
 

superstarpizza

Unsurpassed Сasual Dating - Verified Damsels
Член од
20 септември 2008
Мислења
6.025
Поени од реакции
1.363
Вака луге и јас бев еден од најгласните против оваа одлука да се постави Јонуз за селектор ама ете сега тој е таму и нема бегање од тоа, нам ни останува како патриоти и големи навивачи на нашата репрезентација и фудбал да му дадеме подршка на нашиот состав за подобри резултати и успеси без разлика кој тоа не води (веке кога ни е поставен овој сурато).
Така да од мене како и секогаш со сето срце за Македонија и му посакувам на Мирсад Јонуз уште еднаш срека и успеси на оваа позиција и му посакувам што поскоро да не демантира.:toe:


:oeoeoe::oeoeoe::oeoeoe::oeoeoe:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom