Медитација

Член од
29 март 2013
Мислења
266
Поени од реакции
238
Нешто околу медитацијата.
Оние кои немаат никакво искуство со медитација не треба са ја практикуваат неподготвени.
Медитацијата ослободува закопани чувства и спомени од минатото кои кога излегуваат на површина знаат да бидат многу незгодни.
Подобро е за почетници да ја практикуваат во некоја група со некој кој веќе има искуство околу тоа.
 

blue ladybug

Фанг ловер
Член од
5 февруари 2013
Мислења
5.210
Поени од реакции
11.803
Нешто околу медитацијата.
Оние кои немаат никакво искуство со медитација не треба са ја практикуваат неподготвени.
Медитацијата ослободува закопани чувства и спомени од минатото кои кога излегуваат на површина знаат да бидат многу незгодни.
Подобро е за почетници да ја практикуваат во некоја група со некој кој веќе има искуство околу тоа.
Кажи по Скопјето каде постојат групи за медитација? Контакт ако имаш, сподели.
 
Член од
29 март 2013
Мислења
266
Поени од реакции
238
Член од
4 ноември 2013
Мислења
113
Поени од реакции
20
Дали во Скопје има будистички храм?
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.397
Лееее браво!
Го слушав пред некој ден првпат,ме однесе
И сега ти го пушташ :)
Многу е супер.
Цирни на youtube,Daniel Waples.Убаини.
Има некоја магија овде дефинитивно :D

П.С. Ako имаш комбинација на hang и didgeridoo нешто како ОВА постирај, во интерес на темава :)
 
Член од
29 март 2013
Мислења
266
Поени од реакции
238
Има некоја магија овде дефинитивно :D

П.С. Ako имаш комбинација на hang и didgeridoo нешто како ОВА постирај, во интерес на темава :)
Само Waples го слушав и се воодушевив.
Неверојатно како позитивно и смирувачки делуваат тоновите/музиката.
Дефинитивно се работи за магија ;)

http://youtu.be/x-mJAxycWR8
 
Член од
30 април 2014
Мислења
16
Поени од реакции
11
580552_10200152382211856_1461372963_n.jpg

Како да се медитира? IZVADOK OD KNIGATA BUDIZMOT I SMISLATA NA ZIVOTOT


Медитацијата не учи како да ја слушаме нашата сопствена мудрост. Многу луѓе учат медитација читајќи од книги, но потребно е да се најде секако одредена институција под водство на искусен учител за таа цел.

За континуитет на умот подобро е да се медитира 5 минути секој ден, наместо 2 часа еднаш неделно. На тој начин, таа станува ваше секојдневие. Потребно е да се има мирно место, да не сте премногу уморни, да се седи исправено и да се носи комотна облека. Нозете да бидат во лотос положба, да се диши од стомакот. Умот треба да биде опуштен но и буден. Тоа не е лесно. Да се биде внимателен посматрач на својот ум и мисли. Мислите и емоциите не треба да се гледаат како ЈАС И МОЕ. Нека течат. Да не ги потиснуваме. Многу е важно пред медитацијата да ја внесете важата мотивација. На пример: медитирам за да ги надминам негативните емоции и врзувањето за егото и така натаму. Мора да се создаде чувство на воља и одлучност во нашите умови. Ако немаме јасна идеја и ефектот ќе биде нејасен. Каква мисла да дојде во умот пуштете ја, не се борете. Ќе замине самата од себе. Тоа се бранови на умот кои ќе станат мирни со време. Бидете љубезни кон себе. Имајте впредвид дека не можеме да ги избегнеме проблемите, но можеме да ја смениме нашата реакција на нив. Сетете се за приказната за Буда и музичарот. Како треба да бидеме наштимани, ни премногу стегнати ни премногу лабави при медитацијата. Да сме правилно наштимани. Ако е енергијата прејака ќе доведе до немир, ако е слаба до замор.

Буда вели: Целта на медитацијата не е да се избега од општеството, целта е да се вратиме во себе и да видиме што се случува таму.

П.С. Дали вревата во мојата глава ви смета?

Се сретнуваат двајца пријатели.
Што прави твојот син ? Дали е уште невработен?
Да. Меѓутоа тој сега медитира.
А што е тоа медитација?
Незнам, но е секако подобро од седење
и неправење ништо.
Што претставува медитацијата?

Толку сме зависни да гледаме надвор од себе до таа мерка што сме го изгубиле пристапот до нашето внатрешно битие. Ако пробаме да допреме внатре, се плашиме да не влеземе во состојба на лудило. Тоа е замката на снаодливото ЕГО, кое не спречува да ја откриеме нашата вистинска природа. Ние живееме толку брзо, со што го елиминираме и најмалиот ризик да најдеме време за да погледнеме во себе. Дури и идејата за медитација ги плаши луѓето. Дури и ако го чујат зборот Без ЕГО или Празнина,луѓето мислат дека ќе бидат доведени во некоја состојба каде што ќе бидат исфрлени во универзумот,вечно лебдејќи во темната,ладна празнина на универзумот. Ништо не е подалеку од вистината. Но, во светот тишината заплашува. Од неа се заштитуваме со голема врева и голема зафатеност.

Не сакаме да погледнеме во природата на умот,тоа е последното нешто што ќе се одлучиме да го направиме.

Медитацијата значи да се запознаеме со позитивната состојба на умот, која се однесува всушност на тренирање на умот. Таа не е само релаксација, опуштање. Треба да се развие висока концентрација и јасна состојба на умот која ќе се користи за анализа, развивајќи голема мудрост. Како свеста така и нашите емоции можат да бидат доведени под контрола, бидејќи се засновани на концепт кој се менува.

Во будистичката медитација се трудиме да развиеме мудрост, намалувајќи ја негативната, а зголемувајќи ја позитивната состојба на умот. Потребен е јасен, мирен и концентриран ум. Посматрајќи го умот мораме да развиеме еден вид на внатрешен шпион, дел од нашето внимание да ја проверува нашата состојба на умот. За да ја намалиме негативната состојба на умот мораме да разбереме од каде доаѓа таа, и да ја трасформираме во позитивна енергија, преку мудроста равиена од набљудувањето на самиот ум. Треба да станеме свој сопствен психолог.

Потребно е да сме искрени кон себе, без залажување. Да сме трпеливи, да се прифатиме себеси, да имаме доверба во себе и да го развиваме сопствениот ентузијазам, за умот да биде тивок. Сите овие фактори мора да се во рамнотежа за да избегнеме поспаност и возбуда при медитацијата. Да пробаме да бидеме свесни, а нештата нека одат по природен тек.

Умот нека биде тивок и празен. Потребен е секако учител и неколку книги на таа тема. Медитантот само сака да се впушти во пријатното чувство, кое го предизвикува медитацијата. Кога ќе се влезе во среќното чувство умот не сака да излезе и да истражува понатаму. Тука остануваме заглавени, и тоа може да стане опасност за медитантите бидејќи се врзуваат за тоа чувство. Потребна е СВЕСТ ВО СМИРЕНОСТА И СМИРЕНОСТ ВО СВЕСТА. Ако е умот тап може лесно да ви се приспие при медитацијата. Кога ќе можеме да ја видиме реалноста онаква каква што е,и кога ќе можеме да ја видиме природата на умот,никаква илузија од ова постоење нема да може да не збуни.

П.С. Никогаш не пропуштајте добра прилика за да замолчите.
 
Член од
14 април 2014
Мислења
38
Поени од реакции
30
Медитација е процес,а секој човек може различно да ја користи..Јас ја користам за да си ја прочистам душата..Има поговорка убаво е да плачеш така се прочистува душата,стави го медитација наместо плачеш и наредена е ;)
 

blue ladybug

Фанг ловер
Член од
5 февруари 2013
Мислења
5.210
Поени од реакции
11.803
Вие што медитирате, може ли да споделите во Скопје каде има курс за медитација? Вие од каде сте научиле правилно да медитирате?
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.668
Поени од реакции
4.397
Вие што медитирате, може ли да споделите во Скопје каде има курс за медитација? Вие од каде сте научиле правилно да медитирате?
Јас по ова си се водам.

http://www.wikihow.com/Open-the-Chakras-(from-Avatar) :D

Додатно на ова апсолутна тишина, лотус позиција, специфичен начин на вдишување и издишување.

П.С За курс не знам каде има.
 
Член од
8 мај 2014
Мислења
2
Поени од реакции
2
Медитацијата не само како дисциплина туку како начин на живот ќе биде опфатена во мојата книга Човекот после Мостот - Ве замолувам да го посетите следниот линк и доколку сте во можност да придонесете за мојата кампања - https://letsfundit.mk/Home/ProjectDetails/142
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.397
Медитацијата не само како дисциплина туку како начин на живот ќе биде опфатена во мојата книга Човекот после Мостот - Ве замолувам да го посетите следниот линк и доколку сте во можност да придонесете за мојата кампања - https://letsfundit.mk/Home/ProjectDetails/142
http://www.redicecreations.com/radio/2014/05/RIR-140514.php
 

Kajgana Shop

На врв Bottom