Изгледа и во Франција, и во Америка се неспособни бидејки се случуваат многу почесто од кај нас масакри па и убиства. Никој ама баш никој (или ептен се мали шансите) да се спречи такво нешто.. способноста се гледа дали ќе ги најдат.
Финтата е што во Франција потфрлија грдо зашто имале информации за типот и го следеле а не успеале да го спречат она што го направил, исто е и во Америка, константно се следат терористичките келии, постојат шанси да има одредени дупки во истрагата и тоа да се одрази катастрофално за нив, ко 9/11 на пример али и тоа е друг муабет и сосема е вон темава ...
Она што треба нас да не загрижува е дека за нивниве планови никој не знаел се до моментот кога 4 деца и еден возрасен човек не беа ладнокрвно убиени ( ова ништо не не може да го оправи, огромна штета ни е нанесена ), празен лист хартија бевме до тој момент, способноста не се гледа само со наоѓањето иако тоа е за поздрав, браво, но способноста се гледа и во превенцијата на ваквите напади, во Америка знаеш колку напади се спречени ? Кај нас 1 од 1 се ... за жал морам и ова да го додадам, сега за сега, таква ни е состојбата во земјава, јебига.
Али после овој настан верувам дека нештата драстично ќе се сменат само не требаше да чекаме да се деси вакво нешто, поготово не зашто пред 10 години имаше воен конфликт во земјава, од Косово константно доаѓаа закани преку фудбалски натпревари и слично, поготово периодов бевме сведоци на низа немили настани, едноставно не сме во состојба за жал да се однесуваме ко '' Швајцарија на Балканот ''; тоа ти е класичен нонсенс, утопија, нешто нереално.
Во секој случај, се надевам дека истрагата ќе се продлабочи а за ова од помош треба да се и други земји, треба да се дојде и до нарачателот, до самиот мозок на овој грозоморен чин зашто сепак постои веројатност ова да се повтори, а исто се надевам дека и паметно ќе постапиме и нема да наседнеме како во минатото, тоа едноставно не смее да се случи.