Медитацијата користена во сите системи инволвира оној кој контролира мисла медитатор со цел да достигне нешто, најчесто крајната цел на тие системи е да се достигне контрола над умот и мислите што само по себе претставува поделба на ентитет кој ги контролира мислите без притоа да увиди дека мислителот е мислата и самата негова цел без разлика за кој систем станува збор е подложна на желба да се достигне и постане нешто преку дисциплина и контрола преку напор и време до крајна цел.
Медитацијата не е контрола на телото, не постои поделба помеѓу организмот и умот. Мозокот, нервниот систем и стварта која ја нарекуваме ум се едно, неподелено. Да се подели телото од умот и да се контролира телото со интелектуални одлуки значи да се предизивка контрадикција, од каде што произлегуваат разни форми на борб, отпор и конфликт.
Медитацијата е разбирање на поделбата предизвикана од страна на одлуката. Секоја одлука носи само отпор дури и онаа да се биде свесен. Слободата не е дело на одлуката туку дело на перцепцијата. Гледањето е правење. Не одлуката да се види па потоа да се делува. На крај краева вољата е желба со сите свои контрадикции. Кога нечија желба претпоставува власт над друга, таа желба станува воља.
Во ова неизбежно е да има поделба. Медитацијата е разбирање на желба, не надминување на една желба со друга. Желбата е движење на сензација, која станува задоволство и страв.
Медитацијата навистина е тотално испразнување на умот. Потоа постои само функционирање на телото, ништо друго, потоа мислата функционира без идентификација како јас и не-јас. Мислата е механичка како и организмот. она што креира конфликт е мислата која се индентификува себе со еден од деловите кои стануваат јас, себството и разните поделби во тоа себство. Не постои себство да се разбере туку мислата која го создава. кога е присутен само организмот без тоа себство, перцепцијата визуелна и не визуелна никогаш не е искривена.
Постои само гледање тоа што е и самта перцепција оди над тоа што е. Празнењето на умот не е активност на мислата или на интелектуалниот процес. Константното смотрење на тоа што е без искривувања природно го празни умот од сите мисли а сепак истиот тој ум може да користи мисли кога е потребно. Мислата е механичка и медитацијата не е.
Мислата неможе да ја поими природата на просторот. Што и да формулира е во доменот на огранчување и граници. Ова не е просторот на кој медитацијата доаѓа. Мислата има стално хоризонт, медитацијата нема. Медитацијата е отварање на вратата во просторот кој што неможе да биде замислен или шпекулиран од страна на умот. Мислата е центара каде што има простор на идеа и овој простор може да биде проширен со мноштво други идеи. Но такво ширење преку стимулација во било која форма не е просторност каде што нема центар. Медитација е разбирање на тој центар и одење над него.
Тишината и просторноста одат заедно. Бескрајнота на тишината е бескрајноста на умот во кој центар не постои. Перцепцијата на овој простор и тишина не е од мисла.
Медитацијата не е барање, потрага. Туку експлозија и откривање. Ниту пак припитомување на умот да се согласи, ниту пак само интроспективна анализа, сигурно не е тренинг на концентрација каде се бира и одбива. Тоа е нешто што доаѓа природно кога сите позитивни и негативни тврдења и постигнувања се разбрани и отфрлени со леснотија. Е комплетна празнина на мозокот, празнотијата е есенцијална а не тоа што е во таа празнина. Основата на исправност е во празнината, таа е почеток и крај на сите нешта.