Во однос на полагањето математика или англиски, бар оваа година е утврдено, за тој и тој факултет МОРА математика, за тој и тој, може англиски. Од лани знам неколку луѓе што се заебаа, полагаа математика за факултети на кој се прифаќаше и англиски.
Единствено треба да се споредувате со тие што се запишуваат на вашиот факултет, зошто и тие полагале математика. Тоа што го ставиле математика како предмет што МОРА да се положи за да се иде на електро, не е колку да ве заебат, баш напротив, таму ќе учите и математика 1 и математика 2 и ќе биде тешко.
Ја полагав англиски на матура, се океј, влегов у државна квота, но замисли како ми беше мене полагањето математика на факс, кога за првпат у живот видов изводи, интеграли... претходно не знаев НИШТО за нив.
Според мене, мора сите да полагаат англиски, како што мора и македонски да се полага. Е сега, тие на електро/пмф што ќе идат, ќе мораат и математика, а тие за другите факултети , ќе изберат друг екстерен како трет предмет.
Зошто свесни сме дека заебанција се интерните полагања,а уствари тие се најбитни за факултет.