Молитвите во сите христијански цркви се слични или исти меѓу себе затоа што на почетокот тоа било една иста црква.Подоцна со поделбата на црквата и со преводите на молитвите на разни јазици молитвите почнуваат да се разликуваат затоа што еден збор во еден јазик нема превод во другиот јазик па така да ги прилагодувале спрема потребите.Молитвата сигурно е преведена на црковно словенски јазик за потребите на тие народи кој што тој јазик им е поблизок.Инаку сите молитви потекнуваат од почетокот на христијанството па до ден денес и има мали измени во нив.Инаку на петок 13 биле убиени скоро сите тие што останале живи биле многу малку така да не можеле да организираат одмазда.Немале стража надвор пред своите касарни затоа што се чувствувале безбедни во христијанска земја и му верувале на кралот,биле убиени во кревет на спиење без да им се даде шанса да се одбранат.Ниту најголемите нивни муслимански непријатели не би им го сториле тоа сигурно би им дале шанса да се одбранат.А тоа дека мирно биле уапсени без борба тоа е историјата на победникот,и според нивната филозофија на не предавање и борење до смрт тешко е да се поверува во тоа.Секој што има служено војска го знае основното правило дека пушката не се дава на никој и тие мечот не го давале затоа што тоа ќе значело дека се предаваат,а тоа во нивниот ментален склоп го немало.
Добро... убаво велам јас - кога се зборува за историјата, треба барем малку да се познава истата...
Прво - немаш најосновни познавања за Христијанството. Ама ич. Молитвите во Христијанските цркви се слични, ама потоа биле преведувани на различни јазици, па затоа се разликуваат?!?!?!?!
А БЕ СЕ ЧИТАШ ЛИ ШТО ПИШУВАШ?!?!?!?!
И не претерувај со идејата дека историјата се пишува од победителите, затоа што толкувањата на историјата се пишуваат од победителите, фактите се факти и за едната и за другата страна.
Така што - ајде малку со факти.
Молитвата, за која ти тврдиш дека не може да се најде напишана во официјални извори, е молитва која секој еден православен монах ја кажува во последниве (речиси) 400 години, е молитва со која повеќето православни цркви го отвораат денот и е молитва која секој еден предан и посветен православен верник ја кажува веднаш по станувањето од кревет. Таа молитва за која ти тврдеше дека не може да се најде напишана, е напишана пред речиси 400 години и ја има во СЕКОЈ еден православен молитвеник (отвори го молитвеникот на МПЦ), а на интернет ја има на речиси сите можни јазици, дури и на македонски - провери на сајтот на Премин Портал.
Молитвата, не е преведена на црковно-словенски, туку е НАПИШАНА на тој јазик, од страна на преподобниот Филарет, Митрополит Московски - кој живее од 1553-та до 1633-та година.
Значи - човекот кој ја ИЗМИСЛИЛ таа молитва се родил 246 години, откако темпларскиот орден престанува да постои. Така што - како тоа се молеле со таа молитва?!?!?! Им се сонила?!
НИКАДЕ во католичкиот свет оваа молитва не се користи! Посочи едно место, еден пример каде што е оваа молитва употребена во католичкиот свет?!
Не е ни можно да постои, затоа што е напишана во форма која одговара само и единствено на црковно-славјанското пеење, а не латинското. Бидејќи немаш никакви познавања од црковните работи - да ти посочам само дека двете се МНОГУ различни!
Така што - јасно е колку знаеш, колку разбираш од оваа тема, не се истрчувај барем непотребно кога ќе ти посочат јасни факти.
А колку до темпларите - истотака не си во право. Потпрочитај малку историја, и ќе видиш дека по укинувањето на орденот и по апсењето во 1307ма година, се убиени не повеќе од 300 членови на орденот. Од останатите, дел се уапсени, судени, но голем дел се откажуваат од орденот и продолжуваат да живеат слободен живот. Интересен факт е што продолжуваат да добиваат "пензија" од црквата, поточно од Хоспиталиерскиот орден. Некои од нив се доста јавни личности и многу познати во своето време, особено во Португалија, провери малку посериозно. Дел се придружуваат на хоспиталиерскиот орден, а многу голем дел пребегнуваат првин во Португалија, потоа во Шкотска, затоа што во тоа време Шкотска е во анатема со Рим.
Само за доказ - во таканареченото селанско востание во Англија во 1381-ва година, учествуваат темпларски одреди, со знамиња и со униформи, со темпларска структура и со темпларски методи на комуникација (патем - артефактите се сочувани до денес), што јасно докажува дека орденот продолжува да постои во Шкотска и по 1307-ма година и дека регрутира нови членови. Истотака се знае дека престанува да биде монашки орден околу 1314-та година, но продолжува да се базира на останатите принципи на братството.
Како што реков - проверувај си најосновни факти и информирај се од различни извори кога пишуваш вакви работи. Не за друго - не е сериозно да пишуваш такви работи, како она во цитатот погоре...