Дали има некој што може да ми одговори, т.е. дали некој знае што се случува доколку во една држава постојат повеќе големи ложи? За кај нас(во Македонија) сум слушнал дека постојат 4 големи ложи. Сите четири се со различно влијание,англиско, француско, српско и за последната слушнав дека е во формирање и дека ќе има директна подршка од австрија,србија и канада.
Ова не е точно. Во Македонија во моментов има две постоечки Големи Ложи, од кои само една има некаков легитимен извор. Таа е регуларна и призната од регуларната масонерија, а тоа е ГЛМ. Формирана е од УГЛЕ и е призната од меѓународната конференција и ги исполнува критериумите и за регуларност и за признавање.
Другата е апсолутно измислена ложа, која работи по измислени принципи и правила, која служи да собере пари од членовите (наплаќа луди суми за членарина) и нема ни М од масонерија во себе (нема ниту ни правилни ложи, а не нешто повеќе) - формирана од еден шарлатан од Србија (Чеда Вукиќ), кој и таму и во МК постои само за да собере пари и ништо повеќе. Многу луѓе се изгореа со него, и после се чудат што регуларната масонерија не ги признава за масони (а добиваат степени по пошта и слични такви глупости...). Нејсе...
Има и трета масонска група, која сеуште нема формирано своја Голема Ложа, а работи под Големиот Ориент на Франција - но тие иако имаат легитимно потекло, сепак не се регуларна масонерија, затоа што ГОФ има отстапено од принципите на регуларноста уште во 19-тиот век.
НЕМА ниедна ложа која се формира со поддршка од Канада, тоа е измислица.
ГЛМ, единствената регуларна масонска организација во Македонија, има во својот состав 4 поединечни ложи.
Внимателно ги прочитав сите страни од форумот и морав да го поставам прашањето за ложите од причина што вакви слични ситуации има и во други држави и таму со години постојат и работат...па мислам дека имало и спојување на регуларни и нерегуларни ложи под иста капа(сојуз). Како пример може да ја наведам Србија каде е во тек создавање на сојуз мегу масонските ложи кои се во многу голем број(мислам дека беа 8 различни големи ложи).
Ова не е точно. Ова е измислица која се шири од нерегуларните масонски групации во Србија, за да создадат впечаток кај луѓето дека се регуларизираат, што воопшто не е точно. Во Србија има само една единствена регуларна и призната Голема Ложа и воопшто не станува збор за спојување со нерегуларните. Тоа според масонското право не е ни возможно - затоа што во тој случај, регуларната ложа ќе ја изгуби регуларноста. Единствено што може да се направи е членови на нерегуларната ложа да преминат во регуларната, но мора повторно да ги поминат сите степени и целиот процес за да бидат сметани за регуларни.
Што ако ново-формираните ложи во Македонија имаат поквалитетен кадар(членови) и се по број повеќе од веќе постоечките ложи, кој е интересот на Големата ложа од Англија?
Не станува збор за интерес, ниту за "поквалитетни" кадри. Од регуларноста не се отстапува. Ако некој бил "квалитетен" кадар, тогаш немало да се зачленува во нерегуларна ложа. Човек кога се зачленува, дава збор, стои на своите принципи, и држи до вековната традиција. Човек кој се зачленил во нерегуларна ложа (а обично го прават тоа затоа што таквите многу побрзо и полесно примаат), не е таков.
Исто така некаде по нет прочитав дека порано имало многу македонски членови во југословенската ложа, која потоа згласнала и повторно била оформена и повторно имало голем број на членови од Македонија. Што ќе се случи ако некој од тие македонски членови реши да формира ложа во Македонија(претпоставувам дека имаат право да формираат ложа,затоа што се масони) и не ја признаваат постоечаката Македонска ложа формирана 2005 г. Така до недоглед може да се оспорува регуларноста...
Се надевам некој ќе одговори на моите прашања...
Регуларноста не може да се оспорува. Тие членови можат да се зачленат во ГЛМ, но не можат на регуларен начин да формираат своја Голема Ложа, не е тоа процес што може кој како сака да реши да формира ГЛ.