Меѓународно движење против промена на името

H

HITCH

Гостин
Јас кога ти кажувам дека не сакам мојата држава да го промени името не сум лажен патриот!!!

Доколку услов за влез во ЕУ и НАТО е промена на уставното име, во тој случај не сакам да бидеме на иста маса со оние кои не принудиле да го менуваме името.

Jас плаќам даноци на оваа држава, исто како и секој друг граѓанин. Копилињата од ЕУ и НАТО не прават будали при здрав мозок, тие премногу скапо ни ја продаваат нивната поддршка. Не тераат да купиме оружје и да позајмиме пари од нив со одредена камата. На тој начин пропаѓа една држава. Епа, извини, ама јас не сакам мојата држава да тоне!

Не сум лажен партиот, оти чесно си ги плаќам давачките кон државата и во тој случај имам право да си го кажам моето мислење, а копиљаната која не води (сеедно дали е дпмне или сојузот) мора да го почитува и да го земе в предвид!
 

Macedonia>>Europe

Faster Than Light
Член од
6 јуни 2007
Мислења
2.582
Поени од реакции
836
Мора само да се умре, а договор со терористичка земја како гејлада не смее да се прави.
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
Smotan ti rekov sto pati, Makedonija ne e bogata i razviena zemja kako ovie zemji, zaradi toa mora da se integrira vo EU i NATO, za da stigna do nekade..

Ama pred se mora da se resi sporot so Grcija.

Јас би рекол дека ти си смотан, затоа што ем ти го цитирав мислењето ем пак не причита што си напишал.
Ти имаше напишано „Kako sekoja civilizirana zemja i Makedonija ke vleze vo NATО“. Јас ти кажав дека има цивилизирани земји надвор од НАТО.

А за решенија ти ги дадов смотанко, па бидејќи не читаш еве ги пак

- Да се тргне Република и да се викаме само Македонија
- Двојна формула, за цел свет Република Македонија за Грција тие како сакаат
- Грција да го смени името
- Двојна формула, нека останат Грција, а ние да ги викаме Гејлада
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: oon

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.584
Поени од реакции
87.914
ПОВЕЌЕ ОД ПОЛА СВЕТ НЕ ПРИЗНА ПОД УСТАВНОТО ИМЕ, И СЕГА ЈАС ДА ГО МЕНУВАМ ЗАРАДИ ЕДНА ДРЖАВА (ГЕЈЛАДА)!!!!!!!! НЕМА ШАНСИ!!!!!
НЕ СИ ГО МЕНУВАМ ИМЕТО НА МОЈАТА ДРЖАВА ПА ДА И ТОА МЕ КОШТАЛО НЕВЛЕГУВАЊЕ ВО ЕУ И НАТО. :oeoeoe:
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
ПОВЕЌЕ ОД ПОЛА СВЕТ НЕ ПРИЗНА ПОД УСТАВНОТО ИМЕ, И СЕГА ЈАС ДА ГО МЕНУВАМ ЗАРАДИ ЕДНА ДРЖАВА (ГЕЈЛАДА)!!!!!!!! НЕМА ШАНСИ!!!!!
НЕ СИ ГО МЕНУВАМ ИМЕТО НА МОЈАТА ДРЖАВА ПА ДА И ТОА МЕ КОШТАЛО НЕВЛЕГУВАЊЕ ВО ЕУ И НАТО. :oeoeoe:
Да те корегирам.
Нашето уставно име го признаваат околу 5,5 милијарди граѓани од светот, некаде над 80%.
Сето тоа во 131 земја или повеќе од две третини во ОН.
 
Член од
13 септември 2008
Мислења
556
Поени од реакции
307
дечки европа е во длабока заблуда дека е економски мокна.....мокта се преселува на исток и тоа сватете го како сонце а ние треба да кружиме околу сонцето а не околу темната страна на месечината (европа) имам пријатели во турција и иран, бтв вчера турција ја подржа иранската нуклеарна програма и полека се свртува кон муслиманскиот свет, јас лично несакам во ЕУ и НАТО ако не условуваат за мене само Македонија има.....додека видат нашите политичари дека излез може да барат и на исток.....а за тоа првенствено ни е потребно брз транспорт кон исток односно брза реализација на коридорот 8 и автопат и железница со што би се поврзале кон Софија а потоа на Црното Море...тоа треба да ни е приоритет.....кои ресурси ги има европа (освен Германија)....она е во длабока криза само се шибат во гради а во рамките на светот го губат влијанието и мокта.....знам дека се ретки тие со слично мислење но јас ке си стојам на него...

ееее сеа ако некоаш нашиве политичарчиња се дрзнат да сменат од името тешко нас.....е сеа ако направат некој компромис на пример со некоја одредница ај да речеме Северна (недај боже) тогаш треба да се притисне и грчката област со исто име (мамето нивно) да смени од името македонија значи и тие би требало да ја сменат во Јужна или Поморска.......оти нели тогаш они би победиле и би имале предност а ние ке се испотепаме сами и нема да постоиме...........едно знам мора само да се умре јас името не го давам и не сум лажен патриот ако сакам мојата земја да се вика како сме се договориле МАКЕДОНИЈА, и кој и да не убедува дека сме измислена нација и такви глупости најважно е што МОМЕНТАЛНО се чувствуваш оти идентитетот го свакам како моментално чувство без разлика на моите корени јас се чувствувам Македонец и никој неможе да ми го земе тоа.......да живеее Македонија брака и сестри
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Јас гледам дека НАТО и ЕУ се отидени јабана и дека други организации добиваат на значение.
Е сега што Македонија поради нашите политички елити длабоко е заглавена во еу и нато задникот та на секое поместување ние предизвикуваме реакција е проблем за кој решение е хируршки зафат.
Нема промена на име, Македонија членка на источните безбедносни и економски системи.
И така наскоро најголем инвеститор во Европа ќе биде Кина.

--- надополнето ---

Кај грците и нивната грчка политика, немаш европјани да ти перат мозок по државата туку синхронизирани чекори кои имаат единствена цел, придобивање на античката историја на Македонија.
Ако ја придобиеш истата и ако ја преставиш твојата вистина за Македонија, ти тогаш имаш право на истата.
Геноцидот во 19 и 20 век тогаш не е геноцид туку ослободување на територија од словенското население.

ЕВе ја веста која беше повод на мојот коментар.

Грција ќе ја раскажува „вистината“ за Александар во „Лувр“

Грците водат засилена антимакедонска кампања, најавувајќи ја големата изложба „Античка Македонија: Кралството на Александар Велики“, која ќе биде отворена во октомври во најголемите светски музеј - париски „Лувр“. Иако октомври е далеку, подготовките за изложбата се приведуваат кон крај, експонатите се подготвени да ја напуштат Грција, но сето тоа не поминува и без провокациите дека „Александар е Грк“ и дека „светот треба конечно да го дознае тоа“.

Целиот текст:
http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=12211759564&id=9&setIzdanie=22187
 
Член од
8 август 2008
Мислења
1.309
Поени од реакции
151
баш за тие таквите зборев дечко послушници од опозицијата кои сакате да перете мозок а уствари немате и самите ајде марш оттука за вас нема место на форумов...........ти смени си го името може.....ни за менување тука не зборуваме ако не забележа


.....до александров-акис
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.588
Што е паметно во спорот со Грција

Македонија да се одлучи дали ќе го примени моето правно средство, или она на Игор Јанев.

Заради тоа што правото на самоопределување е ius cogens, а Меѓународниот суд на правдата во случајот „Источен Тимор“ 1995 година веќе одлучи дека правото на самоопределување важи еrga omnes.


Значи, Грција знае дека ќе загуби. Затоа траат толку преговорите.

Авторот е адвокат и судски преведувач
Автор: Марјан Попески

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=151196187&id=13&prilog=0&setIzdanie=22175
Грчка лажга

...Како што грешат жените што сакаат да имаат деца, кога повеќе се интересираат за деца, отколку за мажи, така и Македонија греши кога повеќе се интересира за НАТО и за ЕУ, отколку за меѓународното иус цогенс.

...Tака и мене ми стана јасно дека народот не знае што е иус цогенс. ... Па еве една слика за иус цогенс. Грк и Македонец се договараат, Гркот да му даде милион долари на Македонецот. Овој има 15 години да ужива во трошењето и потоа треба да се обеси. Македонецот се изнауживал 15 години, ги потрошил сите пари, дури направил и солидна мала фирма што му носела пристојни приходи. Бидејќи не се обесил, Гркот го потсетил на договорената обврска. Овој не сакал да се обеси. Гркот не може да го тужи и да бара судот да му наложи да се обеси. Доколку ја направи таа глупост, тој ќе биде обвинет за кривично дело поттикнување самоубиство и ќе заврши во затвор.

Така и Македонија: иако со Привремената согласност е договорено да се обеси (компромис), правото на самоопределување е иус цогенс и има дејство ерга омнес (спрема сите), па како што судот ќе ја одбие тужбата на Гркот што дал милион долари за самоубиство и ќе биде ставен во затвор, така и Грција, доколку ја тужи Македонија за да си го смени името, ќе биде одбиена.

Иус цогенс во меѓународното право се појавува за прв пат во 1969 година во Виенската конвенција за договорно право, која стапи во сила 1980 година. Сé ми се чини дека светот по најголемата кланица, Втората светска војна, сфати колку е битно меѓународните договори да се правични, па некои меѓународни норми ги прогласи за иус цогенс, односно норми за кои не може да се преговара.

Поучен пример е Версајскиот договор, на кој Хитлер („Мојата борба“) гледа вака: „Ако таквото политичко угнетување и економскиот грабеж траат 10-20 години, тие би можеле да ја уништат и најсилната држава. И токму на тој начин, целта на Франција би била постигната“.

Таквото тврдење денес е афирмирано во британски учебник за дипломатија од највисока класа: „Грешките направени во Версајскиот мировен договор, Харалд Николсон делумно му ги припиша на американскиот претседател Вудро Вилсон заради тоа што донел одлука лично да учествува на тоа ‘историско фијаско од прв ред’“ (Џ.Р.Бериџ, „ДИПЛОМАТИЈА теорија и практика“, српски превод, Белград, 2008, страница 254-255).

Поминаа 20 години, а Македонија сé уште не е уништена, што ги надмина сите очекувања. Но лажгата од почетокот на текстов и долгото јаже ја поттикнаа Владата да го употреби јажето. Поднесе тужба за исполнување, наместо тужба за ништавност поради прекршување на иус цогенс. Бидејќи Виенската конвенција нема одредби за дејството на иус цогенс, судот не внимава по службена должност на ништавноста, туку Македонија треба да вложи прејудициелна деклараторна тужба за ништавност на Привремената согласност. Така ќе биде спасена честа на тие што ја вложија тужбата и задоволена суетата на десната влада.

Доколку победи мојата прејудициелна тужба: спас за Македонија и опрост за тужбата на Владата. Доколку загуби мојата прејудициелна тужба, продолжува тужбата на Владата.

... Европа е живо заинтересирана да ја уништи УДБОМАФИЈАТА. Поради тоа, УДБОМАФИЈАТА „плива помеѓу Сцила и Карибда“, мора да фати таква рамнотежа, за Европа да дојде во Македонија со нејзино посредување. Ова е најголемата слабост на УДБОМАФИЈАТА, која Македонија треба да ја искористи. Како прво, треба да и се каже на Европа дека: „Кој поставува кози за градинари, тоа не го прави поради тоа што се поправиле, туку бидејќи му е потребен нивниот know-how’’.

...И за крај: најкратко логички да го докажам овој текст.

Тужбата на Владата ја крши логичната доследност во форма на игноратио еленцхи (непознавање на спорната точка). Оваа грешка ја прават оние што немаат чувство за тоа што е најважно. Владата смета дека најважно е Грција да не ја попречува Македонија во зачленувањето. Јас сметам дека најважно е иус цогенс. Доколку сум во право дека правото на самоопределување важи ерга омнес, тоа значи по пресудата на Меѓународниот суд на правдата ќе мора и членките на ЕУ да нé признат како и оние 129 држави.

Авторот е адвокат и судски преведувач Автор: Марјан Попески
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=1241191437&id=13&setIzdanie=
 
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.824
Поени од реакции
6.093
^ Добар е текстов, само неможе да бидеме сигурни дека пресудата на меѓународниот суд на правдата ќе биде ние како што сакаме, односно нивно образложение би било дека правото на самоопределување не ни е ограничено нас, определени сме како Македонци (самоопределување на нација како Македонска), а дека името на државата не е опфатено со тоа право. Во секој случај, не би било лошо да се проба, и покрај тоа што знаеме дека се носат и политички одлуки
 
Член од
8 август 2008
Мислења
1.309
Поени од реакции
151
misirkov i jas na dvapati go citam covekov ma kade bese do sega i dali e veke docna...........
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.386
Поени од реакции
8.494
Името да се избори правно, а не политички

Ова не е нов став на Јанев, доктор на правни науки од областа на меѓународното право, кој од почетокот на спорот тврди дека преговорите, кои се без правна основа, треба да се прекинат. Оваа теза тој неодамна ја објави во Ревијата за меѓународни односи




Игор Јанев - Институт за политички науки во Белград
Без разлика дали Македонија прифатила да преговара за името или не, Повелбата на ОН (членот 4 вели дека членството во ОН е отворено за сите мирољубиви држави што ќе ги прифатат меѓународните обврски и ќе ги извршуваат) е прекршена токму од органите на ООН, посочува Игор Јанев, доктор на правни науки од областа на меѓународното право, кој од почетокот на спорот вели дека е потребна правна разврска и оти преговорите за името се дополнителен услов, надвор од вообичаените за прием во ОН.

За ова Јанев неодамна пишуваше и во Ревијата за меѓународни односи, српско издание со меѓународни рецензенти.

- Прекршување на Повелбата на ОН е направена прво од Советот за безбедност, а потоа и од Генералното собрание, кога овие органи гласале за дополнителните услови за приемот во светската организација, што е спротивно на советодавното мислење дадено од Меѓународниот суд за правдата од 1948 година (мислење со кое не се дозволуваат дополнителни услови за прием на земја во ОН, надвор од оние пропишани во Повелбата на светската организација) - констатира професорот Јанев во својот труд, насловен „Правна рамка за советодавно мислење на Меѓународниот суд на правдата во случајот поврзан со приемот на Македонија во Обединетите нации“, објавен деновиве.

Јанев посочува дека при приемот на Македонија во ООН, на државата и се поставени два нелегални дополнителни услови.

- Прв услов е обврската за реферирање и втор услов е обврската за преговарање за сопствениот правен идентитет. Тоа е надвор од Повелбата, и за тоа нема правна основа - смета Јанев.

Во меѓувреме ситуацијата на правен план се менува, односно под уставното име државава ја признаа 131 земја, што значи дека Македонија има две третини мнозинство да поведе иницијатива во Генералното собрание на Обединетите нации.

Сега, според професорот Јанев, Владата треба да ги повика сите неврзани земји, со циркуларни писма, да го користат нашето уставно име наместо референцата, која е нелегална.

- На овој начин можеме да собереме уште 10-15 земји што би прифатиле да го користат уставното име. Потоа, сé што треба е да се поведе постапка преку Генералното собрание на светската организација за добивање советодавното мислење од Меѓународниот суд во Хаг за законитоста на дополнителните услови при приемот на Македонија во ОН, како и за нејзините членски обврски што произлегле од таквите услови - изјавува Јанев.

Професорот укажува дека мислењето потоа би било обврзувачко за органите на ОН.
- Нелегалната референца од страна на Генералното собрание на ООН би била заменета со уставното име, почитувајќи го принципот на самоопределување на сопствен правен идентитет - констатира Јанев.

Момент е за правна разврска
Дали сега, со оглед на бројноста на земјите што нé признале под уставното име, е соодветен момент да се поведе постапка во Генералното собрание на ОН за прашањето со името?
Да, сега е соодветен момент да се поведе барање за процена на легалитетот на нелегалните дополнителни услови. Советодавното мислење за дополнителните услови, по разгледувањето во Меѓународниот суд на правдата, треба да биде прифатено или отфрлено од Генералното собрание на ООН. Во случај на Македонија, советодавното мислење што се прифаќа и кое без сомнение ќе биде прифатено од Генералното собрание ќе има обврзувачки ефекти врз органите на ООН. Генералното собрание ќе мора да ја смени деноминацијата БЈРМ со уставното име, бидејќи оваа референца ќе биде третирана за нелегална. Понатаму сите други органи на ООН ќе мора да се придржуваат на резолуцијата на Генералното собрание, со која се прифаќа судското мислење.

Од Меѓународниот суд на правдата се очекува одлука до крајот на годинава. Таа е правно обврзувачка, но нема механизам да се натера Грција да ја почитува. Оттука, што може Македонија да добие од овој процес?
Сегашниот класичен процес со тужба во Меѓународниот суд на правдата нема битно да ја доведе во прашање овде предложената советодавната акција, доколку нашите правни експерти објаснат во Судот дека всушност при зачленување на Македонија во ОН се работело за нелегалните дополнителни услови при приемот. Сегашниот процес во Хаг, инаку, не мора да резултира со поволен ефект, бидејќи е надвор од аргументацијата за нелегалните дополнителни услови и, не земајќи ги овие аспекти предвид, може да се смета дека е премногу оптоварен со политички моменти што оневозможуваат правен резултат во форма на пресуда поволна за Македонија. Многу е важно да се каже дека мојата предложена советодавна акција е единствен пат за воспоставување на уставното име во ОН.

Во контакт ли сте со Владата во земјава? Дали можеби побарале ваше мислење за спорот да се добие на правно поле, а не на политичко преку преговорите?
Одредени контакти имам со кабинетот на претседателот Иванов. Овие контакти се само со консултативен и неформален карактер. Инаку, сметам дека Владата направи значаен дипломатски успех со признавањето на името од страна на Боливија. Во овој контекст ја гледам и тенденцијата кон решавањето на проблемот со името надвор од преговарачкиот процес во ООН.

izvor
 
Член од
7 мај 2005
Мислења
1.231
Поени од реакции
307
misirkov i jas na dvapati go citam covekov ma kade bese do sega i dali e veke docna...........
Ме натера на размислување и јас неколку недели се прашувам чиј пристап е попрактичен, на Попески или на Јанев??

Мислам дека никогаш не е доцна, за се има исправка.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Јанев повеќе се фокусира на самиот прием во ОН, додека Попески на правото за самоопределување.

Комбинација од двете решенија е добитната комбинација.

http://makedonskaiskra.com/mk/vesti/statii/490-2011-01-27-12-45-34
 

Kajgana Shop

На врв Bottom