Не знам дали сеуште е активна темата, но доколку да.. едно прашање до ѕидарски или so mote it be - се едно. Ме интересира ако може подетално да кажете каква е процедурата за аплицирање во земја каде си резидент, но не државјанин или пак во земја каде си резидент и државјанин, но не си роден таму. Ако се сеќавам добро, беше спомнато нешто дека без разлика процедурата оди преку големата ложа на матичната држава.. Благодарам однапред.
Ќе се обидам конкретно да одговорам, бидејќи има различни варијации. Во сите варијации зборуваме само и единствено за легален престој во земјата во која би се аплицирало:
1. Ако апликантот е македонски државјанин, кој привремено престојува во Германија на студии или само на 2-5 години работен престој - тогаш е подобро да не аплицира, затоа што самата ложа нема да сака да се занимава со него. Времето кое е потребно за да се направи проверка на кандидатот, времето потребно за да се дојде на ред за иницијација, времето меѓу степените - нема да е доволно. Од друга страна - зошто ложата би вложувала толку труд за некој кој знаат дека таму само ќе ги помине степените и потоа ќе замине... иницирањето на кандидат (и поминувањето низ останатите степени) е многу работа за самата ложа и најмалку што се очекува е дека кандидатот ќе биде редовен член на ложата.
Значи - во овој случај - се препорачува да се почека додека да се врати во Македонија. Има некои земји (Америка, Австралија) каде побрзо поминува тој процес - но сепак, мора да се исполнува условот за престој (обично е минимум една година пред воопшто да се аплицира), а потоа нема никаква гаранција дека ложата во матичната земја ќе го прими тој член - затоа што иако може да ја посетува работата на ложата, не може да стане член, додека ложата не го изгласа.
Исто така - во овој случај ложата која го прима кандидатот мора да направи проверка во матичната земја, преку Големата Ложа - дали кандидатот аплицирал претходно и е одбиен, дали има некаква информација за него која може да наштети на неговата апликација и слично. За ова исто така треба време.
2. Ако апликантот е македонски државјанин, но е постојан иселеник во Канада (на пример), или е на долг престој (да речеме се знае дека ќе остане барем 10-тина години), без разлика дали има канадско државјанство или е само резидент - може да аплицира за членство и да биде примен во локалната ложа. Во овој случај, повторно важи дека Големата Ложа во која аплицира, ќе провери со Големата Ложа на Македонија (и на сите земји во кои живеел претходно) дали е одбиен за членство и дали има некоја причина да не се прими.
Ова значи дека приемот на кандидатот зависи само и единствено од ложата во која аплицира, но таа ложа ќе побара информации од ложата во матичната земја.