- Член од
- 28 декември 2015
- Мислења
- 4.059
- Поени од реакции
- 6.540
До некаде инспириран од цитираното од @Darling на другата тема и од вчерашната случка со Мејсон Гринвуд (кој не знае за што станува збор нек оди во фан-клуб Манчестер Јунајтед ) и од дел од коментарите на темите за порњава и Премиер лига со неизоставните хехенца, ме наведоа да ја отворам темава за денешната Мизогинија во светот, во оваа нова 2022.
Иако легалистички рамноправни, во јавниот наратив и дискурс сеуште постојат етикетите и погрдните називи, сеуште секоја жена е курва (освен мајката на оној што тоа го тврди), мажите биле жртви на страшната лукавост на жените кои немале емоции туку чиста логика како се чеда на Спок, калкулации, превари, симулации и што све не, се припишуваат како биолошки неизоставен дел од женскиот пол.
На форумов, како и во ИРЛ се тераат истите муабети како жените биле големо иако нужно зло, сите биле ороспии само вребале прилика и не знам што.
Има повеќе теми каде учесниците ја потенцираат супериорноста на мажите во одредено поле на делување.
Морално-етичките двојни стандарди сеуште се присутни, кој знае зошто би било добро да појасни бидејќи јас немам одговор.
Парадоксално, канцел, воук и транџа културата им направија мечкина услуга на жените.
Под маската на еднаквост или рамноправност, се случува најголема деградација на жените од WW2 до денес.
Не само што ќе бидат истиснати од многу полиња од страна на мажи кои не се доволно добри за да се натпреваруваат со други мажи, и не е тоа ограничено само на спорт, туку имаме и можност за силувања и педофилија кои ќе поминат неказнето, затоа што не е политички коректно да се казни силувач маж кој ете.......се осеќал како жена и така надрвен влегол во женска соблекувална.
Тука е и физичкото насилство кое сеуште е присутно во голема мера.
Како и сите луѓе, така и кај мене ставовите се резултат на искуствата низ животот, а бидејќи веќе сум "во години" имам повеќе искуство од многу членови кои се скоро двојно помлади и немале прилика да доживеат некои ситуации.
Сосема субјективно, имајќи предвид дека сум сеуште симпатичен лик, меѓу најраните сеќавања ми се штипкања по образи и галење по коса од страна на тетки, стрини, комшивки, подоцна муабети кога ќе сум пораснел ќе ме земале за зет , однесувањето на првите симпатии во основно, подоцнежните врски (освен еден случај) па се до денешната брачна состојба.
Моментите кога некоја те држи за рака пред операција цел божји ден и те смирува, патем смирувајќи ги и своите анксиозности, кога ти кажува цело време пред евентуален кобен исход дека и се допаѓам до таа мера што не знае како тоа да го изрази со зборови, кога јас на штаки а таа со катетер се најдовме по игра на судбината ете меѓу смрдеата на душеците кои во ходникот на болницата, баш по фиромски, измачкани со фекалии, моч и повраќаници корнеа до небо, жената, денес 40 годишна ги одржа сите ветувања кои ми ги подари.
Знам дека имав среќа, можеби има нешто и во генерациска смисла, можеби има нешто во фактот што таа се има борено со смртта повеќе пати, но што и да е, не можам а да не ги почитувам жените, бидејќи во мојот живот играа и играат (обете денес) крајно позитивна и најубава можна улога.
Може тоа што сум разгален и воспитуван од жени во животов ме прави сосема субјективен бидејќи знам и за крајно спротивни ситуации, пример другарка чија мајка ја напушти без да и каже збогум и никогаш не ја контактираше после тоа, скроз исчезна од нејзиниот живот оставајќи куп комплекси и психолошки трауми.
Зошто сеуште во 2022 година постои страв и омраза кон жените?