Масони

Член од
19 август 2008
Мислења
848
Поени од реакции
130
Во библијата која сега ја држам во рака, Прва Книга Цареви завршува со 7.17 Ај провери да не си грешка??
Седмото поглавје на Првата Книга Цареви има 51 стих. Така што или нешто погрешно си погледнал, или фали дел од книгата што ја имаш пред себе.
Стихот гласи вака (превод Константинов):
21. Подигна столбови пред тремот на Светилиштето; едниот го стави на десната страна и го нарече Јахин; постави друг столб на левата страна и му го даде името Воас.

--- надополнето ---

Од кај знаете дека десниот е Јакин, а левиот Боаз?

Ќе го појаснам прашањево со дилемата што сум ја имал при читањето на Библијата, кога се вели дека Христос седи оддесно на Оца. Чие десно? На гледачот или од божја десна страна?

Така и со столбовите. Од кај знаете дека левиот е Боаз? Дали нараторот во Библијата го кажува ова од перспектива на некој што е во Храмот или на некој кој е пред Храмот?
Односот на лево и десно, секогаш е во однос на Истокот. Храмот е поставен во правец Исток-Запад, Северниот столб (од лево) се вика Боаз (Воаз во некои преводи), Јужниот столб (од десно) се вика Јакин.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.090
Поени од реакции
81.028
Односот на лево и десно, секогаш е во однос на Истокот. Храмот е поставен во правец Исток-Запад, Северниот столб (од лево) се вика Боаз (Воаз во некои преводи), Јужниот столб (од десно) се вика Јакин.
Знам дека болираното е така, во пракса. Но во текстот, ако нараторот се наоѓа во храмот и гледа кон надворешноста, свртен кон влезот, тогаш тој би кажал дека лево е јужниот столб. (иако погоре цитираниот библиски текст за ова е недвосмислен)
...nvm
 
Член од
19 август 2008
Мислења
848
Поени од реакции
130
Знам дека болираното е така, во пракса. Но во текстот, ако нараторот се наоѓа во храмот и гледа кон надворешноста, свртен кон влезот, тогаш тој би кажал дека лево е јужниот столб. (иако погоре цитираниот библиски текст за ова е недвосмислен)
...nvm
Библијата треба многу внимателно да се проучува... никогаш не можеш да извадиш заклучок само од еден цитат, од еден стих - мора да погледнеш се што е во тој контекст напишано (во случајов - што е лево, а што десно и како се гледа на тоа), низ целата Книга. Електронски верзии на Библијата затоа се многу подобри за проучување, затоа што пребарувањето е полесно и поорганизирано.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
263
Поени од реакции
34
Среќни празнични денови со многу успех и здравје во новата 2011 година на сите присутни форумџии тука....
 
Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Хаха ајде и тебе и на останатите, нека стои постот :smir:
 
Член од
10 јануари 2009
Мислења
289
Поени од реакции
3
Седмото поглавје на Првата Книга Цареви има 51 стих. Така што или нешто погрешно си погледнал, или фали дел од книгата што ја имаш пред себе.
Стихот гласи вака (превод Константинов):
21. Подигна столбови пред тремот на Светилиштето; едниот го стави на десната страна и го нарече Јахин; постави друг столб на левата страна и му го даде името Воас.

--- надополнето ---

Не ни претпоставував дека во еден момент ќе испаднам во право...........нормално дека го имаш во секој момент кецот во ракав, што би те извадил од целата ситуација на површина............БРАВО ЗА ТЕБЕ...........не знам дали е скратен или дополнет дел на библијата, само ме чуди зошто се продава како таква, потпишана од Г. Г. Гаврил............поздрав
 
Член од
19 август 2008
Мислења
848
Поени од реакции
130
Не ни претпоставував дека во еден момент ќе испаднам во право...........нормално дека го имаш во секој момент кецот во ракав, што би те извадил од целата ситуација на површина............БРАВО ЗА ТЕБЕ...........не знам дали е скратен или дополнет дел на библијата, само ме чуди зошто се продава како таква, потпишана од Г. Г. Гаврил............поздрав
Ајде, сега ќе испадне дека измилувам работи... Еве ти електронско издание на Библијата - www.svetopismo.com.mk - погледни таму. Еве уште едно издание: http://mkbible.net/biblija/index.php?1 Carevi 1 (ова е конкретно Првата Книга Цареви - погледни сам во 7мото поглавје колку стихови има).
Како што реков - или фалат страници од Библијата што ја имаш или има некаква грешка.
 
Член од
10 јануари 2009
Мислења
289
Поени од реакции
3
Ајде, сега ќе испадне дека измилувам работи... Еве ти електронско издание на Библијата - www.svetopismo.com.mk - погледни таму. Еве уште едно издание: http://mkbible.net/biblija/index.php?1 Carevi 1 (ова е конкретно Првата Книга Цареви - погледни сам во 7мото поглавје колку стихови има).
Како што реков - или фалат страници од Библијата што ја имаш или има некаква грешка.
Еве каде е недоразбирањето - во мојата библија во стариот завет ги пишува 4 книги Цареви а на страниве само 2, Самуил1 на интеренет кај мене е Цареви1....
 
Член од
6 август 2008
Мислења
646
Поени од реакции
17
Не знам дали сеуште е активна темата, но доколку да.. едно прашање до ѕидарски или so mote it be - се едно. Ме интересира ако може подетално да кажете каква е процедурата за аплицирање во земја каде си резидент, но не државјанин или пак во земја каде си резидент и државјанин, но не си роден таму. Ако се сеќавам добро, беше спомнато нешто дека без разлика процедурата оди преку големата ложа на матичната држава.. Благодарам однапред.
 
Ќе се обидам конкретно да одговорам, бидејќи има различни варијации. Во сите варијации зборуваме само и единствено за легален престој во земјата во која би се аплицирало:

1. Ако апликантот е македонски државјанин, кој привремено престојува во Германија на студии или само на 2-5 години работен престој - тогаш е подобро да не аплицира, затоа што самата ложа нема да сака да се занимава со него. Времето кое е потребно за да се направи проверка на кандидатот, времето потребно за да се дојде на ред за иницијација, времето меѓу степените - нема да е доволно. Од друга страна - зошто ложата би вложувала толку труд за некој кој знаат дека таму само ќе ги помине степените и потоа ќе замине... иницирањето на кандидат (и поминувањето низ останатите степени) е многу работа за самата ложа и најмалку што се очекува е дека кандидатот ќе биде редовен член на ложата.
Значи - во овој случај - се препорачува да се почека додека да се врати во Македонија. Има некои земји (Америка, Австралија) каде побрзо поминува тој процес - но сепак, мора да се исполнува условот за престој (обично е минимум една година пред воопшто да се аплицира), а потоа нема никаква гаранција дека ложата во матичната земја ќе го прими тој член - затоа што иако може да ја посетува работата на ложата, не може да стане член, додека ложата не го изгласа.
Исто така - во овој случај ложата која го прима кандидатот мора да направи проверка во матичната земја, преку Големата Ложа - дали кандидатот аплицирал претходно и е одбиен, дали има некаква информација за него која може да наштети на неговата апликација и слично. За ова исто така треба време.

2. Ако апликантот е македонски државјанин, но е постојан иселеник во Канада (на пример), или е на долг престој (да речеме се знае дека ќе остане барем 10-тина години), без разлика дали има канадско државјанство или е само резидент - може да аплицира за членство и да биде примен во локалната ложа. Во овој случај, повторно важи дека Големата Ложа во која аплицира, ќе провери со Големата Ложа на Македонија (и на сите земји во кои живеел претходно) дали е одбиен за членство и дали има некоја причина да не се прими.

Ова значи дека приемот на кандидатот зависи само и единствено од ложата во која аплицира, но таа ложа ќе побара информации од ложата во матичната земја.
 
Член од
6 август 2008
Мислења
646
Поени од реакции
17
А ако станува збор, на пример за студент на пост-дипломски студии кои воедно работи на прилично солидно работно место, а воедно има можности и желба да остане и понатаму во таа земја ? Да бидам и јас поконкретен, ме интересира за Британија. Знам дека се најстарата или уште така наречена мајка ложа на масонеријата, но не ми е познато како варираат во процедурите од САД или континенталните земји...
 
Доколку немаш веќе регулиран престој во Британија, нема да можеш да аплицираш. Една од причините е што ако останеш во било кој момент нелегално во земјата (на пример - ти истече студентската виза пред да добиеш виза за постојан престој), автоматски ја ставаш ложата во непријатна ситуација - бидејќи го нарушуваш законот, ќе мора да те исклучат од членство, а од друга страна, можеби таа ситуација да трае само неколку месеци, па пак да бидеш со легален престој.
Во секој случај би советувал да завршиш пост-дипломски пред да се зафаќаш со ложата, затоа што одзема доста време и бара сериозна посветеност. На тој начин и нема да бидеш во проблематична ситуација - затоа што по завршувањето на студиите, веројатно ќе си го средиш и престојот како што треба.
 
Брокер

Broker of the Year
Член од
25 јули 2009
Мислења
1.227
Поени од реакции
257
Денес случајно налетав, на иницијатива за нова политичка партија, која ќе ја формира Филип Петровски. Супер си викам добро е да има повеќе партии квалитетни партии во кои има надеж.
Меѓутоа кога го видов нивното знаме или грб без разлика многу ми заличи на некое масонско обележје, можеби не сум во право но и во дискусиите сретнав такви тврдења од другите. Па прашањето ми е дали навистина нивното ново лого е масонски знак или пак не

Кајганеро

Немој не ме радуј!
Член од
3 јули 2010
Мислења
2.823
Поени од реакции
2.693
Денес случајно налетав, на иницијатива за нова политичка партија, која ќе ја формира Филип Петровски. Супер си викам добро е да има повеќе партии квалитетни партии во кои има надеж.
Меѓутоа кога го видов нивното знаме или грб без разлика многу ми заличи на некое масонско обележје, можеби не сум во право но и во дискусиите сретнав такви тврдења од другите. Па прашањето ми е дали навистина нивното ново лого е масонски знак или пак не

Знаков повеќе ми личи на =],него на некаков масонски симбол.
 
Член од
11 јуни 2010
Мислења
230
Поени од реакции
74
Мене ми личи на масонски знак, инаку не ми се свиѓа многу како знак за партија некако.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom