Не си обврзан електронски да аплицираш, ама пожелно е доколку имаш можност за да не ти одземе пријавувањето многу време при уписот на 16 август.
Еве ти линк, веројатно мислиш на ова електронско пријавување, треба да имаш профил, па после да ја пополниш пријавата и на крај да го запишеш бројот кој се појавувал во горниот десен агол на крајот од пријавата. Тој бројот треба да го кажиш при уписот.
http://www.upisi.ukim.edu.mk/Account/Login.aspx?ReturnUrl=/
Треба да се однесе
-пријава за запишување
-оригинални сведителства од сите класови
-документ за положена државна матура(оригинално сведителство за завршено средно образование)
-извод од матичната книга на родените
-доказ за државјанство на РМ(уверение или решение)
-потврда за уплата на 300 денари на жиро сметка на факултетот.
Линкот ти е погоре.