Македонскиот идентитет е дел од идентитетот на секој Грк и за тоа нема да преговараме, порачува грчкиот алтернативен министер за надворешни работи Друцас
Официјална Атина инсистира на преговори само за името и смета дека е грешка вклучувањето на прашањата за јазикот и за идентитетот во преговорите, зашто македонскиот идентитет му припаѓа на секој Грк. Грција ќе бара амандмани на македонскиот устав ако тоа е неопходно за да се реализира формулата „едно име за сите употреби“. Ваквиот став го изнесе грчкиот алтернативен министер за надворешни работи Димитрис Друцас во интервју за „Прото тема“. Друцас ја зацементира грчката црвена линија за името на земјава, а на прашањето дали и тие би прифатиле „македонски“ на латиница за јазикот, вели:
- Посредникот Метју Нимиц во 2005 година не требаше да ги вклучи другите прашања во својот предлог, а уште полошо беше што претходната влада на Караманлис се согласи да дискутира за нив - вели Друцас.
Ваквата дискусија, според Друцас, му послужила само на премиерот Никола Груевски за да може да го кочи напредокот во преговорите и постигнувањето решение.
- Груевски сака да го монополизира името Македонија. Јасно велам дека македонскиот идентитет е дел од идентитетот на секој Грк. За тоа нема да преговараме и добро е за ова да се чуе не само во Скопје, туку и во Њујорк и секаде каде што треба да се слушне - порачува Друцас.
На прашањето дали ќе инсистираат на промена на македонскиот устав или решението за името ќе биде само за меѓународна употреба, Друцас дециден дека кога ќе се постигне решение, тие ќе инсистираат на негова целосна примена.
- Нема да дозволиме ниту најмала нејаснотија. За Грција е важна ефикасна имплементација на „ерга омнес“ име. Ако тоа значи амандмани на уставот, на тоа ќе инсистираме - вели Друцас за „Прото тема“.
Од друга страна, под наслов „Американците подготвуваат замка за името на ПЈРМ“, весникот „Елефтеротипија“ пишува дека Вашингтон препорачува „Република Северна Македонија“ како решение за спорот за името меѓу Скопје и Атина, а употребата на терминот „македонски“ (со нормален превод на странските јазици, на пример, Macedonian на англиски) за одредувањето на идентитетот и јазикот. Весникот се повикува на изјави на високи американски дипломати, според кои, време е да се стави крај на спорот за името и да се сфати значењето што би ги имале неговото решавање и пристапувањето на Македонија кон евроатлантските структури.
„Американците вршат притисок за решавање на прашањето преку посредникот на ОН, Нимиц. Американскиот план предвидува новото име ‘Република Северна Македонија’ да помине на Советот за безбедност на ОН, кој би дал и препорака тоа да се користи од сите држави-членки на Светската организација во билатералните релации со Македонија. За идентитетот и за јазикот е предвидено „тивко решение“, односно нивното одредување како македонски да се впише во регистерот на ОН, без неопходно претходно одобрение од Грција. Атина тоа практично и не би можела да го сопре“, пишува „Елефтеротипија“.
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=B4602B1EC9ABA4498FEF945BE65AB03E
Медијаторот Метју Нимиц за сега не најавува нова рунда преговори меѓу Македонија и Грција. Домашните аналитичари велат дека „антиквизацијата“ и идентитетот на кој Македонија инсистира последните три години е основа на спорот за идентитетот со Грција.
Засега нема најава за идни чекори во врска со решавањето на спорот за името. Иницијативите вообичаено доаѓаат од медијаторот Нимиц и веројатно како што невестуваат извори од министерството за надворешни работи и овој пат ќе се чека на тоа. Од македонска страна нема иницијативи ниту пак најави што по состанокот на минситрите на Европската Унија. Во меѓувреме како што јавува МИА од
Ние исто така зборуваме дека ние сме тие потомци на тие Македонци и во основа тука се појави тој спор околу дефинирањето на историјата и дефинирањето на идентитетите. Кои Македонци сте вие, а кои ние?
канцеларијата на Медијаторо Нимис , тој не планира нови активности во врска со решавањерто на прашањето за името. Од дипломатите во земјава, пред се од евроамбасадорот Фуере дојдоа нови охрабрувања да се продолжи без разочарувања, со нови напори за интензивирање на преговорите со оглед на времеснката рамка којашто ја одреди одлуката на Советот на минстрите од шест месеци во кои прашањето на одредување на датум за почеток на преговори со Унијата повторно ќе се отвори. Евроамбасадорот Фуере како и американскиот амбасадор во земјава неколкупшати излегоа со изјави дека предмет на преговорите е само името иако премиерот Груевски по директините разговори со грчкиот премиер Папандреу изјави дека прашањето на идентитетот на кое инсистирала грчката страна го блокира напредокот на преговорите. Од седиштето на ЕУ во Скопје велат дека Фуере своите изјави ги темели на изјава дадена од страна на медијаторот Метју Нимиц пред повеќе од два месеца каде пто како што велат тој јасно нагласил дека предмет на преговорите е само името но не и идентитетот. Прашањето на идентитетот е дел од преговорите, велат експертите зошто денеска Грците веќе бараат разграничување на населението коешто живее од двете страни на границата.
„Ние исто така зборуваме дека ние сме тие потомци на тие Македонци и во основа т
Грците овој идентитет на кој инсистираме последните три години тие нема никогаш да го прифатат...
ука се појави тој спор околу дефинирањето на историјата и дефинирањето на идентитетите. Кои Македонци сте вие, а кои ние?“
Овој проблем постои, вели Малевски само доколку нние нашиот идентитет го проекстираме во антиката област во којашто Грците го црпат својот идентитет. Малевски којшто тврди дека најпрвин предмет на преговорите било само прашањето за името. Аналитичарот Хисен Рамнадани за изјавите на амбасадорите во земјава вели дека станува збор за дипломатски изјави но дека во прашањето на името реално постои во вмешув ањето на историограгијата .
„Грците овој идентитет на кој инсистираме последните три години тие нема никогаш да го прифатат. И Груевски кога вика и стално е скепричен што ќе се постигне со Грците, тој е свесен за тоа. Грците за ова нема да попуштат, а и тој изгледа дека нема намера да попушти.“
http://www.makdenes.org/content/article/1904375.html