Мизогинијата денес

Член од
28 декември 2015
Мислења
3.378
Поени од реакции
5.840
До некаде инспириран од цитираното од @Darling на другата тема и од вчерашната случка со Мејсон Гринвуд (кој не знае за што станува збор нек оди во фан-клуб Манчестер Јунајтед :D ) и од дел од коментарите на темите за порњава и Премиер лига со неизоставните хехенца, ме наведоа да ја отворам темава за денешната Мизогинија во светот, во оваа нова 2022.

Иако легалистички рамноправни, во јавниот наратив и дискурс сеуште постојат етикетите и погрдните називи, сеуште секоја жена е курва (освен мајката на оној што тоа го тврди), мажите биле жртви на страшната лукавост на жените кои немале емоции туку чиста логика како се чеда на Спок, калкулации, превари, симулации и што све не, се припишуваат како биолошки неизоставен дел од женскиот пол.
На форумов, како и во ИРЛ се тераат истите муабети како жените биле големо иако нужно зло, сите биле ороспии само вребале прилика и не знам што.
Има повеќе теми каде учесниците ја потенцираат супериорноста на мажите во одредено поле на делување.
Морално-етичките двојни стандарди сеуште се присутни, кој знае зошто би било добро да појасни бидејќи јас немам одговор.

Парадоксално, канцел, воук и транџа културата им направија мечкина услуга на жените.
Под маската на еднаквост или рамноправност, се случува најголема деградација на жените од WW2 до денес.
Не само што ќе бидат истиснати од многу полиња од страна на мажи кои не се доволно добри за да се натпреваруваат со други мажи, и не е тоа ограничено само на спорт, туку имаме и можност за силувања и педофилија кои ќе поминат неказнето, затоа што не е политички коректно да се казни силувач маж кој ете.......се осеќал како жена и така надрвен влегол во женска соблекувална.
Тука е и физичкото насилство кое сеуште е присутно во голема мера.

Како и сите луѓе, така и кај мене ставовите се резултат на искуствата низ животот, а бидејќи веќе сум "во години" имам повеќе искуство од многу членови кои се скоро двојно помлади и немале прилика да доживеат некои ситуации.
Сосема субјективно, имајќи предвид дека сум сеуште симпатичен лик, меѓу најраните сеќавања ми се штипкања по образи и галење по коса од страна на тетки, стрини, комшивки, подоцна муабети кога ќе сум пораснел ќе ме земале за зет :angel:, однесувањето на првите симпатии во основно, подоцнежните врски (освен еден случај) па се до денешната брачна состојба.
Моментите кога некоја те држи за рака пред операција цел божји ден и те смирува, патем смирувајќи ги и своите анксиозности, кога ти кажува цело време пред евентуален кобен исход дека и се допаѓам до таа мера што не знае како тоа да го изрази со зборови, кога јас на штаки а таа со катетер се најдовме по игра на судбината ете меѓу смрдеата на душеците кои во ходникот на болницата, баш по фиромски, измачкани со фекалии, моч и повраќаници корнеа до небо, жената, денес 40 годишна ги одржа сите ветувања кои ми ги подари.
Знам дека имав среќа, можеби има нешто и во генерациска смисла, можеби има нешто во фактот што таа се има борено со смртта повеќе пати, но што и да е, не можам а да не ги почитувам жените, бидејќи во мојот живот играа и играат (обете денес) крајно позитивна и најубава можна улога.

Може тоа што сум разгален и воспитуван од жени во животов ме прави сосема субјективен бидејќи знам и за крајно спротивни ситуации, пример другарка чија мајка ја напушти без да и каже збогум и никогаш не ја контактираше после тоа, скроз исчезна од нејзиниот живот оставајќи куп комплекси и психолошки трауми.

Зошто сеуште во 2022 година постои страв и омраза кон жените?
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
До некаде инспириран од цитираното од @Darling на другата тема и од вчерашната случка со Мејсон Гринвуд (кој не знае за што станува збор нек оди во фан-клуб Манчестер Јунајтед :D ) и од дел од коментарите на темите за порњава и Премиер лига со неизоставните хехенца, ме наведоа да ја отворам темава за денешната Мизогинија во светот, во оваа нова 2022.
Има нешто што се вика "презумпција на невиност" односно секој е невин се додека не се докаже спротивното. Треба да се докаже неговата вина, а до тогаш може да си играме општество и едната група да фрла камења кон него, а другата да гради култ кон неговата личност и дело. Посебен проблем настанува кога е ослободен од сите обвиненија, духот е скршен, а ти сеуште се наоѓаш пред оштрицата на општеството. Нечесто самиот решаваш да ставиш крај на сѐ, а заминуваш со чиста совест.

Затоа без избрзани коментари за Гринвуд, може да се толкува наративот и односот на мажите кон овој случај, но реално треба да се пристапува со голема резерва и скепса. Нека се докаже неговата вина, па дури тогаш може да го фрлиме под воз.

И што е ова "феминизмот го возвраќа ударот"? Жената е деградирани од WWII, а мажите гинат на секој фронт. Знам дека СССР имале авијациска единица составена само од жени, на која Сталин жестоко се спротивставувал. Ама нејголемата жртва во војните ја дале мажите (пр. WWI и Србија). Жената, денес, е рамноправна по секој стадиум, по секое начело и по секое право. И не само тоа, има и одредени (правни) привилегии. Каде е дискриминирана?

Воук и елџибитизмот направија огромни штети за положбата на жената во општеството. Веќе не знаеме да дефинираме "жена", инаку ќе повредиме нечиви чувства, и разликуваме психолошка од биолошка жена, и тоа психолошката предничи! Жена е секоја која се чувствува како жена! Бре! Така имаш некои нови концепти како "сејф спејс", а дозволуваш мажи во женски пресоблекувални! Се залагаш за еднаквост, а допушташ мажи да се натпреваруваат во женски атлетски дисциплини! Тоа не е мечкина услуга, туку мечкина стапица. И знаеш дека најголемиот број на млади жени (миленијалс), во САД, немаат проблем со ова!

Додека имаш промотор(к)и на rape culture ќе имаш и обратни општествени феномени кои се борат против тој идеал поставен на лажни постулати. :noze:
 
SkimSkam

Full Stack Говнар
Член од
26 август 2021
Мислења
2.119
Поени од реакции
5.667
Значи немојте у ист кош да ставате порно индустрија и агресија према жени од типот на моронот Мејсон Гринвуд. Учеството во порно индустријата е самоволна одлука. Станува збор за начин на заработка, забава, потреба од егзибиционизам. Тоа вас што не ви е тоа забава, е апсолутно ваш проблем.
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.107
Поени од реакции
10.406
Кога ќе прочитам дека денес жената била рамноправна по сите начела и као индиректно алудирајќи дека нема потреба за темава, ми доаѓа да му излезам од екранот на тој што го пишува тоа и онака да го штипнам два три пати за да се разбуди од убавиот сон и да се сети каде се наоѓа. Можеби интелектуално рамноправна на овие простори (ја би рекла донекаде, затоа што се уште немаме доволно жени на водечки позиции), но дали е морално рамноправна се прашувам?! Велам на овие простори затоа што постојат жени во светот (читај Африка, Азија, блискиот исток) кои и ден денес не уживаат многу од основните човекови права и живеат скриени во сенката на нивните сопрузи, татковци, браќа.
Ние тука во Македонија, секојдневно имаме скандали за силувања, за јавни соби, за извиднички кампови, итн итн.
Навистина интересно, од една страна збориме лошо за западната култура, а од друга страна се согласуваме со нејзиното неприфаќање на мизогинијата како дел од современото општество. Да, реалноста е таа, мизогинијата секојдневно е толку присутна што каде и да се свртите секаде ја има, само е фино обликувана и спакувана во една така малку подискретна и пофина форма.

Сакале вие да признаете или не, најчести причини за мизогинија се 'трауми' од детството - мајка, сестра, прва љубов, итн. Подоцна во животот, мизогинијата само се прифаќа како еден вид штит, т.е одбранбен механизам и затоа најчесто таквите луѓе не можат да склопат ниту една нормална врска/брак/семејство (тоа му е заедничко на филозофите мизогинисти, темата што ја отворив пред една недела). Нормално дека постојат отстапки и ова не е пишано правило, ама повеќето случаи е така.
 
Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
13.245
Поени од реакции
27.593
Значи немојте у ист кош да ставате порно индустрија и агресија према жени од типот на моронот Мејсон Гринвуд. Учеството во порно индустријата е самоволна одлука. Станува збор за начин на заработка, забава, потреба од егзибиционизам. Тоа вас што не ви е тоа забава, е апсолутно ваш проблем.
make me.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Срцето ми прерипнува кога ќе прочитам дека некоја сакала да ме штипне. Дојди. :love:

Централните прашања не се сврзани за силувањето, кое е кривично дело, или за Јавна соба (каде се води истрага) или пак за скандалот за издидничкиот камп кој почнува да испливува на секоја тема и кој нема допирна точка со темава. А за застапеноста на жените во политиката, едно време со претходниот собраниски состав бевме 5-та или 6-та земја по застапеноста на жената во законодовното тело. Што се постигна со тоа? Дали имаше политички, општествен, граѓански, морален прогрес? Не. Уназадивме на секое поле. Светот оди напред, а ние не го држиме чекорот. Дали тоа е вина на жените? Не го велам тоа, проблемот е во политичкиот колективитет, пратениците гласаат по партиска линија и реално, Собранието во ваков политички концепт не ни е потребно. Не мора да има 90 пратеници, доволни се и 9, собраниските дебати никој не ги следи, дебатата е сведена на читање партиски дописки и преписки, технички и да нема опозиција и Собранието е протечен бојлер на сите закони кои ги предлага Владата. Не се сеќавам кога последен пат одреден закон бил вратен на доработка или да не бил изгласан. Исходот од секој закон предложен од Владата, која предлага 90% од законите, однапред се знае.

Мизогинијата е општествен феномен кој не може да се искорени. Прашање е до кој обем е присутна. Никаде не ја оспорив потребата од оваа темата, реков дека жената според секое начело е рамноправна и влегов во дебата која, разбирливо, не им се допаѓа на одредени феминистки. И да, ја изоставив порно индустријата затоа што се сложувам со @callejón de la muerte. :noze:
 
Член од
15 јуни 2013
Мислења
1.680
Поени од реакции
2.509
Бре, се научиле на два-три поими и се користат само кога ќе им одговара. Бркајте работа бе :tapp:
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.378
Поени од реакции
5.840
Има нешто што се вика "презумпција на невиност" односно секој е невин се додека не се докаже спротивното. Треба да се докаже неговата вина, а до тогаш може да си играме општество и едната група да фрла камења кон него, а другата да гради култ кон неговата личност и дело. Посебен проблем настанува кога е ослободен од сите обвиненија, духот е скршен, а ти сеуште се наоѓаш пред оштрицата на општеството. Нечесто самиот решаваш да ставиш крај на сѐ, а заминуваш со чиста совест.

Затоа без избрзани коментари за Гринвуд, може да се толкува наративот и односот на мажите кон овој случај, но реално треба да се пристапува со голема резерва и скепса. Нека се докаже неговата вина, па дури тогаш може да го фрлиме под воз.

И што е ова "феминизмот го возвраќа ударот"? Жената е деградирани од WWII, а мажите гинат на секој фронт. Знам дека СССР имале авијациска единица составена само од жени, на која Сталин жестоко се спротивставувал. Ама нејголемата жртва во војните ја дале мажите (пр. WWI и Србија). Жената, денес, е рамноправна по секој стадиум, по секое начело и по секое право. И не само тоа, има и одредени (правни) привилегии. Каде е дискриминирана?

Воук и елџибитизмот направија огромни штети за положбата на жената во општеството. Веќе не знаеме да дефинираме "жена", инаку ќе повредиме нечиви чувства, и разликуваме психолошка од биолошка жена, и тоа психолошката предничи! Жена е секоја која се чувствува како жена! Бре! Така имаш некои нови концепти како "сејф спејс", а дозволуваш мажи во женски пресоблекувални! Се залагаш за еднаквост, а допушташ мажи да се натпреваруваат во женски атлетски дисциплини! Тоа не е мечкина услуга, туку мечкина стапица. И знаеш дека најголемиот број на млади жени (миленијалс), во САД, немаат проблем со ова!

Додека имаш промотор(к)и на rape culture ќе имаш и обратни општествени феномени кои се борат против тој идеал поставен на лажни постулати. :noze:
Друг ми беше муабет, тоа што луѓе мислат дека мажите биле нешто привилегирани во минатото се во заблуда, може пар генерации најмногу и тоа од француска револуција понатаму ама тоа е друга тема.
Крепостен селанец и селанка или роб и робинка, половата дистинкција имала скромно учество во смисол дека жената ќе раѓа и ќе рмбачи а мажот ќе рмбачи и на места каде што се умира често.
Не се жени никаде легалнистички дискиминирани, ама во секојдневна комуникација особено со колеги веднаш ако се појави било какво женско во просторија ја меркаат, ајде тоа не е нешто, ама муабетите после lele brad ama bigo svirnal u usta na ovaa ima dase trese mehehe се тие...
Кога ќе помисли човек дека такви исти муабети ќе се случуваат и за ќерката што ја има, чиста језа.

Работата е во пецепцијата, веднаш, на прва, жена од било која возраст 15-50+ мнозинство мажи ја перцепираат како вагина па тек со тек на време, евентуално ќе видат човечко битие во неа.
Автоматски споено мислење:

Значи немојте у ист кош да ставате порно индустрија и агресија према жени од типот на моронот Мејсон Гринвуд. Учеството во порно индустријата е самоволна одлука. Станува збор за начин на заработка, забава, потреба од егзибиционизам. Тоа вас што не ви е тоа забава, е апсолутно ваш проблем.
Никој не тврди дека порњава и млатење на женска се едно те исто, но не е така едноставно како "порно е доброволна одлука", малку е посложено од тоа.
 
Последно уредено:
Член од
5 август 2007
Мислења
3.577
Поени од реакции
2.560
Можеби интелектуално рамноправна на овие простори (ја би рекла донекаде, затоа што се уште немаме доволно жени на водечки позиции), но дали е морално рамноправна се прашувам?!
Фактички за тебе жената ќе биди рамноправа ко ќе има доволно жени на водечки позиции? Или кога платата ќе му биде иста?
Знчи тебе ти е битно, во убавите работи да биди исто, а за другите не ве боли? Оти не викаш: Донекаде сме рамноправни, затоа што немаме доволно жени на водечки позиции, Армија, Полиција, Индустрија, градежништво... не можи да те свати некој дека сакаш правда, еднаквост, а си ја тераш водата на твојата воденица. Па после се чудите оти мажите имале фрустрации.
И не, фрустрациите не се од мајка, сестра или шо ти ја знам таму. Фрустраците во највеќе случаи (зборувам за нормални луѓе) извираат од тоа што, ние мажите, сакале или не, сме така скроени да чувствуваме потреба да ве заштитиме, и да ви доставиме храна, вода, покрив над главата и тн.. И не ми кажувај дека никој од нас тоа не го бара, пошо не сум слушнал до сега некоја да се пожала ради овие работи.(како што не се жала за гореспоменатите работи) И ова е огромен прихички (па и физички) терет за нас. И некогаш, ко ќе ни цапните на жулот (како што секој на секого можи да му цапни), знаеме дека не можиме да ве крениме на клоца (како што би кренале некој маж, или би не кренал сеедно), и се чуствуваме немоќни да го решиме проблемот, и оп ете ти фрустрација. Да биди поголем проблемов, грото од жените, поготово од западниов свет, сте свесни за ова, и го користите до посер.
Aко ти речев ми доаѓа да ми излезам од екранот и онака да те штипнам два три пати за да се разбудиш од убавиот сон и да се сетиш каде се наоѓаш. Ќе беше многу поинаку интерпретирано. И ќе бев одма со еден куп етикети излепен.

Јас разбирам, и застанувам зад сите жени што се жртви. Како во муслиманскиот свет, така и сопруги, ќерки на алкохоличари и тн... ама тие се жртви. И тука темата не е еднаквост, туку тука темата е насилство. Ова го пишувам, да не почните да ми лепите етикети.
 
Ој сироти изнамачени и напатени душички тие. Мора нон стоп да работите, за да ние бидиме заштитени, да имаме храна, вода и покрив над главата, затоа што нели ние сме неспобособни сами да си зарабитиме. Згора на тоа треба да не трпите нас и нашите каприци 24/7. :D

А сега сериозно...веќе имам зборено на темава, за мене еднаквоста ќе биде прифатлива тогаш кога мажот и жената ќе имаат еднакви шанси за избор на професија и напредок во кариертата, независно дали е тоа министерска позиција, професионален војник/офицер/генерал, полицаец/инспектор, медицинска сестра/доктор. Мене ме нервира поделбата на машки и женски професии. И не се согласувам со твоето излагање погоре дека само мажот треба финансиски да го издржува семејството. Верувај дека секој може да се занимава со било каква работа, независно од полот, туку од физичкиот и менталниот капацитет.
 
Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
13.245
Поени од реакции
27.593
Мене ме нервира поделбата на машки и женски професии. И не се согласувам со твоето излагање погоре дека само мажот треба финансиски да го издржува семејството. Верувај дека секој може да се занимава со било каква работа, независно од полот, туку од физичкиот и менталниот капацитет.
Da zaokruzime deka 99% od rudarite se mazi.
Rudarite se vrabotuvaat poradi fizicki kapacitet.
Mazite se fizicki posilni od zenite.

Dali moze da se zakluci deka ova e maska profesija bidejki mazite se prirodno pokompetentni vo nea?

(Zimam rudadi bidejki policija i vojska ke izvadi pogolem haos)

Nekoi raboti se ednostavno takvi kakvi sto se poradi nasata priroda.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom