Меѓународно движење против промена на името

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.409
Поени од реакции
8.540
ЕДИТ.


Видете го видеото што изјавува советникот на прецедателот иванов :nesvest: овие вистина мислат да го сменат името :violent1:
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.592
Што е паметно во спорот со Грција

Македонија да се одлучи дали ќе го примени моето правно средство, или она на Игор Јанев.

Само во овие два случаја има правен силогизам со судска практика. Она што го прави Владата со тужбата е привиден силогизам, побиен од мојот правен силогизам. Доколку Владата успее со тужбата, тогаш сами сме си го ставиле јажето и ќе мора да правиме компромис. А меѓународното право вели дека за иус цогенс, какви што се посочените норми во мојата „Стратегија за зачувување на името“, која ја објави „Нова Македонија“, не смее да се прави компромис.

Господинот Никовски предлага странска памет. Странската памет ќе му понуди решенија, но дали е тој способен да процени кое решение е добро? Аристотел („Никомахова етика“) вели не: „...ниту пак би мислеле дека е лесно да се поставуваат закони, собирајќи ги оние закони што се на најдобар глас, бидејќи сметаат дека можат да се изберат оние што се најдобри, како самиот избор да не бара темелно знаење и како да не е токму правилното расудување најтешката задача, како на пример во музиката.“


Ако Никовски не знае дека јас и Јанев сме направиле правен силогизам во корист на Македонија, како тој ќе знае која странска памет направила правен силогизам во корист на Македонија?

И за крај; доколку привремената согласност е важечка, зошто тогаш Грција петнаесет години не поднесува тужба против Македонија за мала фидес? Зошто не ја обвини Македонија пред Меѓународниот суд на правдата дека Македонија веќе петнаесет години ги влече преговорите и нема добра волја да ја исполни? Судот може да ја натера Македонија на компромис.


Заради тоа што правото на самоопределување е ius cogens, а Меѓународниот суд на правдата во случајот „Источен Тимор“ 1995 година веќе одлучи дека правото на самоопределување важи еrga omnes.


Значи, Грција знае дека ќе загуби. Затоа траат толку преговорите.

Авторот е адвокат и судски преведувач
Автор: Марјан Попески

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=151196187&id=13&prilog=0&setIzdanie=22175
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
323
Поени од реакции
7
Одлична колумна на Марјан Попески. Првпат читам нешто од овој човек. Правниот силогизам за кој зборува е навистина во корист на Македонија и е едноставно вистинската логика која треба да се употреби во спорот.

Се прашувам, зошто трупкиве од нашата политика не размислуваат и не говорат на ваков начин?

Или пак Попески мисли дека ја открил Америка, затоа што едноставно политиката и меѓународната корупција се помоќни од меѓународното право?

Кажаното во колумната заслужува и посебна тема каде посебно ќе се објаснат правните термини за подобро да се види суштината на предложеното правно средство.
 
Член од
30 август 2008
Мислења
2.232
Поени од реакции
286
Abe neka se prekine pregovorite, i neka se znae deka nitu eden narod vo svetot nemoze da se otkaze od identitetot...

nesum makedonec, ama ve podrzuvam do kraj...:oeoeoe:
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.409
Поени од реакции
8.540
Црвенковски пред пратениците
,,Кога зборуваме за НАТО, ние не зборуваме само за безбедност туку и за повисоко ниво на инвестиции, за нови работни места, за повисок стандард и поуспешна борба со сиромаштијата. Од друга страна, зачувувањето на уставното име на нашата земја со право претставува највисок национален и државен интерес. Името на нашата држава е во директна врска со нашиот национален идентитет.
За жал, овие два процеса, кои во подолг период се одвиваат паралелно, не по наша вина и не со наша одлука, се вкрстија односно се судрија спроти на самитот на Алијансата во Букурешт. Сé што зависеше од нас, сé што можеше да има битно влијание на конечната одлука од наша страна беше направено. Сите критериуми и стандарди од наша страна беа исполнети. Тоа беше оцена на сите членови на Алијансата, вклучувајќи ја и Грција. Неопходната флексибилност и подготвеност за разумен компромис од наша страна беа демонстрирани на најдиректен начин. Последниот предлог на посредникот Нимиц од наша страна беше прифатен. Тоа што не заседаваше парламентот за да ја потврди таквата одлука, за НАТО, САД беше ирелевантно. Единствениот предлог што на посреден начин дојде од страна на Грција гласеше Република Скопје (Македонија). Тој предлог јас и премиерот Груевски од разбирливи причини го одбивме. РМ на самитот никогаш во историјата немала толку силна, отворена и недвосмислена поддршка од највлијателните и најсилните демократии во светот. На крајот, погледнете ги насловните страници во грчките медиуми. Таму не се велича грчкото НЕ за Македонија, туку грчкото НЕ за САД и нивините сојузници“.
Е сега, Грција своето историско НЕ ќе треба да го искашла преку судската одлука на Судот во Хаг, зашто не е во прашање само малата Македонија, туку бламажата на големата Америка и нејзиното чедо НАТО.

Да го зграпчиме предлогот
Меѓународноправната практика вели дека договорите што содржат отстапки само од едната страна во однос на другата најчесто значат прекршување на еден од најтемелните принципи во современото меѓународно право - принципот суверена еднаквост на државите. На тој начин се изразува инфериорна, несуверена положба на една во однос на друга држава. Инсистирањето на склучување договор што би вклучувал само македонски отстапки за грчките поплаки значи воспоставен преседан невтемелен во меѓународното право. Ова се однесува на фамозниот предлог на Меѓународната кризна група (МКГ), која веднаш по Охридскиот договор и промената на уставната преамбула (во полза на Грција и нејзината преговарачка позиција), ни достави нов предлог за решавање на спорот околу името.
МКГ предлагаше уставното име Република Македонија да биде за севкупна употреба ама напишано на латиница. Што е апсурд, зашто уставното име единствено може да биде напишано на државниот јазик (македонскиот) и неговото писмо (кирилското). Името Република Македонија на латиница ниту е ниту може да биде уставно име на државата. Вака замислениот преседан би значел отстапување од практиката на ООН. Имињата на сите држави се внесуваат во регистарот на јазиците и писмата што им соодветствуваат, а кои се прогласени за службени јазици на ООН. Внесувањето ваков преседан не би значело признавање на уставното име РМ од страна на Светската организација на држави и народи, туку фактичко и трајно менување на уставното име. До толку е погнасно што со ваков еден чин самата Македонија би дала согласност да се поништат сите досегашни признавања на нашата држава под нејзиното име од страна на стотина држави. Е, за овој чудовиштен предлог спакуван во шушкав целофан Љубомир Фрчкоски водеше гласна и страсна кампања низ медиумите, со порака „да го зграпчиме предлогот што е толку добар, што подобар никогаш не ќе сме добиеле“.


Кој кому му помага?
Неодамна српската телевизија Б92 му правеше интервју на Никола Груевски. Најинтересно беше прашањето за подигањето споменик на Александар Велики. Одговорот не го бендисаа домашните критичари на неговата „антиквизаторска“ политика. Шеќеринска, Бендевска, Макрадули и Бучковски од собраниска (официјална) говорница го предизвикуваа неговиот патриотизам со констатацијата дека тој немал храброст пред српската новинарка да каже Александар Македонски. Познато е дека Србија од мигот на нашето осамостојување држи грчка страна. Милошевиќ со Самарас и Мицотакис заеднички коваа план за поделба на нашата држава. Разбирливо е и сега, во нужда, една на друга да си помагаат. Но не е нормално СДСМ да и помага на Грција при недостиг од факти за тужбата во Хаг, така што ќе и обезбеди материјални докази против нивната, се надеваме, единствена држава. Груевски одолеа на провокацијата. Да се надеваме дека и другите државни функционери ќе внимаваат на вакви данајски подароци во наредниве неколку месеци. Особено што успешно одолеаја на желбата за нови предвремени избори токму оваа пролет!?




Автор: Мирка Велиновска
извор
Се се ама не мие јасно што цело врем опозицијата ја обвинува па сите го знаеме нивниот предавнички став за името но да знај мирка дека ако некој го смени името оваа година ќе биди грујо не за друго оти тој е на власт а не другите Значи мора да издржи до пресудата во хаг и после да бара прекин и со пресудата да бара прием во оон под уставното име
 
В

Вори

Гостин
Името е сменето,само се чека погоден момент да се обелодени тоа пред јавноста и пред граѓаните на Македонија.За ова сум сигурен.Е сега најверојатно се чека да дојде СДСМ на власт,за да ВМРО-вците излезат чисти пред гласачите и пред народот и да ја обвинат позицијата за предаство.
 

Macedonia>>Europe

Faster Than Light
Член од
6 јуни 2007
Мислења
2.582
Поени од реакции
836
Името е сменето,само се чека погоден момент да се обелодени тоа пред јавноста и пред граѓаните на Македонија...
Ова е сто пати повторено и повтарано е веќе неколку години и никако не е точно а е обична желба и пропаганда на комуњарите. Името не може никој да го смени.
 

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.720
Името е сменето,само се чека погоден момент да се обелодени тоа пред јавноста и пред граѓаните на Македонија.За ова сум сигурен.Е сега најверојатно се чека да дојде СДСМ на власт,за да ВМРО-вците излезат чисти пред гласачите и пред народот и да ја обвинат позицијата за предаство.
Има план според кој СДСМ се труди на секој можен начин да не дојде на власт за да мора ВМРО да го обелодени договорот и да се извалка пред народот. Иначе немаше Бане пак да дојде на челна позиција.
 
В

Вори

Гостин
Ова е сто пати повторено и повтарано е веќе неколку години и никако не е точно а е обична желба и пропаганда на комуњарите. Името не може никој да го смени.
Ех,јас и ти велиме така.Но,некој друг одлучува за тоа дали името ќе се смени или не.
Американците диригираат,а нашиве играат на нивната музика.То е то,просто ко грав.

--- надополнето ---

Има план според кој СДСМ се труди на секој можен начин да не дојде на власт за да мора ВМРО да го обелодени договорот и да се извалка пред народот. Иначе немаше Бане пак да дојде на челна позиција.
Една од можните варијанти,сигурно...
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.409
Поени од реакции
8.540
Иванов во 2011-та, гледа денови за решение на името, Рикер стравува од нив


Иванов верува дека не далеку денот кога Македонија ќе постигне компромис со Грција и земјата ќе стане членка на НАТО и ЕУ. На свечениот прием вчеравечер пред амбасадорите, укажа дека Скопје ќе се договори со Атина на европски начин во кој ќе нема победници и поразени.

-Жално е што поради ирационална причина на генерации и генерации македонски граѓани им е отежнат патот до прогресот и благосостојбата. Македонија е подготвена на европски начин да ги премости разликите со соседна Грција. Македонија е европска земја и очекува со неа да се однесуваат европски. Верувам дека низ дијалог, со зајакната доверба и со подобро разбирање, ќе дојдеме до заемно прифатливо решение. Компромис во кој ќе нема победници и поразени. Верувам дека не е далеку денот кога ќе биде отстранета оваа единствена пречка за моите сограѓани да можат да ги уживаат правата и благодетите од членството во европското и евроатлантското семејство, рече Иванов.

Решение за името оваа година посакуваат и странските дипломати. Додека Иванов дава оптимизам за евроатланската иднина за земјава амбасадорот Рикер 2011-та ја гледа како критична година. Тестот наречен попис и спорот со Грција се големи предизвици за земјата.

-Оваа година е важна за Македонија имајќи ги предвид одбележувањето на 20 годишнината од независноста и 10- годишнината од Охридски рамковен договор, кој е историски и широко почитуван договор. Покрај овие два важни јубилеја, ќе се одржи и пописот во април, кој е многу важен бидејќи е критичен за Владата и за сите сектори за да се разбере динамиката на вашето општество, областите на развој каде треба да се насочат ресурсите. Затоа сметам дека ова е критична година за Македонија, вели Рикер.

Рикер заминува на повисока функција, ќе го наследи Кантримен како заменик државен секретар во Стејд Департемнтот задолжен за Балканот. Амбасадорот уверува дека ќе даде се за да помогне на земјава. На амбасадорскиот прием неизбежна е поддршката за Македонија. Велика Британија би сакала да ја види земјата како партнер во ЕУ и НАТО.

-Би сакал во оваа година да видам решение за спорот за името. За тоа ќе биде потребно лидерство, флексибилност и храброст меѓу страните кои имаат интерес да го решат проблемот, бидејќи меѓународната заедница сака да види решение што е можно поскоро, изјави Ивон.

Иванов е оптимист за решение на спорот за името неколку недели пред новата рунда разговори во Њујорк на медијаторот Нимиц со посрединицте. Претседателот на 21 овој месец ги покани Груевски, Црвенковски, Ахмети, Тачи и Селмани да разговараат за суштинските проблеми на државата. Ќе успее ли Иванов да изгради заедничка стратегија и да ги усогласи ставовите на сите релевантни политички партии во државата за прашањето за името?

izvor

ало бе хорхе каков е тој европски начин да се премости разликата?!и како е можно да нема победници и поразени Што губат грците во спорот?Ништо а ние името ало бе светисте хорхе и кој блаогдети од еу што ќе тече мед и млеко од кога ќе влезме во еу ?!
рикерче пред да замини не кара сега мора да се фалсификува пописот за да излезат 25% согараќаните наши да ен се руши оти рамковниот и на само десет години оди јабана експериментот со нас
 
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.605
Поени од реакции
748
Mora da se najde kompromis,ako sakame da imame dobra idnina...
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: oon
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.592
Mora da se najde kompromis,ako sakame da imame dobra idnina...
Toчно така, компромисот треба да е: “Република Македонија’’ за секаква употреба (внатрешна, надворешна и секалва друга) и тоа од секого.
 

Macedonia>>Europe

Faster Than Light
Член од
6 јуни 2007
Мислења
2.582
Поени од реакции
836
Со отварањето на вакви дискусии како на членот погоре и релативизирање на бришење на идентитет на еден цел народ е самото по себе најголема навреда и директен напад против нас.

Крајно време е најостро да се спротивставуваме на ваквите пропаганди без никакви обзири и без разлика од кој и да доаѓаат и да им дадеме до знаење дека немаме намера да разговараме воопшто на таа тема.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom