Нека почиваат во мир, многу ми е жал за децата, за нивните роднини.
Најмногу ми е криво што невини деца страдаат поради гарнитурава која што полека но сигурно ПАК ќе ни донесе војна. Ако се открие дека сторителите се Албанци, тогаш ќе има повторно сериозно нарушување на етничките односи.
Што се дешава во оваа држава и самите не сме свесни, одамна го допревме дното. Безразлика дали се Македонци или Албанци, Турци итн, сепак се работи за деца, деца кои што немаат никаква врска на матните игри на нашиве политичари, местачите на тендери и ванаби патриоти.
Се срамам што живеам во ваква држава.