Медиуми, пишани и електронски и нивната објективност?

Кои според вас се најобјективни медиуми во Република Македонија:

  • A1

    Гласови: 21 21,9%
  • Канал 5

    Гласови: 7 7,3%
  • Сител

    Гласови: 5 5,2%
  • Телма

    Гласови: 4 4,2%
  • МТВ 1 и 2

    Гласови: 1 1,0%
  • Алсат

    Гласови: 2 2,1%
  • Вечер

    Гласови: 1 1,0%
  • Дневник

    Гласови: 5 5,2%
  • Утрински Весник

    Гласови: 5 5,2%
  • Канал 77

    Гласови: 3 3,1%
  • Ниеден

    Гласови: 42 43,8%

  • Вкупно гласачи
    96

realen_07

Опозиционер
Член од
12 април 2008
Мислења
3.636
Поени од реакции
134
Посебно ме замисли одговорот на Премиерот во фамозното интервју, во врска со референдумот.
На прашањето "Но, дали сметате дека со референдум е можен конпромис и решение на проблемот?"
Премиерот одговара :
"Да. Погрешно е мислењето дека граѓаните не се свесни за фактот дека овој проблем ќе се надмине со компромис. Но, каков ќе биде тој компромис, тоа е големо прашање. Колку тоа ќе не чини, дали ќе го загрози нашиот идентитет, и многу други детали, се прашања за кои сум сигурен дека македонските граѓани се поголеми експерти, отколку некои .брутално исфрлени од политиката или крајно маргинализирани политичари, односно експолитичари, или пак некој од нив кои не успеале ниту еднаш да ја добијат довербата на граѓаните за да се најдат на управувачка државна позиција, а кои едвај чекаат да се најдат на некој платен список и да заработат."

Подетално.

Прашање од новинарот на МИА:
Дали сметате дека со референдум е можен конпромис и решение на проблемот?"
Одговор од Премиерот:
Да.

Заејќи дека по автоматизам компромисот значи промена на нашето име.
Прашувам....доколку може некој да ми објасни....каде е тука цврстиот став?

Кога Премиерот вели:
Погрешно е мислењето дека граѓаните не се свесни за фактот дека овој проблем ќе се надмине со компромис.

Да потсетам.
До вчера лично тој не убедуваше дека со грците не е можен компромис, и дека компромисот сакаат да го направат непријателите на ова држава, и со тој став, ја заведе цела држава, и многумина на форумов, кои дури отидоа понатаму и поверуваа дека позади "цврстиот став" негов, се крие доброосмислена тактика за зачувување на името.
Сега ставот на Премиерот е дека грааѓаните биле свесни оти спорот ќе се надмине со компромис...

Доколку до вчера, предавници беа оние кои се залагаат за компромис.
Денеска...граѓанинот е свесен дека треба да направи компромис.
Автоматски идам у заблуда и недоумица, која води кон следнава констатација:
Дали тоа Премиерот сака да го неправи цел македонски народ предавник.....за тој и само тој да остане единствениот патриот во ова држава.

Кога Премиерот вели:
Но, каков ќе биде тој компромис, тоа е големо прашање.
Неможам да извчлечам друг заклучок освен дека тој лично очекува позитивен исход на референдумот, а сето тоа е поткрепено со понатамошниот дел од одговорот во кој вели:
Колку тоа ќе не чини, дали ќе го загрози нашиот идентитет, и многу други детали........

Доколку се организира референдум за да би се изјаснил народот, дали е за или против промена на името, Премиерот во барем мал дел од интрвијуто требало да посвети внимание за исходот од референдумот...на пример, наместо да каже
Но, каков ќе биде тој компромис, тоа е големо прашање., можел да каже:
Но каков ќе биде исходот од референдумот, тоа е големо прашање....
Во целосниот негов одговор, преовладува ставот за референдумот, како успешно завршена работа, и цело време се спомнува компромисот, наместо исходот од референдумот.

Кога Никола вели:
Колку тоа ќе не чини, дали ќе го загрози нашиот идентитет, и многу други детали, се прашања за кои сум сигурен дека македонските граѓани се поголеми експерти, отколку некои .брутално исфрлени од политиката или крајно маргинализирани политичари...

Тоа е класично бегање од одговорноста, и мудро префрлање на вината на плеќите на народот.
Уште сега можам да го видам референдумот....и да го насетам неговиот исход.
Уште сега можам да ја видам огромната поделеност на народот македонски, после референдумот.
Уште сега можам да видам, кој ќе се чука во гради дека тој не го сменило името, туку направил референдум, за кој уште од сега,меѓу редови кажува дека ќе биде успешен.

И во последниот дел од неговиот одговор во врска со референдумот, Премиерот вели:
...Ниту ние ќе потпишеме документ со кој го решаваме проблемот со Грција околу името пред да биде изнесен на референдумско изјаснување.

Класично разводнување на променетиот негов став, за доведување во недоумица на оние кои го читаат.

Немам што друго да напишам, освен да им препорачам на оние кои сеуште не се маѓепсани од патриотизмот негов, да го прочитаат убаво делот кој погоре го детализирав, и да заземат став.

И во целост се сложувам со ѓеро кога вели:
Груевски ја спрема Македонија за компромис за името...
А јас ќе го поправам и ќе кажам:
Груевски почна да ја спрема Македонија за компромис за името...

Но тоа е само мое лично видување....
Дали сум во право...времето ќе покаже.
 
lav

Член од
17 март 2005
Мислења
1.203
Поени од реакции
13

И поред покажаната овде мимикрија..сепак мислам оти ЧУКАШ на ОТВОРЕНА ПОРТА..почитуван колега..форумски секако..
:toe:
 
city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
Еве го ставот на Латас за објективноста не медиумите:

ПОНЕДЕЛНИЧКИ

Семеен бизнис

Од пет известувачи, божемни експерти од Брисел, три се од една фамилија. Добар семеен бизнис на новинарска тема

Груевски е во врвот на политиката десет години. И на власт, и во опозиција, до ден-денес, нема политичар кој води повеќе сметка за односи со медиуми. Го има истиот телефонски број кој го знаат бар сто новинари. Му ѕвонат за се и сешто. Ретко кој бил одбиен, игнориран... и така, стрпливо, десет години.
Средби со новинари, разговори дури и со оние кои брутално го напаѓале, плукале...
И, на мое изненадување, одеднаш, Груевски дава изјава за МИА во која кажува дека група од три-четири новинари, известувачи од Брисел, манипулира со јавноста создавајќи спрега со исто толку, четири до пет домашни јавни лица, што резултира со притисок врз Владата во врска со преговорите за името.
Не е некоја критика, напад но, од Никола ова е - изненадување. Реакцијата, пак, и не е изненадување. Се дигна машинеријата на СДСМ, со децении инсталирана во медумите и невладиниот сектор, и распали по Премиерот. Патем, машинеријата разлупа по сите достапни европски врати со жалби како Македонија е диктаторска земја, без новинарска слобода... од уходаните канали, одма, однадвор стасаа, без проверка, критики за државата.
Оваа игранка на СДСМ со години ја гледам. За нивни потреби има да се разјебе цела држава, па и во вакво тешко преговарачко време за Македонија.
Премиер е јавна функција, како што и новинарстото е јавна професија.
И двете страни, со уважување и аргументи, имаат право да ја коментираат јавно работата на другиот. И тоа се нарекува, да потсетам, јавен дијалог.
За разлика од критика, Бранко Црвенковски има поконкретни методи. Јавно, во 2002, преку Дневник му порача на Ѕинго дека мора да ме смени од уредник во Сител, ако сака да влезе во коалиција со него. Ѕинго го одби.
Нешто не се сеќавам дека ова беше ценето како притисок.
Се молчеше и кога уредникот на Дневник, Бранко Геровски, пушач на Љубчо кога тој во 1998 дојде на власт, јавно на насловна, пак во Дневник, напиша дека ми следи физичко исчезнување.
Дали ВАЦ знае за овие акции на нивните весници и уредници. Секако дека знае. Ама тоа е нешто друго :) Тоа што не ме убива, ме прави посилен. Ниту еднаш за вакви, конкретни закани и уцени, не сум чукнал на странска врата да исплукам сопствена држава. Сатисфакција ми е што имав чест да ми порачаат елиминација и оние на Љубчо, и оние на Бранко, на чело со него.
И пред овие избори, дури и ваквиот шугав СДСМ, се з'гна физички да ми се заканува, и патем за само еден месец да ми поднесе ни мање ни више, четири тужби! И еве ме, тука сум. А Минчев, Буч, Рада, Бане... се на дното, се копрцаат во тиња.
Кој известува од Брисел. На кого, ете, се пожалил Никола?
Од пет бриселски, такозвани експерти, дури тројца се фамилија. Светлана Јовановска известува за ВАЦ, за Дневник. Нејзината ќерка Тања Милевска известува за Канал 5. Нејзиниот брат, Борјан Јовановски, известува со емисијата Еврозум која последно одеше на Канал 5 и Алсат. Нивниот татко, Мето Јовановски, долго беше шеф на Хелсиншки комитет во Скопје... ебате новинарството и НВО. Тоа е семеен бизнис, а не известување од Брисел.
Додај го сега на ова заклучокот од ОБСЕ дека, на последните избори Утрински, Дневник и Канал 5 биле на страна на СДСМ, и ете ти математички потврден резултат.
Во ВАЦ (Утрински, Дневник и Вест) као не ги интересирале партии. Само независност и профит. Ја видовме независноста од извештајот на ОБСЕ за изборите. Ако им е важен профитот, како е можно Утрински и понатаму да излегува, кога има повеќе од два милиони евра загуба. Јес пријатељу, ту милион јурос се во бунар, а Утрински излегува ко ништо да не било. Кој, и зошто, ја плаќа таа загуба, толкава што и банка би повлекла во стечај, а не еден весник.
Е тоа е логистичката поддршка на СДСМ, на кој сега му треба удар за ослабување на Груевски. Од Брисел дописничките го одработуваат тоа без задршка. Па макар тоа било на штета на Македонија во преговорите со Грција. Дали во СДСМ се навистина такви? Па ние месец дена немаме Претседател среде преговорите. Бранко си тера спас на СДСМ. И тоа противуставно и јавно.
Бев во Брисел. Се сретнав со некои луѓе таму. Имаа интересни приказни. Потоа, имав прашање до семејната бриселска новинарска банда. Ги прашав што, и зошто, им плаќа албанското лоби од Брисел. Не добив одговор. Го дознав сам.
Ниту е Брисел тоа што тие го кажуваат оттаму, а уште помалку е Македонија тоа што тие, кодошки, доушнички го плукаат по канцелариите на бриселските мастиљари. Ништо од тоа. Обичен семеен бизнис на наша сметка.
Иза прозора немирног сна осјеќам њихове сјене. Гледам како кроз зидове плешу... курвини синови. Затвори губицу, није вредна за нас, истреси горчину до краја. На стратешким местима њихови људи... курвини синови. (Џони Штулиќ)
Пишува: Драган П. ЛАТАС
 
realen_07

Опозиционер
Член од
12 април 2008
Мислења
3.636
Поени од реакции
134
Виде грујо, никој не го ферма (брани), после грубиот атак врз независното новинарство.
Па се замисли....шо ќе праи, шо ќе чини ?
И....
Му дојде страшна идеја!
Ќе го активира најмоќното негово новинарско оружје?
Кој друг, ако не супердудлачот негов, Драган Павловиќ - Латас...
За да напише нешо во негова одбрана, и да им ги разнежи чувствата на народот, со срцопатални, нежно напишани, и доброодбрани зборови....
Така да...латас се активира...
И пишува колумна, слична ко сценарио од некоа сапуница.
Па ќе каже:
"Груевски е во врвот на политиката десет години. И на власт, и во опозиција, до ден-денес, нема политичар кој води повеќе сметка за односи со медиуми. Го има истиот телефонски број кој го знаат бар сто новинари. Му ѕвонат за се и сешто. Ретко кој бил одбиен, игнориран... и така, стрпливо, десет години."

Срце ме заболе кога ги прочитав овие зборови.
До сега не сум знаел дека грујо е толку чувствително "биче".
И истиот телефонски број, веќе десет години го користи.
И новинарите, кога и да му зазвонат...па дури и зврцка да му пуштат, грујо зема телефонот, одма звони и ги брифира.
А овие за возврат...отровни стрели, кодошења и клеветења.
Пууу, бе мајката.
Што ти значи новинарска ненаситност.

Но грујо, со неговата чувствителност одеше и чекор понатаму, за да ги задоволи се разбира, страстите на песимистичките новинари, и да ги направи оптимисти.
Реклами, со државни пари, им даваше и сеуште им дава, на медиумите олигархски.
Со по неколку народни милиончиња евра месечно, ги наградува...
И пак истото за возврат...напади, инсинуации, клевети...
Демек новинарите се секирале дали Македонија ќе успее.
Па имале сомневања во некои постапки на владата.
Абееее....предавници низаедни.
Што нив к*р ги боли нив за Македонија, дали ќе успева или не ?
Абе на сите треба да им биде јасно...штом грујо е на власт, гајле не треба да има никој за ништо во државата.
Он е толку спремен, што сега и Претседател на држава ќе мени...за наше добро.., но за тоа у друга прилика.
Тоа у етички новинарски кодекс да им се напише....сместа.
Море на чело да им се изгравира, па секое утро ко ќе станат на работа да одат, со мисла да го критикуваат грујо.
Да прочитаат, и гајле да немаат...и да не многу јадат трици по новини и на телевизија.

И згора на се, они се дрзнале да критикуваат.
Ај шо критикуваат критикуваат...
Туку и бројот на грујо, што во именикот веќе 10 години го имаат, не ни помислуваат да го искористат.
За да прашаат за одобрение, дали е добро напишана....критиката што ја стокмиле за него.
А он па поради нив...десет години истиот број го чува.
Еееее, грујо грујо.
Гледаш ли што се случува.
Ти на нив милионче...они тебе критика.
Абе не џабе народот рекол....рани куче да те лае.

Него ја до грујо, имам еден конкретен предлог, во неколку точки
- Со декрет да се повлечат, предавниците дописници од Брисел.
- Со молскавична акција, на влез во државата да се уапсат, како песимисти за иднината на нашата држава.
- Директен пренос, обавезно да има од акцијата.
- Лиценцата за директен пренос, веднаш да му се даде на сител.
- Вечерта во 22 часот, прес на горде у МВР, да брифира за постигнатиот успех...или евентуално на прес, цела влада.
Ако и ова не е доволно.
- Конфискување на лиценца, на сите до еден новинари песимисти, во рок од 24 саата, и протерување од државата.
- Давање лиценца, со неограничени новинарски надлежности, само на троица новинари...и тоа следниве.
- Драган Павловиќ-Латас, Слободан Томиќ, И оној што бурек јаде.(оф топик) Само србите новинари да ти биле оптимисти во Македонија...дури сега приметувам.
- Гласот на народот на Томиќ, секој ден да оди по двапати на ден...чекај малку, па он по двапати и сега оди..нели?
- (Исправка) Гласот на ДПМНЕ, овај...na народот да оди на сите телевизии, на секои два саата, до 00:00h.
- Вестите на сител, се разбира на чело со латас (оти овие другите од сител, понекогаш забегуваат во песимизам), да
одат на секој саат, почнувајќи од 06:00 до 00:00 навечер.
- Од 00:00 до 06:00, во вечерните термини, пошто таму има и мајка-шајка, да оди Јанко, кој непрестанато и оптимистички..јаде бурек.

Ете идеален предлог, драг наш премиере, да се решите од предавниците и песимистите во медиумите.
И сите среќно и бериќетно ќе си живееме, барем додека сме пред телевизор.
Се за доброто на оваа држава

_____________________________________________________________

А ти сеа шо направи?
Го натера латас, надчовечки напори да дава, за да те одбрани.
Но латас, како искусен новинар, не застанува само на бранење.
Он дури и прв почна да го практикува истражувачкото новинарство, само и само да те одбрани од лешинарите новинарски.
Па после макотрпно истражување...латас дојде до невероватно откритие.
И откри:
"Од пет известувачи, божемни експерти од Брисел, три се од една фамилија."
Абе све некои фамилии ти учествуваат во разнебитувањето у оваа држава.
Ко у некој сицилијански филм сме.
Бранко и фамилијата.
Уставен суд, и комуњарската фамилија.
Синдикатот со фамилијата.
СДСМ и фамилијата.
Рада, Бобо и фамилијата.
Солана и фамилијата.
И сеа виделе новинарите...па и они фамилија напраиле.
Па грујо и фамилијата.
Па Михајло и фамилијата.
Па Камчев и фамилијата.
Па Sинго и фамили,
Па Стоименов со фамилијата....
Упсс, се занесов ја со ова фамилиите......
Да направам мала дисктинција меѓу нив.
Значи за да не се иде у заблуда, фамилиите кои почнуваат со префиксот "Па", се фамилии кои работат за доброто на Македонија.
Тоа ти се све патриотски фамилии.
Не се они ко оние горните, предавнички, и државорастурачки фамилии.

Све у свему, материјал за еден добар филм сицилијански да се направи, има многу.
Се разбира фамилијарен.
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Ти другар ако не работиш во Утрински ја де :tv:
 
realen_07

Опозиционер
Член од
12 април 2008
Мислења
3.636
Поени од реакции
134
Ти другар ако не работиш во Утрински ја де :tv:
Не брат.
А и немам такви (новинарски) амбиции.
Па псле предавник да ти бидам.
Море ЈОК.
:helou:
 
Член од
14 јули 2005
Мислења
1.428
Поени од реакции
43
Срце ме заболе кога ги прочитав овие зборови.
До сега не сум знаел дека грујо е толку чувствително "биче".
realen_07, биди реален. Не работиш во “Утрински“, ама ова не можеш да го негираш: Фрчко ти е идол и рол-модел.

Каков и да е, кој и да е, Латас, Вечер или што, во написот има конкретни аргументи. Ти, спротивно на имиџот што го поставуваш за себе, не ги дискутираш аргументите и не се ни обидуваш да ги собориш - туку одиш во директен атак на личноста на оној што ги изнел аргументите на сонце. Грешка е.
 
Член од
4 март 2008
Мислења
261
Поени од реакции
10
Факт е дека политиката ги управува конците на медиумите (некои), исценирајки ги во своја корист. новинарите ја имаат дарбата за прикривање и лажно извртување и боење на глупиот човечки ум. Манипулираат со простата маса, а овие слепо им веруваат. Еве ти го примерот со Сител и Латас, па треба да си ептен шут а да не приметиш колку се се преувеличува за тоа што владата направила.:tv:
Објективноста се повеќе бледнее, политиката ја има силата.
 
realen_07

Опозиционер
Член од
12 април 2008
Мислења
3.636
Поени од реакции
134
realen_07, биди реален. Не работиш во “Утрински“, ама ова не можеш да го негираш: Фрчко ти е идол и рол-модел.

Каков и да е, кој и да е, Латас, Вечер или што, во написот има конкретни аргументи. Ти, спротивно на имиџот што го поставуваш за себе, не ги дискутираш аргументите и не се ни обидуваш да ги собориш - туку одиш во директен атак на личноста на оној што ги изнел аргументите на сонце. Грешка е.
Гледај сеа Павел.
Ако Ти виде аргументи во колумната на латас...онда и Јас сум нереален.
Кога викаш конкретни аргументи, ај молим те биди реален, и речи дека не мислиш на овие овие:

Премиер е јавна функција, како што и новинарстото е јавна професија.И двете страни, со уважување и аргументи, имаат право да ја коментираат јавно работата на другиот. И тоа се нарекува, да потсетам, јавен дијалог.

Аргумент ли е, тежината на функцијата на премиерот, да се сведе со тежината на функцијата на новинарите.
Па јавно да дебатираат кој бил во право.
Која глупост.
Ова може само латас да го напише и никој друг.
А се тоа е доказ на неговата неаргументираност и немоќ да напише нешто што држи вода...па тропа глупости.
Замисли ја Ти ситуацијата во која после секоја изјава што не му одговара на грујо, да влегува во конфликт со новинарите.
И секаде да ја бара грешката, само во својот двор да не гледа.

Атакот од секоја Влада/Премиер, врз слободното новинарство, т.е. новинарите, според мене е ништо друго, освен јавно искажување на немоќта на политичарите, да се соочат со проблемите...па дежурниот виновник секогаш го барат кај новинари, интелектуалци, опозиција....со еден збор секаде...само во нив самите не.

Случаеви на атак врз слободното новинарство имало многу.
Почнувајќи од Љубчо, Хари, бучко....па ете сега и на грујо...по стапките нивни...па и уште пожестоко.
Опозицијата ја прогласи за антимакедонска, продолжи со интелектуалците...па сега и новинарите му бодат трн во око.
Се извинувам однапред за вулгарноста, но мене се ми се чини...онаа српската народна:
Лошем ку*цу и длаке сметају.

Или конкретен аргумент за тебе е ова:

Додај го сега на ова заклучокот од ОБСЕ дека, на последните избори Утрински, Дневник и Канал 5 биле на страна на СДСМ, и ете ти математички потврден резултат.

Јас од уште пред 15 дена го барам фамозниот заклучок на ОБСЕ, за да го видам и тоа чудо шо го напишал погоре.
Доколку има некој линк, бескрајно ќе му бидам благодарен

Или можеби конкретен аргумент, за тебе е ова:

Бев во Брисел. Се сретнав со некои луѓе таму. Имаа интересни приказни. Потоа, имав прашање до семејната бриселска новинарска банда. Ги прашав што, и зошто, им плаќа албанското лоби од Брисел. Не добив одговор. Го дознав сам. Ниту е Брисел тоа што тие го кажуваат оттаму, а уште помалку е Македонија тоа што тие, кодошки, доушнички го плукаат по канцелариите на бриселските мастиљари. Ништо од тоа. Обичен семеен бизнис на наша сметка.

Пази момент:
Латас бил во брисел, у улога на таен детектив.
Се сретнал со некои луѓе таму...
Можеби има некои роднини таму он...па со нив се сретнал.
Инаку, не ми се верува дека некој од администрацијата, ќе си го дозволи тој лапсуз...да се сретне со латас.
И прашал он...што, и зошто, им плаќа албанското лоби од Брисел?
И пази бога-ти...
Новинарите се дрзнале, и не му дале одговор,(ах некомуникативни новинари).
И пошто не му дале потврден одговор, латас дошол до неверојатен аргумент, па вика:

Ниту е Брисел тоа што тие го кажуваат оттаму, а уште помалку е Македонија тоа што тие, кодошки, доушнички го плукаат по канцелариите на бриселските мастиљари. Ништо од тоа. Обичен семеен бизнис на наша сметка.

По здрав аргуменат од него до сега и немам слушнато.
Аргумент равен на муабет во селска биртија.

Но ете и тој по некој чуден сплет на околности е новинар, т.е. јавна личност.
Па Јас би го прашал него.
Кое лоби , го плаќа него во Македонија.
Зошто го плаќа.
И колку го плаќа.
И нели како граѓанин кој има право да ја цени работата на јавните личности....би сакал да го знам тој одговор.

А...да...за малку ќе заборавев да ти одговорам на провокацијата "што не можам да ја негирам", во врска со фрчко као мој идол.
Далеку е он од мој идол и рол-модел.
Единствено што му се восхитувам, е тоа што во времето на СДСМ, иако нивен член...знаеше добро да ги испердаши во некоја негова колумна.
Но не ме бендисва што во неговите колумни, барем во времето кога ги читав, една третина беше напишана со латински изрази.
Па така доколку сакаш добро да го разбереш, треба бајаги да се потрудиш.
 
Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Jaс едно не разбрав до сега.

Било шпекулација тоа со анонимните извори или вистина?

А искрено, немам поим и за што воопшто се закараа и каква вест пренеле.
 
Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Инаку, од писанието на Латас ми падна во очи ова:
За разлика од критика, Бранко Црвенковски има поконкретни методи. Јавно, во 2002, преку Дневник му порача на Ѕинго дека мора да ме смени од уредник во Сител, ако сака да влезе во коалиција со него. Ѕинго го одби. Нешто не се сеќавам дека ова беше ценето како притисок. Се молчеше и кога уредникот на Дневник, Бранко Геровски, пушач на Љубчо кога тој во 1998 дојде на власт, јавно на насловна, пак во Дневник, напиша дека ми следи физичко исчезнување.
И ова:

Кој известува од Брисел. На кого, ете, се пожалил Никола?
Од пет бриселски, такозвани експерти, дури тројца се фамилија. Светлана Јовановска известува за ВАЦ, за Дневник. Нејзината ќерка Тања Милевска известува за Канал 5. Нејзиниот брат, Борјан Јовановски, известува со емисијата Еврозум која последно одеше на Канал 5 и Алсат. Нивниот татко, Мето Јовановски, долго беше шеф на Хелсиншки комитет во Скопје... ебате новинарството и НВО. Тоа е семеен бизнис, а не известување од Брисел.
Реален, што викаш реално на ова, на тема медиуми и нивната објективност?
 
realen_07

Опозиционер
Член од
12 април 2008
Мислења
3.636
Поени од реакции
134
Jaс едно не разбрав до сега.

Било шпекулација тоа со анонимните извори или вистина?

А искрено, немам поим и за што воопшто се закараа и каква вест пренеле.
Тоа и Јас сеуште го немам разбрано.
Само разбрав, дека Никола подели предавнички титули против новинарите песимисти/предавници.
Можеби и он не знае зошто.
Предавничките изјави новинарски, никој не ги спомнува.

Но едно разбрав.
Ако не мислиш ко владата...ако не мислиш ко грујо, и ако си песимист во врска со напредокот на државата...Ти по автоматизам си предавник.

Демократија, и слобода на мислата....што беше тоа?
 
Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Ако не мислиш ко владата...ако не мислиш ко грујо, и ако си песимист во врска со напредокот на државата...Ти по автоматизам си предавник.
Да, но сепак ќе остане фактот дека има предавници помеѓу новинарите кои работат за интерес на одредени групи и тоа никој не може да го оспори, дека новинарите се невини како бебиња.

Нивната работа е јавна и е подложна на критика од луѓето. Зошто премиерот да не може да ги критикува, доколку навистина ширеле дезинформации? Зарем треба да преќути на невистина и јавноста таа шпекулација да ја прифати како сервирана "вистина"?

Што мислиш за ова?
 
realen_07

Опозиционер
Член од
12 април 2008
Мислења
3.636
Поени од реакции
134
Во врска со првото.
Секоја закана по живот, и секој атак спрема слободната мисла, не го оправдувам.
Доколку имало вистина во ова што го пишува латас, би требало истото да го пријави на надлежните институции....се друго за мене е шпекулација.
Он може да каже и дека Бранко му дошол дома и со шамари го мавал...нели.

Во врска со второто.
Од наведените новинари предавници, освен Борјан, на кого му честитам на професионалноста и објективноста, друг незнам.
И идам во недоумица сега.
Латас ги напаѓа семејните врски.
А Груевски ги прави предавници.
Дали е тоа некоја некоординираност меѓу нив двајцата.
Ете и доколку е точно дека они се во роднинска врска.
Дали тоа по автоматизам значи дека непрофесионално си ја работат својата работа.
Каков заклучок тогаш треба да извлечеме за фамилијата Груевски, која половина е во владата...
И на крај, доколку навистина пренеле некоја информација која е антимакедонска.
Зошто премиерот во интервјуто, не потенцираше за која информација станува збор.
Па да пресудиме и ние како народ.

За професионалноста на новинарите, одговараат новинарските куќи за кои работат...а не премиерот и латас.

Да, но сепак ќе остане фактот дека има предавници помеѓу новинарите кои работат за интерес на одредени групи и тоа никој не може да го оспори, дека новинарите се невини како бебиња.

Нивната работа е јавна и е подложна на критика од луѓето. Зошто премиерот да не може да ги критикува, доколку навистина ширеле дезинформации? Зарем треба да преќути на невистина и јавноста таа шпекулација да ја прифати како сервирана "вистина"?

Што мислиш за ова?
Далеку од тоа да новинарите се невини како бебиња.
Уште еднаш ќе повторам.
Доколку имало некоја шпекулација/дезинформација, зошто Груевски не ја изнесе јавно, па да продискутираме за неа и да видиме кој е во право. Он паушално нападна, и работите ги генерализираше.
Тоа нечини.
 
Член од
23 јануари 2005
Мислења
899
Поени од реакции
22
realen_07, тој грујо толку комплекси ти набил тоа е нешто невидено.
Толку си преокупиран со тие партии, такво нешто како тебе јас не сум сретнал.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom