Па не сум баш месечар да се каже, но ми се имаат случено некои чудни работи во сон. На пример ми се има случено сред сон несвесно да го земам телефонот и да му пишам на некому смс која си нема врска, трескани зборови. Или па да земам да си ја уклучам климата и да се чудам после кој ја уклучил.
Се распрашував за ова и најдов во книга од Фројд сека сонот е остварување на желбите, а јас кога ми се случи тоа со телефонот и климата го посакував во сонот, затоа што ми беше топло и требаше да пратам смс. Ете, паметен човек.
Само за месечарите вака уште никој не објаснил, колку што знам