Со машински, електро и ФИНКИ е многу лесно да се најде работа во Македонија (ако не се зема во предвид моменталната ситуација). Платите со машински за почеток не се многу добри и генерално се движат од 15 до 22.000.
Еден од смеровите со кој е лесно да се најде работа, а и самиот смер е релативно лесен, е индустриско инженерство и менаџмент (ИИМ), Генерално го бараат во странските фирми кај нас кои имаат само производни капацитети, без развоен дел.
Друг добар смер, но доста потежок, е Хидраулично енергетско инженерство. Познавам неколку луѓе кои почнаа со работа уште пред да дипломираат. Мал број на луѓе го бираат овој смер и уште помал број го завршуваат.
Производно инженерство е исто така добар смер и дава одлична основа за работа во металопреработувачка индустрија. Моторни возила, смерот на кој јас завршив, е одличен смер, со одлични професори и добар материјал за учење. Во Македонија со овој смер работа генерално има само во сервисите за автомобили, но лесно е човек да се прилагоди и во други области, пример јас работам во металургиска и метало-преработувачка индустрија.
Смерови кои се доста интересни и звучат просперитетно, а ,по мое мислење, е малку потешко да се најде работа се Енергетика и екологија, Автоматско управување и системи и Мехатроника. Индустријата кај нас не е баш прилагодена и спремна за овие смерови, а и од практично искуство дел од луѓето со овие смерови потешко се снаоѓале со работа.