Темата ми е многу широка и отвора прашања за кои не ги знам баш одговорите. Пример, дали треба да се ,,замараме,, со минатото. Од психолошка гледна точка тоа е многу лошо затоа што таквиот фокус не ни дозволува да продолжиме понатаму, односно ова во случај кога би биле опседнати со некој немил настан од минатото кој континуирано ни создава беспотребна болка и патење и за кој целиот здрав разум ни ,,вришти,, дека треба да го заборавиме. Дури ако непожелно долг временски период се опседнуваме со настани од минатото постои и опасност и благовремено да ја ,,подизгубиме,, здравата перспектива. Значи бавење со минатото не! Иднината исто треба да се планира ама спонтано и не опсесивно повторно нагласувам. Секогаш мора да се има план бе оти иднината е неизвесна категорија и можеме да се разочараме од зацртаните цели. Затоа сегашноста е убаво место за живеење. И не за џабе е речено ,,Се во свое време,,.Далеку од корисно или практично е кога мозокот ни лета било во минатото било во иднината.