- Член од
- 30 октомври 2020
- Мислења
- 1.465
- Поени од реакции
- 2.931
Донекаде се слагам, проблемот го гледам во лимитот на сетилата, но и во релативното искусување на априори фактите.Колку Кант може да помогне да се разбере Метафизиката со неговиот став кон неа?
За него, метафизиката е легитимна и неспорна, бидејќи нејзините прашања природно извираат од човекот (Бог, бесмртност, слобода, морал). Она што Кант го критикува е барањето метафизиката да биде наука т.е., да се примени научниот метод во областа на метафизиката. Ова е невозможно, бидејќи според Кант, знаењето е синтеза на разумот (поим) и сетилното искуство. Не само поими, не само перцепција, туку и нивна синтеза. Затоа Кант вели дека перцепцијата без поим е слепа, а поимот без перцепција е празен. Предметите на метафизиката не ни се дадени со сетилно искуство и затоа не можеме да имаме научно знаење за нив. Значи, метафизиката не може да биде наука, како што е, на пример, физиката...
Мене лично ми е блиско ова размислување.Тој прави дистинкција она што треба да се оддели - овостраноста и другостраноста, создаденото и несоздаденото, знаењето и верата, Бог и светот...
Пример ,со перцепција на природата мене ми е евидентно постоење на интелигенција во дизајнот, и таа интелигенција ја земам како априори.
Моето априори доживување на овие слики ми создава јако естетско искуство.
Но проблемот е што тоа истото не е априори на ниво на доживување кај секого.
Пример Рон сега ми се смее што јас сум видел во сликите.
Но од друга страна, тоа што Рон го доживува е екстаза и наплив на самодоверба, бидејќи почнува да добива докази дека јас сум ненормален.
Нема на што, смеењето е прекрасна работа, мило ми е што се разбирамеNe znam kako da stavam smajli znak dryze pa samo mi se dopaga , a da znaes me nasmea covecki . Ti blagodaram .
Последно уредено: