Минато, сегашност или иднина...

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
Да како го живеете животот?

Го живеете ли секој момент во сегашноста?
Се замарате со работите во минатото? Одвојувате ли многу време за анализирање на минатото, на работите, луѓето и случувањата?
Дали често Ви се случува да се вратите во минатото?

Исто и за иднината? Размислувате ли за понатаму? За случувањата моментите и луѓето во вашиот живот? За она што треба да дојде, да се случи....итн.

Или пак го живеете секој момент во сегашноста, свесни дека минатото поминало а иднината сама ќе дојде?

Јас имав една професорка во средно која викаше: “заборавете на минатото (тоа било и поминало), заборавате на иднината (таа сама ќе дојде-не вреди со тоа да се замараш), живеј го овој момент и тоа што се случува сега во моментот.“
Токму ова ми беше мотив за темава.

Како е кај вас?
 
Член од
23 март 2007
Мислења
2.370
Поени од реакции
62
Луѓето кои живеат претерано во минатото- кикавици и неиновативни да променат нешто во животот;
а луѓето кои живеат пренесени во иднината- фантазери....
Секој период од животот различно...
Во период сум од животот кога сакам да си ја средам иднината, а од минатото-она што е корисно го задржувам во главата а другото го бришам....
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Да како го живеете животот?

Го живеете ли секој момент во сегашноста?
Се замарате со работите во минатото? Одвојувате ли многу време за анализирање на минатото, на работите, луѓето и случувањата?
Дали често Ви се случува да се вратите во минатото??
Искрено,се замарам со минатото.Некогаш кога сум сама или пак ако не ми се сите овци на број,се враќам со мислите во минатото и размислувам за некои одредени ситуации или случки кои што ми се случило.
Анализирам некои постапки од минатото,кои имаат влијание на мојата сегашност.Размислувам за тоа што сум го направила т.е не сум го направила порано,а сум требала да го направам.
Некои постапки од минатото ми се повторуваат и во сегашноста и факт е дека тоа што се случило во мојот живот,оставило трага во мојот живот.
Не сум опседната ептен премногу со минатото,но сепак размислувам некогаш,како би било-ако било поинаку.

Исто и за иднината? Размислувате ли за понатаму? За случувањата моментите и луѓето во вашиот живот? За она што треба да дојде, да се случи....итн.
Па да,нормално е да размислувам за својата иднина.Се разбира не го планирам секој мој чекор,но сепак имам поставено некои мои цели кои што би сакала во иднина да се остварат.
Некогаш се запрашувам,со кој ќе завршам на крај,дали овие луѓе кои се покрај мене и понатаму ќе бидат присутни во мојот живот или пак реткост ќе бидат нашите гледања.Се молам тоа да не биде така.

Или пак го живеете секој момент во сегашноста, свесни дека минатото поминало а иднината сама ќе дојде?
Гледам да си живеам опуштено и да се концентрирам на работите кои ми се случуваат во сегашноста,но сепак реков некои работи од минатото ми влијаат на сегашноста,а иднината е нешто неочекувано и нешто непознато,па многу нормално е некогаш да помислам на тоа што би било понатака,а не верувам дека има човек кој барем еднаш не помислил на иднината.

Јас имав една професорка во средно која викаше: “заборавете на минатото (тоа било и поминало), заборавате на иднината (таа сама ќе дојде-не вреди со тоа да се замараш), живеј го овој момент и тоа што се случува сега во моментот.“
Токму ова ми беше мотив за темава.
Жената е во право на некој начин...минатото било поминало,не може да се промени,а иднината,каква таква кога тогаш мора да дојде,но сепак неминовно е да размислуваш на тие работи,затоа што се си има свое влијание,барем според мене.
 

vlatkolik

~I'm busy U are UglY,Have a Nice DaY!!!~
Член од
17 мај 2007
Мислења
2.647
Поени од реакции
28
Да како го живеете животот?
Го живеам јас како што сакам а не некој друг!
Се замарате со работите во минатото? Одвојувате ли многу време за анализирање на минатото, на работите, луѓето и случувањата?
Дали често Ви се случува да се вратите во минатото?
Да се замарам со минатото и да го анализирам-не,но да се навратам на убави моменти-да ми се случува тоа
Исто и за иднината? Размислувате ли за понатаму? За случувањата моментите и луѓето во вашиот живот? За она што треба да дојде, да се случи....итн.
Сакам се да ми биде организирано но не сакам да ми биде се испланирано,најмалку да ја планирам иднината,никогаш тоа што го планирам не искача како што треба така да што би требало да биде ќе биде
Или пак го живеете секој момент во сегашноста, свесни дека минатото поминало а иднината сама ќе дојде?

Како е кај вас?
Живеам од денес за утре и го искористувам секој момент од сегашноста

Ете како е кај мене :pipi:
 
С

Сатори

Гостин
Да како го живеете животот?

Го живеете ли секој момент во сегашноста?
Се замарате со работите во минатото? Одвојувате ли многу време за анализирање на минатото, на работите, луѓето и случувањата?
Дали често Ви се случува да се вратите во минатото?
Живеам со минатото, како со иднината, така и во сегашноста.
Анализирам многу, морам да знам која сум била, што сум и што сакам да бидам.
Не е едноставна работа да се остават работите зад себе, а да не се заборават, а искстувата кои ги имам стекнато ме направиле тоа што сум.
Тие што сакам да ги стекнам, ќе ме направат тоа што сакам да бидам, а за тоа треба многу добро да ја искористам сегашноста.
 

jkd

one name one country united macedonia
Член од
13 септември 2007
Мислења
1.261
Поени од реакции
27
na minatoto so zadovolstvo se prisetuvam dali dobro ili loso no sepak nekogas nadoagaat i takvi momenti kade bez razlika na se se smeam mnogu segasnosta ja iskoristuvam maksimalno i gledam da uzivam 200% a za idninata pravam nekoi planovi no samo za pobliskata no prioritet mi e segasnosta zasto ako ja utnes segasnosta nemas minato no i idninata ti visi nad voda spremna da se srusi
 

**The Beauty**

and the beast
Член од
4 февруари 2007
Мислења
552
Поени од реакции
11
Па периодов живеам во иднината, што и како ќе се случува. А кога ми се дешава нешто во сегашноста тогаш живеам таму и сега, не размислувам за иднината
 

girlll

§įмθπŞ ďª φΪШ
Член од
28 јануари 2007
Мислења
3.418
Поени од реакции
111
Го паметам минатото, се стремам кон иднината, но живеам во сегашноста.
 

CuCeNcE

perfectly imperfect
Член од
19 јуни 2006
Мислења
1.878
Поени од реакции
7
Да како го живеете животот?
Го живеете ли секој момент во сегашноста?
Се замарате со работите во минатото? Одвојувате ли многу време за анализирање на минатото, на работите, луѓето и случувањата?
Дали често Ви се случува да се вратите во минатото?
Да...порано се замарав со минатото, со убавите моменти и личности од него. Постојано нешто анализирав, правев некои глупи пресметки и се нервирав како сум можела да бидам толку глупа за некои грешки што сум ги направила. Сакав да се вратам во минатото и се трудев се да биде како порано иако длабоко во мене знаев дека никогаш неможе да биде. Али сега се е поинаку. Конечно сфатив дека неможам така. Дека животот продолжува понатака и носи нови и нови моменти и луѓе и дека неможам да се затварам и да кочам со животот. Сега живеам за сегашноста. Гледам секој ден максимално да го искористам и да бидам максимално расположена. Убавите моменти и се она што ми се случило го оставив како спомен, позади мене...

Исто и за иднината? Размислувате ли за понатаму? За случувањата моментите и луѓето во вашиот живот? За она што треба да дојде, да се случи....итн.
Кога се работи за ова прашање обично правам грешка...Гледам да го направам тоа што го сакам во моментот а не размислувам за понатака што и како ќе биде...
 

ANDZI

Fashion is my opsession
Член од
5 февруари 2007
Мислења
833
Поени од реакции
6
На убавите моменти од минатото секогаш се навраќам,а лошите ги заборавам...Со иднината не се замарам многу ,живеам во сегашноста..
 
Член од
8 февруари 2007
Мислења
1.968
Поени од реакции
43
Секогаш вреди да ги запаметиш моментите кои се случувале во минатото но тоа не значи дека треба да се раководиш според нив и тие да ти го одредуваат текот на настаните во сегашноста или иднината.
Живеам во сегашноста, ја прифаќам секоја можност која ќе ми се пружи...но размислувам и за иднината. Сепак мора да гледаш малку подалеку отколку да се задоволиш со она што ти е пружено и толку.:pipi:
 

STARTER

Firestarter
Член од
31 август 2007
Мислења
935
Поени од реакции
246
Сметам дека не треба да се тагува и мисли за минатото бидејќи тоа не се враќа, треба да се концентрираме на подобрување на сегашноста и да не сонуваме за иднината која е неизвесна, но и да се соочиме со неа кога ке дојде време без никаков страв.
 

Bush(av)

Aut inveniam viam aut faciam.
Член од
30 април 2007
Мислења
758
Поени од реакции
7
Да како го живеете животот?
Така како што јас ќе решам дека е најдобро за мене.

Го живеете ли секој момент во сегашноста?
Се трудам највеќе што можам, затоа што знам дека секој момент е драгоцен и веќе нема да се врати.

Се замарате со работите во минатото? Одвојувате ли многу време за анализирање на минатото, на работите, луѓето и случувањата?
Дали често Ви се случува да се вратите во минатото?
Се обидувам да не се навраќам на минатото и да размислувам многу во стилот „Што би било...“ затоа што тоа претставува непотребно замарање и нервирање, бидејќи ништо не можам да сменам, Сепак, се случува кога сум во таков период да почнам да мислам на минатото,

Исто и за иднината? Размислувате ли за понатаму? За случувањата моментите и луѓето во вашиот живот? За она што треба да дојде, да се случи....итн.
Нормално дека често размислувам на иднината, посебно на оваа возраст, кога моите одлуки во следните неколку години ќе ми го дефинираат животот понатаму. Мечтаењето е неизоставен дел од секој човек.

Јас имав една професорка во средно која викаше: “заборавете на минатото (тоа било и поминало), заборавате на иднината (таа сама ќе дојде-не вреди со тоа да се замараш), живеј го овој момент и тоа што се случува сега во моментот.“
Токму ова ми беше мотив за темава.
Жената била во право. Да беше форумџика, ќе и дадев зеленко.:smir:
 

ПрИтИ_гРл

Unforgivable ♥
Член од
6 јуни 2006
Мислења
2.554
Поени од реакции
22
Живеам сега, живеам за моменти, живеам за сегашноста мисеќи што ќе биди во иднината. Но не значи дека живеам за иднината! ЕПтен е различно! Јас само ги предвидувам резултатите од она што го правам сега!
 
Член од
8 август 2007
Мислења
1.541
Поени од реакции
48
Една интересна мисла во врска со темава...

"Тој што копа во минатото, си ја затрупува иднината."
 

Kajgana Shop

На врв Bottom