Масони

baksterski

Националист тип 500
Член од
22 февруари 2010
Мислења
431
Поени од реакции
277
Живко Груевски се вика Големиот мајстор во МК.
 
Член од
19 август 2008
Мислења
848
Поени од реакции
130
Ставрогин, туку што попаднав на една интересна дефиниција за тоа што е масон, напишана од некого во 1823-та година... има интересен поглед токму на концептот околу религиозноста и односот кон Бог (се извинувам што е на англиски):
The real Freemason is distinguished from the rest of Mankind by the uniform unrestrained rectitude of his conduct. Other men are honest in fear of punishment which the law might inflect they are religious in expectation of being rewarded, or in dread of the devil, in the next world.
A Freemason would be just if there were no laws, human or divine except those written in his heart by the finger of his Creator. In every climate, under every system of religion, he is the same.
He kneels before the Universal Throne of God in gratitude for the blessings he has received and humble solicitation for his future protection.
He venerates the good men of all religions. He disturbs not the religion of others. He restrains his passions, because they cannot be indulged without injuring his neighbor or himself. He gives no offense, because he does not choose to be offended. He contracts no debts which he is certain he cannot discharge. because he is honest upon principal.

  • Ми се допаѓа
Reactions: zok

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326

Мене една работа ми е контрадикторна со потенцирањето дека е морално да се биде религиозен за да се биде масон.
Има шпекулации дека Тито, Иво Лола Рибар па дури и Раул Кастро, како и голем дел на комунистички видни и помалку видни дејци во Источна Европа, Кина и земјите каде е и бил застапен комунизмот се или биле членови во масонските ложи.
Знаеме дека за да бидеш комунист е предуслов да бидеш атеист па цела оваа работа малку е контрадикторна.
Прашање до зидарски и негово мислење зошто е дозволено луѓе кој се атеисти (комунисти) да членуваат во ложата. Дали ложата е флексибилна, или гледа низ прсти за религискиот дел кога се работи за видни авторитети кој ќе и бидат од помош на ложата?

Погледај го видето подолу од 5.30 каде што Зоран Ненезиќ поранешен мајстор на големата масонска ложа кажува дека голем дел на комунисти се дел од масонеријата во бивша Југославија. Истото суптилно го потврдува и Жикица Груевски кој кажува дека сигурно има дел од комунистичката елита во ложата. но не споменува имиња што е ирелевантно во ситуацијата.
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545
Речиси целото елитно комунистичко раководство на СФРЈ се состоело од предвоени масони. Тито, д-р Иван Рибар (таткото на Иво и Јурица -- двајцата браќа рибар), Стево Крајачиќ, Едвард Кардељ, Моша Пијаде, итн. Раул Кастро бил исто така масон а Куба е единствената комунистичка земја каде масонеријата не била забранета.

Многу масони имаат изјавено дека во еден совршен свет масонеријата нема да биде потребна. Токму на таа „финта“ Јосип Броз и предвоените масони ги злоупотребиле своите масонски врски и ја узурпирале власта. Прогласувајќи ја СФРЈ за комунистичка држава, Тито & co. ги „угасиле“ масонските ложи кои нели, во едно совршено општество, не се веќе нужни. Наместо демократија по Втората светска војна вовеле де факто диктатура која е во директна спротивност со прокламираните масонски начела. Благодарејќи на своите масонски контакти Јосип Броз и останатите екс-Ју масони лукаво балансирале меѓу западниот демократски свет и источниот комунистички лагер. Инаку, комунизмот е политичка идеологија а не верска определба -- комунистот не мора да биде и атеист. Имало и комунисти од западна провениенција кои биле масони: Сандро Пертини во Италија, Салвадор Аљенде во Чиле, итн.
 
Се согласувам со тоа дека е така во денешното општество има можност да бидеш религиозен комунист, но мислам дека во бивша СФРЈ ако си виден член на КПЈ мораш да одиш по Комунистички Манифест од Маркс или ќе те голтни месечината. Таму кај марксовата идеологија се знае дека нема место за трансцеденталност и религиозност, па затоа ми е чудно како гореспоменатите влегле во масионеријата како атеисти.Пример на гробовите подолу не гледам некој религиозни обележја, па не знам како станале богоугодни за масонеријата.

Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545
Се согласувам со тоа дека е така во денешното општество има можност да бидеш религиозен комунист, но мислам дека во бивша СФРЈ ако си виден член на КПЈ мораш да одиш по Комунистички Манифест од Маркс или ќе те голтни месечината. Таму кај марксовата идеологија се знае дека нема место за трансцеденталност и религиозност, па затоа ми е чудно како гореспоменатите влегле во масионеријата како атеисти. Пример на гробовите подолу не гледам некој религиозни обележја, па не знам како станале богоугодни за масонеријата.

Бившата СФРЈ и комунистичките земји воопшто имаа антагонистички однос кон религијата. Сепак, религиозното чувство е многу приватна работа и не значи дека сите комунисти во бившата СФРЈ биле де факто атеисти. И јас се прашувам како тие масони точно ги усогласиле (ако воопшто го сториле тоа) комунистичкиот милитантен атеизам и масонскиот теизам. Идеално, одговорот треба да го даде некој кој бил масон и комунист. Зоран Ненезиќ, на пример, е (бивш) масон и бивш комунист. Тој има пишувано доста за масонеријата но никаде не дава одговор на ова прашање.

Масонската погребна церемонија и облежја на гробот не се задолжителни. Самиот масон одлучува дали сака да биде погребан со масонска церемонија и дали на неговата погребна плоча или гробница ќе има масонски симболи.
 
Член од
10 јануари 2009
Мислења
289
Поени од реакции
3
Се согласувам со тоа дека е така во денешното општество има можност да бидеш религиозен комунист, но мислам дека во бивша СФРЈ ако си виден член на КПЈ мораш да одиш по Комунистички Манифест од Маркс или ќе те голтни месечината. Таму кај марксовата идеологија се знае дека нема место за трансцеденталност и религиозност, па затоа ми е чудно како гореспоменатите влегле во масионеријата како атеисти.Пример на гробовите подолу не гледам некој религиозни обележја, па не знам како станале богоугодни за масонеријата.
Не знам што пишува во тој манифест ама знам дека Маркс бил масон.....o_O
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545
СФРЈ е еден од низата случаи каде масони на високи позиции прекршиле основни масонски начела заради политичка моќ. Бившиот турски „вечен“ премиер (7 мандати) и претседател, Сулејман Демирел е уште еден „блескав“ масонски пример. За да ја добие претседателската кандидатурата во 1964, Демирел преку Големиот Секретар на Врховниот Совет (кој членувал во истата ложа со него) добил писмена потврда дека не е член на масонеријата. Тоа било безочна лага а од правен аспект кривоклетство -- Демирел бил инициран како масон во 1955. Ваквата лага му овозможила на Демирел да добие на избори и подоцна владее со Турција повеќе од 30 години -- се` до 2000 кога му истекол последниот претседателски мандат. Неговата немасонска постапка во 1965 предизвикала раскол во турската масонерија и создавање на нова Голема Ложа на Либерални Масони на Турција призната од Големиот Ориент на Франција (нерегуларна масонска организација). Меѓутоа, во јавноста не била исправена лагата дека Демирел не е масон така што тој непречено си владеел со Турција уште долго време. Тој продолжил да ги користи масонските врски и покрај тоа што го погазил масонскиот кодекс. Како и Јосип Броз.
 
zok

Член од
27 октомври 2008
Мислења
36
Поени од реакции
16
Веројатно тоа е поради тоа што никој (освен господ) не може да види што им е во срцата. Никој не може да го спречи човека да направи злоупотреба на било што, дали е тоа масонство, религија, власт или било што доколку тоа е неговата цел.
 
Се согласувам дека секаде е можна злоупотреба. Ама зидарски вика дека масонеријата има bullet proof заштита од манипулација. Масонскиве скандали го демантираат тоа.
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Да ги прашам македонскиве масони.....до кај е
работата со Templar star-mapping time fabric repair.
Ако воопшто се запознаени со оваа работа.
 
Член од
10 јануари 2009
Мислења
289
Поени од реакции
3
Да ги прашам македонскиве масони.....до кај е
работата со Templar star-mapping time fabric repair.
Ако воопшто се запознаени со оваа работа.
Очигледно бидејќи нема одговор не се запознаени.......ај ти објасни до каде е, што е и како е......
 
Kajgana Shop

На врв Bottom