Секогаш пред битка си ја кажувале молитвата на денот(онаа што до пред неколку години ја даваа на мтв точно на пладне во емисијата извор).Не ја знам точно цела ама мислам почетокот беше Господе дај ми сила да го преживеам денот...
Ова е истотака грешка и основно непознавање на релгиозните правила во тоа време...
Молитвата која ти ја наведуваш е ПРАВОСЛАВНА!!! Оригинално е напишана на црковно-словенски јазик! Аман те бе луѓе - проверете основни факти.
Еве го целиот текст на таа молитва, напишана од Свети Филарет, Митрополит Московски (ПРАВОСЛАВЕН):
Господи, дај ми мирно да го примам
она што денов денешен ми го носи
и целосно да и се предадам на Твојата Света волја.
Упати ме и помогни ми во секој миг од денов:
каков било глас да добијам,
научи ме мирно и со цврста вера
да восприемам дека се е по Твојата Света волја.
Управувај со моите мисли, со моите сетила
и со сите мои дела и зборови.
Не допуштај во непредвиден случај
да заборавам дека се од Тебе доаѓа.
Научи ме добро да се однесувам
спрема родителите и спрема ближните,
никого да не го разгневам или да го оскрбам.
Господи, дај ми сили да ја поднесам
Тежината на денот денешен
и се што во него ќе ми се случи.
Управувај со мојата волја и научи ме
да се молам, да верувам, да се надевам,
да поднесувам, да простувам и да љубам.
Господи, дај ми да бидам орудие на Твојот мир,
та таму кај што има омраза да сеам љубов,
кај што има осуда - простување,
кај што има раздор - слога,
кај што има очај - надеж,
кај што има темнина - светлост,
кај што има жалост - радост.
0 Божествен Учителу,
нека не бидам утешуван, туку
јас други да тешам;
нека не ме трпат мене, туку
јас да имам трпение за сите;
не мене да ме љубат, туку
јас сите да ги љубам.
Зашто кога простуваме, тогаш
и нам ни се простува;
кога даваме, тогаш добиваме;
а кога умираме, тогаш се рагаме за живот вечен.
Свет Духу, помошник биди ми
денов денешен да Му Го посветам
на мојот Господ и Спасител.
Господи Исусе, Сине Божји,
поарно е да не се живее
одошто да се живее без Тебе или против Тебе.
Ти благодарам, Боже,
за дарот на овој ден и за секое добро
за коешто ќе ми помогнеш денеска да го сторам.
Избави ме, милостив Боже,
од желбата за самоугодување,
и удостој ме во секој миг да бидам подготвен
заради Тебе и заради ближниот свој
да се откажам од себеси,
зашто за таа служба и Си ми го дал животот.
Помогни ми од себе да го отфрлам
сето она што не е Твое,
а она што е Твое да го примам
во длабока вера, надеж и љубов.
Дај ми ревност со која постојано ќе Ти служам:
да ја поставам правдата над користа,
да го поставам чинењето на благочестиви дела
над минливите задоволства,
да ги поставам другите над себеси
за да ја исполнам Твојата заповед на љубовта.
Стори светлоста на Твојата убавина, добрина
и љубов да заблескаат во мојава душа. Амин.