Како да се медитира? IZVADOK OD KNIGATA BUDIZMOT I SMISLATA NA ZIVOTOT
Медитацијата не учи како да ја слушаме нашата сопствена мудрост. Многу луѓе учат медитација читајќи од книги, но потребно е да се најде секако одредена институција под водство на искусен учител за таа цел.
За континуитет на умот подобро е да се медитира 5 минути секој ден, наместо 2 часа еднаш неделно. На тој начин, таа станува ваше секојдневие. Потребно е да се има мирно место, да не сте премногу уморни, да се седи исправено и да се носи комотна облека. Нозете да бидат во лотос положба, да се диши од стомакот. Умот треба да биде опуштен но и буден. Тоа не е лесно. Да се биде внимателен посматрач на својот ум и мисли. Мислите и емоциите не треба да се гледаат како ЈАС И МОЕ. Нека течат. Да не ги потиснуваме. Многу е важно пред медитацијата да ја внесете важата мотивација. На пример: медитирам за да ги надминам негативните емоции и врзувањето за егото и така натаму. Мора да се создаде чувство на воља и одлучност во нашите умови. Ако немаме јасна идеја и ефектот ќе биде нејасен. Каква мисла да дојде во умот пуштете ја, не се борете. Ќе замине самата од себе. Тоа се бранови на умот кои ќе станат мирни со време. Бидете љубезни кон себе. Имајте впредвид дека не можеме да ги избегнеме проблемите, но можеме да ја смениме нашата реакција на нив. Сетете се за приказната за Буда и музичарот. Како треба да бидеме наштимани, ни премногу стегнати ни премногу лабави при медитацијата. Да сме правилно наштимани. Ако е енергијата прејака ќе доведе до немир, ако е слаба до замор.
Буда вели: Целта на медитацијата не е да се избега од општеството, целта е да се вратиме во себе и да видиме што се случува таму.
П.С. Дали вревата во мојата глава ви смета?
Се сретнуваат двајца пријатели.
Што прави твојот син ? Дали е уште невработен?
Да. Меѓутоа тој сега медитира.
А што е тоа медитација?
Незнам, но е секако подобро од седење
и неправење ништо.
Што претставува медитацијата?
Толку сме зависни да гледаме надвор од себе до таа мерка што сме го изгубиле пристапот до нашето внатрешно битие. Ако пробаме да допреме внатре, се плашиме да не влеземе во состојба на лудило. Тоа е замката на снаодливото ЕГО, кое не спречува да ја откриеме нашата вистинска природа. Ние живееме толку брзо, со што го елиминираме и најмалиот ризик да најдеме време за да погледнеме во себе. Дури и идејата за медитација ги плаши луѓето. Дури и ако го чујат зборот Без ЕГО или Празнина,луѓето мислат дека ќе бидат доведени во некоја состојба каде што ќе бидат исфрлени во универзумот,вечно лебдејќи во темната,ладна празнина на универзумот. Ништо не е подалеку од вистината. Но, во светот тишината заплашува. Од неа се заштитуваме со голема врева и голема зафатеност.
Не сакаме да погледнеме во природата на умот,тоа е последното нешто што ќе се одлучиме да го направиме.
Медитацијата значи да се запознаеме со позитивната состојба на умот, која се однесува всушност на тренирање на умот. Таа не е само релаксација, опуштање. Треба да се развие висока концентрација и јасна состојба на умот која ќе се користи за анализа, развивајќи голема мудрост. Како свеста така и нашите емоции можат да бидат доведени под контрола, бидејќи се засновани на концепт кој се менува.
Во будистичката медитација се трудиме да развиеме мудрост, намалувајќи ја негативната, а зголемувајќи ја позитивната состојба на умот. Потребен е јасен, мирен и концентриран ум. Посматрајќи го умот мораме да развиеме еден вид на
внатрешен шпион, дел од нашето внимание да ја проверува нашата состојба на умот. За да ја намалиме негативната состојба на умот мораме да разбереме од каде доаѓа таа, и да ја трасформираме во позитивна енергија, преку мудроста равиена од набљудувањето на самиот ум. Треба да станеме свој
сопствен психолог.
Потребно е да сме искрени кон себе, без залажување. Да сме трпеливи, да се прифатиме себеси, да имаме доверба во себе и да го развиваме сопствениот ентузијазам, за умот да биде тивок. Сите овие фактори мора да се во рамнотежа за да избегнеме поспаност и возбуда при медитацијата. Да пробаме да бидеме свесни, а нештата нека одат по природен тек.
Умот нека биде тивок и празен. Потребен е секако учител и неколку книги на таа тема. Медитантот само сака да се впушти во пријатното чувство, кое го предизвикува медитацијата. Кога ќе се влезе во среќното чувство умот не сака да излезе и да истражува понатаму. Тука остануваме заглавени, и тоа може да стане опасност за медитантите бидејќи се врзуваат за тоа чувство. Потребна е
СВЕСТ ВО СМИРЕНОСТА И СМИРЕНОСТ ВО СВЕСТА. Ако е умот тап може лесно да ви се приспие при медитацијата. Кога ќе можеме да ја видиме реалноста онаква каква што е,и кога ќе можеме да ја видиме природата на умот,никаква илузија од ова постоење нема да може да не збуни.
П.С. Никогаш не пропуштајте добра прилика за да замолчите.