Седнете на под или на некој душек, прекрстете ги нозете да Ви биде удобно, исправете го грбот, а во тоа ќе ви помогне ако го вовлечете малку делот од стомакот под папокот, за да не се виткате наназад. Најдете положба во која се чувствувате опуштено и лагодно. Ако умеете, заземете лотос положба. Затворете ги очите и устата.
Дишењето е низ нос и целото свое внимание насочете го на
дишењето . Дозволете му на телото да
дише само, а Вие само будно набљудувајте го овој процес. Важно е да
дишете и со стомакот, не само со телото. Вашето внимание во тек на
медитацијата треба да биде фокусирано само на
дишењето . Се што Ви се случило во тек на денот сега пуштете го, оставете го некаде настрана. Пробајте да го продолжувате вдишувањето и издишувањето само за момент подолго отколку што Ви доаѓа природно. Кога издишувате правете го тоа потполно- издишете го целиот воздух што го имате. Издишувањето има природна моќ да не растерети. Кога вдишувате, правете го тоа рамномерно и полнете се со воздух до крај- тоа ќе Ве наполни со свежина и енергија. На овој начин потполно се чисти организмот, особено ако сте во природа. Можете благо да го стегнете грлото со што ќе се ограничи количината на воздух што Ви поминува низ грлото, а со тоа ќе се смири
дишењето уште повеќе. Овој начин на
дишење се нарекува
уѓаи . Ако забележите дека мислите Ви одлутале- враќајте ги на
дишењето колку пати и да е потребно. Ефектите на
медитацијата се забележуваат веќе после првиот тренинг. Ако сте истрајни во
медитацијата , ќе забележите дека многу полесно се носите со секојдневниот стрес- нешто што порано ќе Ве разбеснело, сега само надворешно го набљудувате. Ќе станете свесни, и ќе можете да воочите како бурно и бесно реагираат другите на неважни работи.
Текстов го најдов
овде .