Меѓународно движење против промена на името

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.310
Поени од реакции
8.296
Со Грција се преговара за идентитетот уште од 2005

Љубиша Николовски Коментари (7)
16.12.2009 18:46
Димитрис Друцас
Идентитетските прашања во спорот со името се на маса уште од 2005 година и тоа на предлог на посредникот Метју Нимиц - обзнани заменик министерот за надворешни работи на Грција, Димитрис Друцас.
Дел од Опозицијата конечно се соочи со вистината дека за идентитетот сепак се преговара.
„Се испостави дека се сепак точни информациите што ги дава премиерот дека тој најнов корпус на барања се однесува стриктно и на прашањата кои што се за нас многу болни и во крајна линија неприфатливи“, вели Јован Манасиевски, претседател на ЛДП.
Во СДСМ пак не се изненадени од овој факт иако претходно тоа го негираа.
Јован Манасиевски
„Точно е дека имаше во предлогот на Нимиц од 2005. дека се спомнуваа и такви моменти, меѓутоа тоа се повторно преку медиумите“, вели Александар Тавчиовски, дипломатски совет на СДСМ.
Изјавата на Друцас доколку се земе како точна, на површината извади две вистини: Дека сегашната опозиција, тогаш на власт, знаела дека освен за името на државата се преговара и за идентитетот и второ, дека тоа не го поставила Грција како услов како што тврдеше премиерот Груевски, туку бил еден од предлозите на посредникот Нимиц.
Според министерот Друцас гледано од страна на сегашните грчки позиции самиот предлог од страна на Нимиц бил грешка, но уште поголема грешка направил тогашниот грчки премиер Караманлис затоа што прифатил за тоа да преговара. Тоа вели тој - му дало изговор на Груевски да го попречува прогресот во преговорите.
Александар Тавчиовски
За волја на вистината, Груевски никогаш тоа и не го оспорувал дека за идентитетот не сака да преговара. Опозицијата која упорно бара консензус, всушност само се плаши да не остане без работа зашто и таа самата тврди дека јазикот и националниот идентитет се македонската црвена линија.
„Мислам дека во оваа држава постои единство. Пред се работи за сочувување на нашиот идентитет“, рече Тавчиовски.
Разликите се само во политичкото дејствување, дали Македонија соочена со тврдиот грчки став ќе глуми преговори или сепак ќе се обидува макар и бесконечно да најде прифатлива солуција што ќе не внесе во ЕУ и НАТО. Дотогаш тие разлики ќе не делат на патриоти и предавници.




Дојде времето да се фрли некој во вардар
прво да расчитиме кај нас во дворот па после да се жалиме од грците

абе до кога ќе не продаваат и малтретираат со тоа ЕУ и НАТО
стварно не знам преку к+р ми е дојдено од вакви политичари ако сакаат да не примат арно ако не што треба сега газ да му дадеме па кој сака нека оди нека земи државјанство од некоја европска земај и нека оди во европа како бугар или што знам како словенец или чеш пример исто ти е тоа што северно македонец што тоа како со друго држвајство :salut:
 
B

Borg_Drone

Гостин
И што се случи со протестот?Го наместивте ли Тодор Петров во столче направено од висококвалитетна македонска овчја волна или??? :)
 
Член од
24 јуни 2008
Мислења
1.705
Поени од реакции
75
Неформална средба Иванов - Папандреу во Копенхаген


17.12.2009 - 14:12 |
Проблемот што Грција го има со нашето име е последица на стари времиња и стари предрасуди – ова претседателот Иванов му го пренел на грчкиот премиер Папандреу на кусата, неформална средба на маргините на Самитот во Копенхаген.


Според Кабинетот на Иванов, средбата е одржана по иницијатива на претседателот, грчките медиуми го тврдеа спротивното....

-Навистина ги поздравувам средбите и се поцврстиот став кој го завземаат нашите политичари, посебна чест до премиерот и претседателот.
Само, она болдираното не ми е јасно воопшто. Кој тоа се прави кловн, ние или грците !? Пред и по секоја средба истите траги комедии :pos2:
Ние бевме, вие бевте ??? :toe:
 

Гоч

33 1/3 rpm
Член од
17 мај 2009
Мислења
1.417
Поени од реакции
47
37% од Македонците се за промена на името
Љубиша Николовски

Тврдиот став на македонските граѓани по однос на промена на името како да омекнува. 37 насто од Македонците се за промена на името на државата ако се задржи идентитетот и јазикот, покажува анкетата на Националниот центар за интеграции.
51 проценти од испитаниците се уште сметаат дека Македонија не треба да го менува своето име, дури под услов идентитетот и јазикот да останат непроменети.
Според оваа анкета кај граѓаните, и во декември постои голема поддршка за пристапување кон ЕУ и НАТО.
Она што е најголемо изненадување во анкетата е драстичниот пад на рејтингот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Таа добила само 19 проценти поддршка кај граѓаните, што е вселенски далеку од 30-те проценти што ВМРО ги добиваше во претходните анкети на ИРИ и на „Павел Шатев“ институтот.
Речиси идентични се и показателите што ги објавува магазинот „Фокус“, повикувајќи се на резултати од анкета спроведени за, како што пишува весникот - потребите на американски институции во државата.
Драматичен пад на рејтингот на владејачката партија под 18 отсто, објавува ударно „Фокус“, изведувајќи коментар дека народот ја губи довербата во ВМРО-ДПМНЕ.
Оваа анкета била спроведена во ноември и според неа опозиционата СДСМ, како и во претходно споменатата анкета на Националниот центар за интеграции, има рејтинг од 13 насто. Тоа е пораст за 1 до два насто во однос на претходниот статус на партијата.
Интересно е што на СДСМ не им била позната анкетата објавена во неделникот „Фокус“, но дека според нивните интерни истражувања, резултатите биле слични.
Од ВМРО-ДПМНЕ не сакаа посебно да ја коментираат анкетата затоа што тоа според нив се фабрикувани податоци од СДСМ. Тие веруваат во изборот на граѓаните, а на СДСМ му порачуваат наместо да се занимаваат со анкета, да седнат и да работат.

http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=117683


Ставаш наслов дека 35% од Македонците се за промена на името, а потоа признаваш дека 51% не би смениле ништо дури и со ткн. ГАРАНЦИИ за идентитетот. А1 логика :kesa:
 

Macedonia>>Europe

Faster Than Light
Член од
6 јуни 2007
Мислења
2.582
Поени од реакции
836
Ставаш наслов дека 35% од Македонците се за промена на името, а потоа признаваш дека 51% не би смениле ништо дури и со ткн. ГАРАНЦИИ за идентитетот. А1 логика :kesa:
Ова е тој 130 милионскиот ќеш на дело. Чиста пропаганда. Има такви идиоти што се за промена на име точно ама таа бројка ни од далеку не е 37%... освен ако не се сметаат нашите ценети малцинства кои со 2 раце се за.
 

Гоч

33 1/3 rpm
Член од
17 мај 2009
Мислења
1.417
Поени од реакции
47
Ова е тој 130 милионскиот ќеш на дело. Чиста пропаганда. Има такви идиоти што се за промена на име точно ама таа бројка ни од далеку не е 37%... освен ако не се сметаат нашите ценети малцинства кои со 2 раце се за.
И тука прават манипулација со насловот. Анкетата вели дека "37 насто од Македонците се за промена на името на државата ако се задржи идентитетот и јазикот", а тие го преведуваат како 37% сакаат да се смени името. :nenene:
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.176
Поени од реакции
4.133
Република Северна Македонија директно задира во идентитетот и јазикот.Затоа Гејциве инсистираат на тоа име.За Северна Република Македонија не сакаат ни да слушнат.:toe:
Јас лично не сум за никакво менување на името,под никоја цена и за никоја организација.
 
Член од
18 февруари 2008
Мислења
2.201
Поени од реакции
86
Хех бутка Обама му здосади изгледа.Нервозен е во последно време...Ќе реши изгледа кратко и јасно.Сојузнички.
 
Член од
29 јуни 2005
Мислења
1.284
Поени од реакции
14
Со Грција се преговара за идентитетот уште од 2005

прво да расчитиме кај нас во дворот па после да се жалиме од грците

:salut:
Koj znae dali od 2005:

"Во врска со некои извештаи во медиумите дека на масата на Нимиц било спомнувано „Славомакедонска“ нација, од кабинетот на претседателот Бранко Црвенковски вчера таквите наводи ги демантираа.Нимиц никогаш не предложил термин „Славомакедонци“ - изјавија од Кабинетот на Црвенковски. Грчките медиуми вчера јавија дека во Атина и во Скопје нема ниту оптимизам ниту песимизам за преговорите. Шефицата на грчkата дипломатија Дора Бакојани изјави дека Грција и понатаму е на истите позиции и чека да види како ќе постапи другата страна. Портпаролот на грчкото МНР Георгиос Кумуцакос посочи дека се создала атмосфера,која го отежнува преговарачкиот процес, но оти, сепак, преговорите се активни."


"Пензионираниот грчки генерал Никос Грилакис, советник за безбедност на поранешниот премиер на Грција Констандинос Мицотакис, тврди дека американската разузнавачка служба ЦИА длабоко била вмешана во балканските збиднувања во 90-тите, јави Бета.

Генералот, во својата книга "Откривам" тврди дека уште во почетокот на 90-тите години во Вашингтон се ковале планови за уривање на комунизмот на Балканот, а еден од плановите предвидувал Македонија да биде американски протекторат. Грилакис е искусен разузнувач, обучуван во САД и во Израел, а делови од неговата книга вчера објави грчкиот социјалистички весник "То вима". Тој тврди дека грчкото раководство и "христијанските партии" во Македонија постигнале договор Република Македонија да се вика "Славомакедонија" и со тоа да се затвори прашањето за името"



"Што всушност се случи? Во 1993 се случи пребег на шеф на воено разузнавање од Грција во Македонија. Кога такво нешто ќе се случи од земја со која сте во политики судир, во секој случај тоа се третира како највисок и најсериозен дострел на вашата сопствена разузнавачка служба. Тој пребегот, во овој случај генералот Грилакис - се стави на располагање за соработка, ги компромитира сопствената земја (Грција) и нејзината сериозност до крајни граници (тоа е меѓу највисоките пребези во теоријата и праксата на разузнавачката хиерархија, шеф на воено-разузнавање!) и конечно Ние како земја немаме што да изгубите со обработка на пребегот. Имено, само добивате и како извор на податоци и како рејтинг на сериозност за сопствената служба. Таков пребег никогаш не е во ситуација нешто да бара и да поставува никакви услови, тој е едноставно на ваша милост и немилост.

Претседателот на Државата беше веднаш известен за настанот и тој експлицитно се согласи со тоа, како и Премиерот на Владата. Без согласноста на Киро, имајќи го предвид неговото влијание и позиција пребегот (генералот Грилакис) нема да можеше да остане ниту секунда во Македонија, а камоли скоро година дена. Особено не беше можно министерот за внатрешни да се расправа со претседателот за тоа или да го корумпира дополнително, непослушно водејќи "сопствена политика"? Секој што малку од малку знае како стоеше хиерархијата на власта во тој период знае дека такво нешто не беше можно. Према тоа, не сакам да коментирам за мотивите на дополнителните промени во изјавите и во резонот на Претседателот, но тоа и тогаш и сега беше во основа негова добра одлука. Разузнавачките Служби во меѓувреме го одработија, исликаа и целосно исцедија со информации пребегот, толку колку тоа тие беа способни да го направат (за што постојат податоци,големо досие во МВР). За пребегот беа известени пријателските служби и тие ги поделија делот од информациите за случајот

Точно е и тоа дека Грилакис како благодарност за "престојот" во Македонија донесе неколку подароци (анфора, огледало и сл.) и тие како и сите слични завршија во евиденцијата на министерството као државна сопственост и никако поинаку и во ниеден случај никако поинаку (за што постојат сведоци и документи за примање во евиденција). Парите што пребегот ги понуди (куферчето), како обесштетување на трошоците за "престојот", беа примени со сведоци и прием во евиденција во специјалните каси на службите за државна и јавна безбедност. Тоа се случи службено на состанок на кабинетот на МВР во потесен состав, преку нивните тогашни потсекретари."
 
Член од
24 јуни 2008
Мислења
1.705
Поени од реакции
75
Ова е тој 130 милионскиот ќеш на дело. Чиста пропаганда. Има такви идиоти што се за промена на име точно ама таа бројка ни од далеку не е 37%... освен ако не се сметаат нашите ценети малцинства кои со 2 раце се за.
Секој втор ден анкети се прават. Некој нешто го мачи. Ова рејтингот како алва. Како да започнеме некој бизнис со рејтинг? Секој ден паѓа, се качува, рипа , скока. :pos2: Општи стриптиз! :kesa:
 

Гоч

33 1/3 rpm
Член од
17 мај 2009
Мислења
1.417
Поени од реакции
47
Не знам дали читам наш или грчки весник :kesa:


ИНТЕРВЈУ: ЈОРГОС ШАЦИМАРКАКИС, ЕВРОПРАТЕНИК И КОПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЕВРОПСКО-МАКЕДОНСКИОТ ПАРЛАМЕНТАРЕН КОМИТЕТ
Скопје погрешно го бара идентитетот во антиката

....
l Кој има право во овој бизарен спор?

- Сето тоа е поврзано со историја, идентитет и психологија. И двете страни имаат аргументи. Грците се во право кога велат дека во античка Македонија Словените се' уште не биле населени. Александар Велики бил Хелен! За време на византиското и османлиското владеење регионот Македонија бил повеќеетничка држава населена со Грци, Словени, Албанци, Турци. Историски гледано, не може да следи ексклузивно право за употреба на името Македонија.

......

l Албанското население во Македонија на спорот за името гледа како на забавување на патот кон ЕУ и тоа создава нервоза. Уште колку време останува за решение?

- Останува само уште првата половина од 2010 година, под претседателство на Шпанија. Потоа импулсот ќе исчезне. Понатамошни провокации би можеле да доведат до нова затегнатост меѓу Словените и Албанците, а тогаш навистина би имале немири во Западен Балкан.

.....

l Со оглед дека вашите предци се Грци, дали по ова прашање воопшто може да останете неутрален?

- Точно, имам дедо Грк, но и Груевски има. Неодамна тој зборуваше за „конечна пресметка“. Тоа не се добри тонови. Понекогаш мора да се запрашате дали тој ја става сопствената земја во заложништво заради идентитет што лично го посакува. За мене одлучувачки е европскиот интерес, а тоа е пацификација на Западен Балкан. Грција до 2014, сто години од почетокот на Првата светска војна, сака да го протурка регионот во ЕУ. Тоа е по малку визионерски, но јас би ја презел одговорноста.


http://dnevnik.com.mk/?ItemID=5A85171FBFCF3E44962F47B5B604BCF3
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.176
Поени од реакции
4.133
Грчката политика на негирање на македонскиот идентитет е стара повеќе од половина век

Признавањето на македонскиот идентитет би значело политичко самоубиство на било која грчка влада. Овој став на официјална Атина не е нов, постои повеќе од половина век. Тоа го потврдуваат документите од архивата на југословенското МНР објавени од Центарот за македонски истражувања во Солун.
Зошто Грција никогаш не може да го признае македонското малцинство и идентитет директно го објаснува Караманлис постариот во 1962 година во разговор со југословенскиот амбасадор во Атина. Во официјалната белешка од тој разговор што потоа е испратена до службите во Белград, амбасадорот ги пренесува зборовите на Караманлис:
“Не е основно дали едно барање е праведно или неправедно, туку е важно дали е реално и остварливо. Барањето за македонско малцинство не е остварливо затоа што на тоа прашање јавноста во Грција е неверојатно осетлива. Грчката Влада ако и најмалку попушти по тоа прашање ќе биде веднаш срушена.”
Караманлис притоа признава:
“Грчкиот печат не делува одмерено и сигурно не допринесува за подобрување на атмосферата.”
Четири години подоцна, во 1966 година, Атина му признава на Белград дека води досиеја за “југословенските Македонци”. Тамошното министерство за надворешни бара од Белград да преземе мерки и да ги спречи нивните анти грчки активности.
Најжестоко реагираат на “пропагандата на југословенските Македонци кои одат во Грција и ги убедуваат Грците дека се Македонци и дека треба да зборуваат македонски.” Официјална Атина оди до таму што реагира и на одлуката на Белград да дозволи на граница со Грција, да се населат 45 илјади политички емигранти кои ја напуштиле земјата за време на граѓанската војна затоа што претставувале потенцијална опасност.

http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&eventId=56211
 
Член од
24 јуни 2008
Мислења
1.705
Поени од реакции
75
Словенија сака да стане медијатор!

Па­хор самиот се понудил да ја има оваа улога, сакајќи да $ помогне на зем­ја­ва што побрзо да ги започне пристапните преговори со Европската уни­ја.
"На­ша желба е да помогнеме. Ние отсекогаш сме ја поддржувале Ма­ке­до­ни­ја. Сите услуги за таа цел ќе ги ставиме на располагање. Со оглед и на ис­кус­тво­то кое го имаме со Хрватска, ќе дадеме сe од себе спорот да биде ре­шен", ни изјавија анонимни извори од кабинетот на словенечкиот пре­ми­ер.
Од владини извори дознаваме дека посредници од Словенија веќе не­кол­ку­па­ти доаѓале и контактирале со кабинетите на македонскиот прет­се­да­тел Ѓорге Иванов и на премиерот Никола Груевски. Наводно, прет­се­да­те­лот Иванов се согласил Пахор да посредува во спорот, но премиерот Гру­ев­ски сe уште размислувал дали таа варијанта би била поволна за Ма­ке­до­ни­ја.
Доз­на­ва­ме дека Пахор вчера требало да го убедува Груевски дека пос­ред­ниш­тво­то може да биде корисно, бидејќи официјално требаше да дојде во земјава за да даде симболична поддршка за визната либерализација, а пред­ви­де­но беше и да говорат заедно со Груевски на прославата на плош­та­дот Македонија. Тоа би бил симболичен потег за визната ли­бе­ра­ли­за­ци­ја, која стапи во сила денес, на предлог на Словенија. Како негова прет­ход­ни­ца вчера беа најавени и словенечките европарламентарци Тања Фа­јон, која го подготви извештајот за визната либерализација за Ма­ке­до­ни­ја, и Зоран Талер, известувачот за земјава во ЕП.
На­ши­те извори велат дека пратеници контактирале и со грчката Влада и го запознале и премиерот Јоргос Папандреу со оваа словенечка ини­ци­ја­ти­ва.
"Да­ли ќе се оствари ваквиот предлог на Пахор, зависи од двете страни. За да го пренесе Па­хор словенечкото искуство со спорот со Хрватска и на проб­ле­мот помеѓу Македонија и Грција, ќе треба согласност да дадат и две­те земји", додава нашиот извор.
Сло­ве­ни­ја е познат поддржувач на Македонија во Унијата и во НАТО, и по­ве­ќе­па­ти претставувала иницијативи за побрзо пристапување на земјите од Западен Балкан кон ЕУ. Сепак, на Советот на министри за надворешни ра­бо­ти на ЕУ, одржан на 7 декември, кога на Македонија, поради Грција, не $ беше даден датум за преговори, Словенија се држела настрана. Пре­ми­е­рот Пахор подоцна изјави дека Грција може да смета на солидарноста во ЕУ, што предизвика чудење во Македонија, која ја сметаше Словенија за нај­го­лем поддржувач и лобист.


-Што ни спремаат словенците? Дали и овде се одлеваат евра од тајните фондови на грција ? Медијатор може некој кој е правичен а не солидарен. Овие во ЕУ имаат гледано многу мафијашки филмови. Не ги „кршат“ оние од својата фамилија.
 
Член од
20 јуни 2007
Мислења
809
Поени од реакции
18
Незнам колку е озбилна работава, но како и да е колку и да ги почитувам Словенците како народ, не би им доверил ваква работа поради едноставна причина што мислам дека целта на Грција во последно време е да го отргне спорот од ОН во ЕУ, а знаеме колку ЕУ е "наклонета" кон наша страна, нели?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom