Меѓународно движење против промена на името

Член од
14 септември 2007
Мислења
118
Поени од реакции
5
Ахх беее... треба да почнеме да се сакаме меѓу нас прво. Па после се ќе биде полесно.

Треба да се организира нешто што стварно ќе покаже дека луѓето СЕ против промена на името.

И што е најтрагично луѓево упорни им идат по одмори им даваат пари.
Не ми се јасни воопшто.Јас ниту еднаш не сум бил во Грција нема ни да идам.
Ај да им затвориме граница па да видам што ќе прават. Кога ќе треба се поморски да прават.
Ама......... тоа е тоа:smir:
 
M

marsovka

Гостин
Македонскиот идентитет е дел од идентитетот на секој Грк и за тоа нема да преговараме, порачува грчкиот алтернативен министер за надворешни работи Друцас
Официјална Атина инсистира на преговори само за името и смета дека е грешка вклучувањето на прашањата за јазикот и за идентитетот во преговорите, зашто македонскиот идентитет му припаѓа на секој Грк. Грција ќе бара амандмани на македонскиот устав ако тоа е неопходно за да се реализира формулата „едно име за сите употреби“. Ваквиот став го изнесе грчкиот алтернативен министер за надворешни работи Димитрис Друцас во интервју за „Прото тема“. Друцас ја зацементира грчката црвена линија за името на земјава, а на прашањето дали и тие би прифатиле „македонски“ на латиница за јазикот, вели:

- Посредникот Метју Нимиц во 2005 година не требаше да ги вклучи другите прашања во својот предлог, а уште полошо беше што претходната влада на Караманлис се согласи да дискутира за нив - вели Друцас.
Ваквата дискусија, според Друцас, му послужила само на премиерот Никола Груевски за да може да го кочи напредокот во преговорите и постигнувањето решение.

- Груевски сака да го монополизира името Македонија. Јасно велам дека македонскиот идентитет е дел од идентитетот на секој Грк. За тоа нема да преговараме и добро е за ова да се чуе не само во Скопје, туку и во Њујорк и секаде каде што треба да се слушне - порачува Друцас.

На прашањето дали ќе инсистираат на промена на македонскиот устав или решението за името ќе биде само за меѓународна употреба, Друцас дециден дека кога ќе се постигне решение, тие ќе инсистираат на негова целосна примена.

- Нема да дозволиме ниту најмала нејаснотија. За Грција е важна ефикасна имплементација на „ерга омнес“ име. Ако тоа значи амандмани на уставот, на тоа ќе инсистираме - вели Друцас за „Прото тема“.

Од друга страна, под наслов „Американците подготвуваат замка за името на ПЈРМ“, весникот „Елефтеротипија“ пишува дека Вашингтон препорачува „Република Северна Македонија“ како решение за спорот за името меѓу Скопје и Атина, а употребата на терминот „македонски“ (со нормален превод на странските јазици, на пример, Macedonian на англиски) за одредувањето на идентитетот и јазикот. Весникот се повикува на изјави на високи американски дипломати, според кои, време е да се стави крај на спорот за името и да се сфати значењето што би ги имале неговото решавање и пристапувањето на Македонија кон евроатлантските структури.

„Американците вршат притисок за решавање на прашањето преку посредникот на ОН, Нимиц. Американскиот план предвидува новото име ‘Република Северна Македонија’ да помине на Советот за безбедност на ОН, кој би дал и препорака тоа да се користи од сите држави-членки на Светската организација во билатералните релации со Македонија. За идентитетот и за јазикот е предвидено „тивко решение“, односно нивното одредување како македонски да се впише во регистерот на ОН, без неопходно претходно одобрение од Грција. Атина тоа практично и не би можела да го сопре“, пишува „Елефтеротипија“.
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=B4602B1EC9ABA4498FEF945BE65AB03E

Медијаторот Метју Нимиц за сега не најавува нова рунда преговори меѓу Македонија и Грција. Домашните аналитичари велат дека „антиквизацијата“ и идентитетот на кој Македонија инсистира последните три години е основа на спорот за идентитетот со Грција.
Засега нема најава за идни чекори во врска со решавањето на спорот за името. Иницијативите вообичаено доаѓаат од медијаторот Нимиц и веројатно како што невестуваат извори од министерството за надворешни работи и овој пат ќе се чека на тоа. Од македонска страна нема иницијативи ниту пак најави што по состанокот на минситрите на Европската Унија. Во меѓувреме како што јавува МИА од
Ние исто така зборуваме дека ние сме тие потомци на тие Македонци и во основа тука се појави тој спор околу дефинирањето на историјата и дефинирањето на идентитетите. Кои Македонци сте вие, а кои ние?


канцеларијата на Медијаторо Нимис , тој не планира нови активности во врска со решавањерто на прашањето за името. Од дипломатите во земјава, пред се од евроамбасадорот Фуере дојдоа нови охрабрувања да се продолжи без разочарувања, со нови напори за интензивирање на преговорите со оглед на времеснката рамка којашто ја одреди одлуката на Советот на минстрите од шест месеци во кои прашањето на одредување на датум за почеток на преговори со Унијата повторно ќе се отвори. Евроамбасадорот Фуере како и американскиот амбасадор во земјава неколкупшати излегоа со изјави дека предмет на преговорите е само името иако премиерот Груевски по директините разговори со грчкиот премиер Папандреу изјави дека прашањето на идентитетот на кое инсистирала грчката страна го блокира напредокот на преговорите. Од седиштето на ЕУ во Скопје велат дека Фуере своите изјави ги темели на изјава дадена од страна на медијаторот Метју Нимиц пред повеќе од два месеца каде пто како што велат тој јасно нагласил дека предмет на преговорите е само името но не и идентитетот. Прашањето на идентитетот е дел од преговорите, велат експертите зошто денеска Грците веќе бараат разграничување на населението коешто живее од двете страни на границата.

„Ние исто така зборуваме дека ние сме тие потомци на тие Македонци и во основа т
Грците овој идентитет на кој инсистираме последните три години тие нема никогаш да го прифатат...


ука се појави тој спор околу дефинирањето на историјата и дефинирањето на идентитетите. Кои Македонци сте вие, а кои ние?“

Овој проблем постои, вели Малевски само доколку нние нашиот идентитет го проекстираме во антиката област во којашто Грците го црпат својот идентитет. Малевски којшто тврди дека најпрвин предмет на преговорите било само прашањето за името. Аналитичарот Хисен Рамнадани за изјавите на амбасадорите во земјава вели дека станува збор за дипломатски изјави но дека во прашањето на името реално постои во вмешув ањето на историограгијата .

„Грците овој идентитет на кој инсистираме последните три години тие нема никогаш да го прифатат. И Груевски кога вика и стално е скепричен што ќе се постигне со Грците, тој е свесен за тоа. Грците за ова нема да попуштат, а и тој изгледа дека нема намера да попушти.“

http://www.makdenes.org/content/article/1904375.html
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.738
Поени од реакции
12.174
Овој проблем постои, вели Малевски само доколку нние нашиот идентитет го проекстираме во антиката област во којашто Грците го црпат својот идентитет. Малевски којшто тврди дека најпрвин предмет на преговорите било само прашањето за името. Аналитичарот Хисен Рамнадани за изјавите на амбасадорите во земјава вели дека станува збор за дипломатски изјави но дека во прашањето на името реално постои во вмешув ањето на историограгијата .
Не е точно. Малевски може да брмчи колку сака...овој проблем постои одамна, (нетрпеливост од нивна страна) пред цепење на СФРЈ, а посебно по осамостојувањето на Македонија од СФРЈ. Само ради одредени сфери и снаги кои диктираат она што диктираат во одредени временски периоди, сега грците се посилни и погласни од кога и да е. Доколку истите тие кои наводно не поддржуваат, ги удрат грците по глава, тие пак ќе заќутат.
Значи нема баш врска Малевски со вистината, а не знам кој и му верува.

Грците овој идентитет на кој инсистираме последните три години тие нема никогаш да го прифатат.
Хм, на кој идентитет ние инсистираме? На нашата историја и сегашност? Ако пребарате архиви на медиуми од пред 10 и 15 години може да се потсетите на нивното постојано деструктивно делување во минатото и сега кон Македонија. Рамадани аналитичар, Малевски аналитичар...боже прости им, ја пое*аа државава вакви аналитичари.
 

Гоч

33 1/3 rpm
Член од
17 мај 2009
Мислења
1.417
Поени од реакции
47
Македонскиот идентитет е дел од идентитетот на секој Грк и за тоа нема да преговараме, порачува грчкиот алтернативен министер за надворешни работи Друцас
Официјална Атина инсистира на преговори само за името и смета дека е грешка вклучувањето на прашањата за јазикот и за идентитетот во преговорите, зашто македонскиот идентитет му припаѓа на секој Грк. Грција ќе бара амандмани на македонскиот устав ако тоа е неопходно за да се реализира формулата „едно име за сите употреби“. Ваквиот став го изнесе грчкиот алтернативен министер за надворешни работи Димитрис Друцас во интервју за „Прото тема“.
- Груевски сака да го монополизира името Македонија. Јасно велам дека македонскиот идентитет е дел од идентитетот на секој Грк. За тоа нема да преговараме и добро е за ова да се чуе не само во Скопје, туку и во Њујорк и секаде каде што треба да се слушне - порачува Друцас.
На прашањето дали ќе инсистираат на промена на македонскиот устав или решението за името ќе биде само за меѓународна употреба, Друцас дециден дека кога ќе се постигне решение, тие ќе инсистираат на негова целосна примена.
Повторно грчка шизофренија. Македонскиот идентитет бил дел од секој Грк??? Ама од 1989 година. И потоа од запад ни викаат договорете се. Како да се договориш со луди луѓе?


Домашните аналитичари велат дека „антиквизацијата“ и идентитетот на кој Македонија инсистира последните три години е основа на спорот за идентитетот со Грција.

„Ние исто така зборуваме дека ние сме тие потомци на тие Македонци и во основа т
Грците овој идентитет на кој инсистираме последните три години тие нема никогаш да го прифатат...


ука се појави тој спор околу дефинирањето на историјата и дефинирањето на идентитетите. Кои Македонци сте вие, а кои ние?“

Овој проблем постои, вели Малевски само доколку нние нашиот идентитет го проекстираме во антиката област во којашто Грците го црпат својот идентитет. Малевски којшто тврди дека најпрвин предмет на преговорите било само прашањето за името.
Денко Малевски??? WTF??? Зошто изјавите на овој човек се уште се земаат како некаков репер. Човекот кого го ставивме министер за надворешни работи, а тој јавно изјавуваше дека не верува дека РМ ќе опстои како држава.
Да дефинираме какви Македонци сме? Прво нека се дефинира Малевски. Плус, кој бара од Англичаните да се дефинираат КАКВИ Англичани се - од келтско, римско, англо-саксонско или норманско потекло??
 
Член од
24 јуни 2008
Мислења
1.705
Поени од реакции
75
А бе си бараат луѓето опстанок, па ако нема што друго , најисплатливо е да анализираат и така се самонарекуваат „аналитичари“. Всушност секој е аналитичар. И јас можам да изанализирам нешто од мој аспект и готово од денес сум професионален аналитичар :pos2:. Одете утепајте се некаде!

Кога грчките лаги излегуваат на виделина секојдневно една по една, неможам да верувам, како постојат толку професионални аналитичари во Македонија кои сеуште ја подгреваат грчката шизофренија. За кого и за колку го правите тоа е моето прашање ?:kesa:
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.174
Поени од реакции
4.133
И врапчињата во државава знаат дека она што го говореше Премиерот дека Гејциве имаат проблем со нашиот македонски идентитет и јазик е вистина.
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.113
:pos2::pos2::pos2:Macedonian identity is part of the identity of every single Greek citizen and we will not negotiate on that,:pos2: :pos2:Greek Deputy Foreign Minister Dimitris Droutsas said, Macedonian Dnevnik daily writes on Tuesday.
The newspaper points out that official Athens insists on negotiations only on the name and thinks that it is a mistake to add issues connected only to the language and identity in the negotiations as the Macedonian identity belongs to every single Greek citizen.
Greece will require amendments to the Constitution of Macedonia so as to realize the formula for a common name for international use. This is the position expressed by Droutsas, who as if covered the Greek red line with concrete.
UN mediator Matthew Nimetz shouldn’t have added the rest of the issues in this proposal in 2005 but the worse thing was that the previous Greek government of PM Kostas Karamanlis agreed to discuss them, Droutsas remarked.
 
Член од
8 декември 2009
Мислења
702
Поени од реакции
528
Не знам на што дрога се комшииве, ама не ќе да е од скапите :toe:
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Тоа е дел од една поголема целина.

Грците издвоиле 130 милиони евра за грцизирање на Македонија.
Добар дел од парите влегле и во Македонија.
Па се појавија синхронизирано медиуми кои пласираат теза на словенски и антички македоноиди дебили.
Па постојано си ја судат земјата за антиквизација, споменици, имиња, аеродромот, автопатот итн.
А во исто време и порано во Грција се врши би турбо со нитро антиквизација, секое село ќе има споменик од александар и изградија музеј во атина за антиквитети кој кошта 2 милијарди евра.

И поентата ?

Македонскиот идентитет е дел од идентитетот на секој Грк.

Со овакви позиција на Грција каде ти е украден идентитетот некој и брои на сопствената држава де 6 недели и еден ден, де 6 месеци и 32 секунди, ако не, предвремени, дестабилизација итн .....

Јасни се работите, само за тие кои зеле пари, работите изгледаат незавршени во самата Македонија, зошто овој народ не ја лапне јадицата со се олово.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.738
Поени од реакции
12.174
Па се појавија синхронизирано медиуми кои пласираат теза на словенски и антички македоноиди дебили.
Divide et impera.
Најверојатно добро испланирано, а народот (па и јас да си признаам) се нализга на расправија за потекло наместо од една позиција против гркот и неговите петоколонаши (кои пак од овој и од друг аспект го цепкаат македонското ткиво) во Македонија. Добро изведено, ѓаволски ама добро.
 
G

grande-juve

Гостин
Во последниве неколку дена многу убаво се виде дека тие што не тераат на самоукинување се лажговци ала Минхаузен (иако поголемиот дел од луѓето знаеа). Прво Фуере и Рикер како папагали повторуваа дека за идентитетот не се преговара, ама после лидерскава средба некако за тоа прашање престанаа да зборат. Другите лажговци, опозиционата партија, најголема, исто викаа за иднтитетот почнало да се преговара од кога Грујо дошол на власт и зашто сменил име на автопат и стадион, арно ама Друцас ги пресече со изјавата дека за идентитет се преговара од 2005. Докажаниве лажговци денес, а сигурно и до јуни, како ништо да не било ќе продолжат да ни солат памет како времето не е во наша полза, како стрелките на часовникот во Македонија одат во обратна насока, како не сме толерантни . . . Многу се интересни докажаниве лажговци.
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.174
Поени од реакции
4.133
Дел од Опозицијата конечно се соочи со вистината дека за идентитетот сепак се преговара.

„Се испостави дека се сепак точни информациите што ги дава премиерот дека тој најнов корпус на барања се однесува стриктно и на прашањата кои што се за нас многу болни и во крајна линија неприфатливи“, вели Јован Манасиевски, претседател на ЛДП.

Во СДСМ пак не се изненадени од овој факт иако претходно тоа го негираа.

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=117599
 
Член од
24 јуни 2008
Мислења
1.705
Поени од реакции
75
Тие се зафатени со испраќање пораки до владата. Ако спиете ние вака, ако дремете ние така, ако ’рчите ние онака ... :pos2:
Оваа влада или ги откри сите скриени работи во СРАМНИТЕ преговори сите овие изминати години или ја предвиди подлоста на грците па ги пресече во нивните намери. Јас како обичен граѓанин само тоа гледам. Денес знаеме многу повеќе за преговорите и нашите ставови одколку било кога, а сепак некои претендираат на тоа „Груевски кажи ги своите позиции“ !

- Моја лична позиција е да не менуваме ниту име ниту презиме, па ако со тоа ќе добиеме казна -невлегување во ЕУ или НАТО , така нека е. Се надевам дека стабилирањето на Македонија и економијата во Македонија , реформите за кои се зборува и очекуваниот стандард од граѓаните на Македонија,промоцијата на Македонија и заштитата на Македонската историја и култура ќе бидат секогаш првата точка од било која програма на владата, а аспирациите во било која евро-атланска организација вечно втори! :smir::oeoeoe:
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.174
Поени од реакции
4.133
И теориите за антиквизација,аеродромот,автопатот и сл. дека се виновни за непопустливата позиција на Гејција паѓаат во вода.
Ние во Нато и ЕУ како Македонци нема шанси да влезиме.:toe:
 
Член од
24 јуни 2008
Мислења
1.705
Поени од реакции
75
Има шанса, ако цврсто застанеме зад ставот или како Р. Македонија и Македонци или не ни треба членство. Благодариме и пријатно :helou:

А тоа со преименувањето , ма дај те молам :tapp: Демек ако не ги ставивме овие имиња сега веќе преговорите ќе беа започнати :pos2:.
Не бе брат, такви глупости ретко веќе кој купува во Македонија во последно време. Туку имал храброст Груевски (бидејќи нему му ги препишуваат овие одлуки) па покажал малку заб и пред грците и пред ЕУ. Кој може да ти забрани да славиш одредени историски личности , еееј :tapp::tapp:. Ако направиме сега споменик на Бил Клинтон како косоварите што ќе биде, може ќе почнеме да се американизираме :pos2:. Па можеби ќе ни се налутат русите оти не го славиме Елцин :pos2:.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom