Езотерички = идеи наменети да бидат откриени само на оние кои се иницирани (посветени).Што е за вас езотерија?
Кои, како да кажам, науки или знаење, ги класифицирате како езотерични и ги изучувате?
Ние реферираме кон самиот масонски ритуал и како наука и како уметност и пред се на тоа се однесуваат моите коментари во врска со езотеријата.
Како што реков - самото спојување со Светиот Дух е езотеричко искуство. Наменето е само за посветените (покрстените), не може да се случи на непокрстени, и се одвива преку езотерички ритуал, кој исто така е наменет само за припадниците на религијата - додека останатите може само да набљудуваат, а не да учествуваат во него (кум не може да биде некрстен)... колку и да не го третираме ова како езотеричко, затоа што ни се чини вообичаено и сме навикнати на него - но сепак, ако се погледнат детаљите, изгледа сосема поинаку.Се вртиме во круг. Во која света книга пишува дека следбеникот на таа религија треба да помине низ некаква иницијација која би имала некои езотерички елементи? Ти се декларираше како Православен Христијанин. Дали можеш да цитираш БАРЕМ ЕДНО место во Библијата каде што се споменува дека си поблиску до Бог преку езотеричка иницијација во полутајно, елитистичко друштво?
Не знам од каде се наметна дискусијата за станување поблиску до Бога... Не верувам дека некаде сум тврдел дека масонеријата те доближува до Бога.Еве едно лично прашање. Дали ти веруваш дека си поблиску до Бог преку членувањето во масонеријата?