Мизогинијата денес

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.513
Сте се фатиле за физичката сила, како да е тоа единствената особина на добар војник/полицаец. Па не е све во физикусот, менталниот склоп и интелигенцијата и те како имаат улога и во таа професија. Жената не би можела да му парира на физички способен маж во тепачка, без употреба на ладно или огнено оружје, но и те како може да биде еднакво добар стрелец како мажите. И дека може да имаат еднаква желба и жар за борбеност, победа и успех и те како можат. Не може да ги поистоветуваш борбените перформанси со машкоста. Успехот во војна не е резултат на машката сила и храброста, туку на воена тактика, развиена преку обука, учење, вежби. Тоа нема врска со полот.

Да не зборам дека и сите мажи не се еднакво физички спремни. И меѓу нив има физички послаби кои многу лесно може да бидат мета на агресорот.

Али да, можеби физичките перформанси кои се бараат од мажите и жените војници/полицајци, треба да бидат еднакви. Но исто така еднакви треба да бидат и менталните перформанси. Да се постави одреден минимум и секој кој што ги исполнува барањата, да си биде полицаец/војник. Така би се заштитиле од овие глупи муабети дека на жените не им е местото во војна затоа што се физички послаби.
Факт е дека сте послаби, и не те разбирам зошто трошиш енергија да ме убедиш во спротивното.
Интелигенцијата е уште едно поле кое е многу контраверзно што би рекла @Darling, немам толку време да се расправам и за ова ;)
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.445
Поени од реакции
11.321

Не се обидувам да те убедам во ништо, ниту пак намерно да ти контрирам. Едноставно се спротиставувам на твоето тврдење дека на жената не и е местото во војската и полицијата.

На жената во 21 ви век не и е местото покрај агресивен, насилен и ограничен маж со мизогинистички и шовинистички сфаќања. А местото во секоја друга сфера од општеството, може и умее сама да си го обезбеди, благодарение на своите психофизички квалитети.
 
Член од
30 јануари 2022
Мислења
109
Поени од реакции
224
Не се обидувам да те убедам во ништо, ниту пак намерно да ти контрирам. Едноставно се спротиставувам на твоето тврдење дека на жената не и е местото во војската и полицијата.

На жената во 21 ви век не и е местото покрај агресивен, насилен и ограничен маж со мизогинистички и шовинистички сфаќања. А местото во секоја друга сфера од општеството, може и умее сама да си го одреди, благодарение на своите квалитети.
Ти даваат линк како на неписмена во кој јасно и гласно е кажано дека жените во услови на борба се повеќе liability отколку advantage, ама нема врска, ти како папагал без мислење ќе си го изрецитираш својот дел. Да, на жената не и место во војска или полиција, затоа што физички е послаба, поспора и и треба повеќе време да реагира.

Ама нема врска, битно е да мантраме дека жените можат да се вклопат во сите сфери од општеството, и разликите помеѓу утерусот и фалусот ќе исчезнат со описменувањето и гасификацијата.

Страшна работа, абе страшна работа. Наместо да се размислува, се декламираат бесмислени флоскули и тоа се вика дискусија.
 
wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.665
Поени од реакции
34.114
ако се појави било какво женско во просторија ја меркаат, ајде тоа не е нешто, ама муабетите после lele brad ama bigo svirnal u usta na ovaa ima dase trese mehehe се тие...
Ke moze da razgranicis samo dali izustuvanjeto e problemot? Primer ako istoto napisano si go pomislis vo glava mesto na glas so kolega? Dali toa pravi nekogo podobar covek? Dali ako znaes deka si asshole si less of an asshole?

Единствен спас од сексуалното предаторство во општеството и за мажи и за жени е среќен и складен моногамен брак. Едноставно е како да си симнал вреќа цемент од грб, надвор си од игри и игрици не се замараш, нема притисок :angel:

доаѓаат години каде човек треба да се свести.
Не мора да биде викторијански лик или нешто такво, ама да има барем малку себепознавање и самоконтрола би било добро. Барем денес има услови за тоа.
Se ubi respecting wahmen periodov, zena majka zena kraljica, angeli koi postojat za obozavanje no kade so vakvi picka (namerno izbran zborot picka oti navodno ti e triger i nevkusno) potezi:

одвреме навреме уз муабет со некоја типка на нет ќе ми прати слики без да барам, колку да пушти вода троа, не знам како оди таа динамика ама ете оди.
Јас праќам мои слики и во случај да има комплименти знам дека сум во одлична ситуација :angel:
Потоа следи муабет дека сум сепак зафатен и блок и ај чао.
Mi se zgadi od sabajle. :)

Monogamen brak cementot na opstestvoto, moralniot kompas na mazite stolbot na civiliziranoto opstestvo, samokontrola na zelbi level princot buda - no na krajot na denot chatuvanje i zaveduvanje nekoja random devojka pomlada od tebe i tinkanje na istoto dur si hranis slabostite i nesigurnostite a zena ti koja te krenala od bolnicki krevet spie so decata vo nekoe selce kaj nema ni boom tv samo oti na mazot mu skurcil zapadniot zivot kade seksot prodava. Dali ako istoto ti go pravi ona se prasuvam olku ke prodolzis da gi cenis i vospevas zenite? Ili nedaj boze ako ne bese indebted to her, kolku ke tinkase na strana?

Vprocem, na mesto prasanje bidejki imas izjaveno deka ti se gadi od porno akterki i kako samite nivni mazi mozele da gi pleskaat koga, citiram "iljadnici" bile vo niv. Cudno, ne prasa istoto za maski porno akteri vo seriozni vrski, i dali mozat zenite doma da gi sakaat odkoga bile i oni vo "iljadnici". Pretpostavuvam koga si masko ne e olkav problem, vo moralniot department, za tebe.

You cannot ride the high horse and eat it.
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.445
Поени од реакции
11.321
Ти даваат линк како на неписмена во кој јасно и гласно е кажано дека жените во услови на борба се повеќе liability отколку advantage, ама нема врска, ти како папагал без мислење ќе си го изрецитираш својот дел. Да, на жената не и место во војска или полиција, затоа што физички е послаба, поспора и и треба повеќе време да реагира.

Ама нема врска, битно е да мантраме дека жените можат да се вклопат во сите сфери од општеството, и разликата помеѓу утерусот и фалусот ќе исчезне со описменувањето и гасификацијата.

Страшна работа, абе страшна работа. Наместо да се размислува, се декламираат бесмислени флоскули и тоа се вика дискусија.
Ова е класична мизогинија.
Ти мене ме нарече неписмена затоа што сум жена.

Прости ми ама одамна имам раскрстено дискусии со ликови како тебе. Ужасно ме иритира кога соговорникот со цел да поентира во дискусија ме омаловажува и потценува заради моето различно мислење, а уште повеќе па заради тоа што сум жена.

Дека жената од биолошки аспект е послаба од мажот е неоспорив факт, но ако е психофизички спремна и ако ги исполнува сите критериуми кои се бараат од неа, местото и е во првите борбени редови со нејзините колеги мажи. Знам дека го боли твоето машко его, ама така е. Тоа е еднаквост и рамноправност.
 
курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.860
Поени од реакции
50.277

Секогаш ќе се најде маж што посрпемен од таа жена што ги задоволоува критериумите. За да се удоволи на жената што сака да е војник треба да се интервенира или во селекцијата или во критериумите, а интервенцијата во тие работи го става во прашање и процесот и резултатот и плус е опасно по живот за сите.
Самата живееш во оштество водено од квоти и клучови, не треба многу за да го увидиш резултатот, само треба инаетот да го ставиш на пауза 2 минути.
 
Гледаш, во тоа е проблемот. Те нареков неписмена не затоа што си жена, туку затоа што одбиваш да се соочиш со фактитете. И маж да беше, повторно така ќе го наречев, само без а на крајот. Ако тресиш глупости, тогаш тресиш глупости, без разлика дали си маж или жена. Не го потценувам твоето мислење затоа што е од жена, туку затоа што е глупо.

И повторно продолжуваш да тресиш глупости. Не знам како не можеш да собериш 2 и 2. Ако била жената психофизички спреман требала да биде во првите борбени редови. Не знам како да ти објаснам, најпсихофизички спремната жена не може физички да се носи со просечно спремен маж. Тоа не е мизигонија, тоа е соочување со реалноста. Серена и Венус Вилијамс во топ форма еднаш се пробаа да играат тенис со тенисер кој во тој момент беше надвор од топ 200, полуалкохоличар. И не можеа да му земат повеќе од два гема во сет.

Ќе се тепа една жена во борба со ножеви со врвно спремен маж?

Зошто морате да бидете апсурдни?
 
Последно уредено:
Член од
3 мај 2019
Мислења
19.373
Поени од реакции
10.277
Ова е класична мизогинија.
Ти мене ме нарече неписмена затоа што сум жена.

Прости ми ама одамна имам раскрстено дискусии со ликови како тебе. Ужасно ме иритира кога соговорникот со цел да поентира во дискусија ме омаловажува и потценува заради моето различно мислење, а уште повеќе па заради тоа што сум жена.

Дека жената од биолошки аспект е послаба од мажот е неоспорив факт, но ако е психофизички спремна и ако ги исполнува сите критериуми кои се бараат од неа, местото и е во првите борбени редови со нејзините колеги мажи. Знам дека го боли твоето машко его, ама така е. Тоа е еднаквост и рамноправност.
Жена во први борбени редови со колеги:tapp:...епа претеруваш веќе.
Биди во ров со нив еден месец, групно ќе те силуваат..мажите се како животни кога ќе им удри сперма у глава.
Што нема да прочитам уште.:facepalm:
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.445
Поени од реакции
11.321
Секогаш ќе се најде маж што посрпемен од таа жена што ги задоволоува критериумите. За да се удоволи на жената што сака да е војник треба да се интервенира или во селекцијата или во критериумите, а интервенцијата во тие работи го става во прашање и процесот и резултатот и плус е опасно по живот за сите.
Самата живееш во оштество водено од квоти и клучови, не треба многу за да го увидиш резултатот, само треба инаетот да го ставиш на пауза 2 минути.
Секогаш ќе се најде и поспремен маж од најспремниот маж во рамките на една единица. Силата, храброста, тактиката, тоа е индивидуално.

Не знам зошто добивате впечаток дека се инаетам кога си го бранам моето мислење и го крепам со аргументи. Ако жената ги исполнува критериумите кои се бараат од неа за да биде дел од една војска, зошто да не е така? Затоа што е жена?

Гледаш, во тоа е проблемот. Те нареков неписмена не затоа што си жена, туку затоа што одбиваш да се соочиш со фактитете. И маж да беше, повторно така ќе го наречев, само без а на крајот. Ако тресиш глупости, тогаш тресиш глупости, без разлика дали си маж или жена. Не го потценувам твоето мислење затоа што е од жена, туку затоа што е глупо.

И повторно продолжуваш да тресиш глупости. Не знам како не можеш да собериш 2 и 2. Ако била жената психофизички спреман требала да биде во првите борбени редови. Не знам како да ти објаснам, најпсихофизички спремната жена не може физички да се носи со просечно спремен маж. Тоа не е мизигонија, тоа е соочување со реалноста. Серена и Венус Вилијамс во топ форма еднаш се пробаа да играат тенис со тенисер кој во тој момент беше надвор од топ 200, полуалкохоличар. и не можеа да му земат повеќе од два гема во сет.

Ќе се тепа една жена во борба со ножеви со врвно спремен маж?

Зошто морате да бидете апсурдни?
Види, едноставно не сакам да комуницирам со мажи кои ме потценуваат во дискусијата. Ако продолжиш да ми се обраќаш на начинот на кој што ми се обраќаш ќе бидам принудена да те игнориран. А, ако умееш да си го скротиш темпераментот и да разговораш со мене како што се разговара со човек, и да ми се спротиставиш на начин на кој што му доликува на еден интелектуалец, може да разговараме, немам никаков проблем со тоа. Интелектуално уништи ме, ама не со глупи фрази од типот 'тресиш глупости', 'папагал си', ваква си-таква си.

Жените и те како имале придонес во првата и втората светска војна. Советскиот сојуз посебно правел мобилиазција на жените во всв. Околу 800 000 жени пријавени за време на војната во црвената армија, за повеќе од пола од нив да учевствуваат во првите борбени редови. Советските жени учевствувале како снајперисти, возачи на тенкови, пилоти итн. Прочитај си за Људмила Павличенко и кажи ми дека жените не може да се борат затоа што се жени.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.513
Не се обидувам да те убедам во ништо, ниту пак намерно да ти контрирам. Едноставно се спротиставувам на твоето тврдење дека на жената не и е местото во војската и полицијата.

На жената во 21 ви век не и е местото покрај агресивен, насилен и ограничен маж со мизогинистички и шовинистички сфаќања. А местото во секоја друга сфера од општеството, може и умее сама да си го обезбеди, благодарение на своите психофизички квалитети.
Не и е со намалени критериуми, и дефинитивно не смее да биде задолжителен процент, политиката што се наметнува во буквално секоја област за застапеност на: полови, етнички заедници, раси и тн.

Жени кои се физички поспособни од просечен маж се бројат на прсти.

Последниот пасус, никаде не викам дека и е покрај агресивен и насилен маж, само што местото не треба да и биде на позиции за кои што не е способна. Општеството треба да оди напред, а не да поставува слаби индивидуи кои ќе го влечат назад.
 
Член од
30 јануари 2022
Мислења
109
Поени од реакции
224
Жените и те како имале придонес во првата и втората светска војна. Советскиот сојуз посебно правел мобилиазција на жените во всв. Околу 800 000 жени пријавени за време на војната во црвената армија, за повеќе од пола од нив да учевствуваат во првите борбени редови. Советските жени учевствувале како снајперисти, возачи на тенкови, пилоти итн. Прочитај си за Људмила Павличенко и кажи ми дека жените не може да се борат затоа што се жени.
Тоа е замена на тезите. Никаде не напишав дека жените не можат да бидат корисни за време на војна. Втората светска војна, посебно во Русија е тотална војна. Војна за истребување или преживување. Во таква војна буквално сите учествуваат и помагаат на свој начин.

Но тоа воопшто не е дискусијата. Денешните војски се професионални, барем оние делови кои се сметаат за елитни. Таму се бараат врвни псохофизички перформанси, и тука мажите секогаш ќе бидат супериорни. Нема никаква причина една елитна професионална единица да има жени, затоа што и најспремната жена дебело ќе заостанува зад просечно спремен маж и на тој начин негативно ќе влијае на целата единица. Толку е просто ова.
Автоматски споено мислење:

Жени кои се физички поспособни од просечен маж се бројат на прсти.
Всушност, ги нема. Разликата во физичката сила помеќу маж и жена во суштина е огромна. Вака како што сум сега, тотално онемоќен од ковидот кој го прележав, ќе ја нокаутирам било која жена која има вежбано боречки вештини за помалку од минута.

Ова е слика од Серена со мажот и. Серена е една од физички најдоминантните жени кои јас сум ги видел во животот. Мажот и е генерално слабичок, и во светот на мажите не поминува како физички доминантен. И видете дури и тој делува корпулентен спрема Серена и физички доминантен.

serena-williams-5.jpg
 
Последно уредено:
Член од
13 април 2021
Мислења
3.445
Поени од реакции
11.321
Не и е со намалени критериуми, и дефинитивно не смее да биде задолжителен процент, политиката што се наметнува во буквално секоја област за застапеност на: полови, етнички заедници, раси и тн.
Па тоа го зборам Лестер, ама изгледа селективно ме читаш. Сум за изедначување на критериумите, сè со цел да не се потценува способноста на жените и да се исклучи потребата за вакви муабети.

Последниот пасус, никаде не викам дека и е покрај агресивен и насилен маж, само што местото не треба да и биде на позиции за кои што не е способна. Општеството треба да оди напред, а не да поставува слаби индивидуи кои ќе го влечат назад.
Не викам ни јас дека местото на жената треба да и биде на позиции за коишто не е способна, туку дека ако жената е способна за таа позиција не гледам проблем зошто да не биде поставена на истата?! Затоа што е жена ли?!

Тоа е замена на тезите. Никаде не напишав дека жените не можат да бидат корисни за време на војна. Втората светска војна, посебно во Русија е тотална војна. Војна за истребување или преживување. Во таква војна буквално сите учествуваат и помагаат на свој начин.

Но тоа воопшто не е дискусијата. Денешните војски се професионални, барем оние делови кои се сметаат за елитни. Таму се бараат врвни псохофизички перформанси, и тука мажите секогаш ќе бидат супериорни. Нема никаква причина една елитна професионална единица да има жени, затоа што и најспремната жена дебело ќе заостанува зад просечно спремен маж и на тој начин негативно ќе влијае на целата единица. Толку е просто ова.
Хм, ако можеле во Советска Русија, се прашувам зошто не би можеле денес кога се е автоматизирано, механизирано, компјутеризирано?!

Просечно спремен маж дебело ќе заостанува зад најспремниот маж и тоа ќе влијае лошо на цела единица. Дали тоа значи дека ниту просечни мажи не треба да бидат дел од армија? Види перфекционизмот е лоша работа. Општеството е синергија од различни продукти и токму заради тоа едни се издвојуваат во однос на други. Но и за тоа постојат решенија. Секој да си одговара според заслугата и во согласност со своите можности да си биде поставен на одредена позиција. Жена снајперист, зошто да не? Ако ги исполнува критериумите? Жена рудар, зошто да не? Жена пилот, зошто да не? Жена автомеханичар, зошто да не? По вашите муабети ниту една професија не останува за жените (освен домаќинка, шивачка, шминкерка, козметичарка, куварка....упс и тука мажите се подобри, нели?). :)

Секој според своите заслуги, независно од полот.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom