Доколку власта го оркестрирала инцидентот, како што некои по социјални медиуми тврдат, тогаш сигурно имало некоја цел. Еве сме денес, цели две години после настанот, јас не можам да видам што добива власта од убиството.
Сигурно не рекле, ај ќе убиеме петмина и после ќе обвиниме некои недолжни од утепани села колку само да се дешава нешто.
Флертување со западните земји, демек овде имаме тероризам, демек го подржувате погрешното население, подржувате муслимани, обид да се оцрнат уште повеќе албанците, повлекување на вниманието на полицијата и армијата од некој процес, понатамошно непријателсување на македонците со албанците, запирање на нашето помирување, покачување на исламофобијата, покачување на *свеста* кај македонците.
Дали можеш да негираш дека барем пола не се остварило?
Можеби овие се сторителите, но мотивот не верувам дека е тој. Повероватно ми е дрка некој наркобос мисли дека може со држава да војува, па овие ја злоупотребуваат трагедијава.
Со самите првични изјави за случајов, со влегувањето кај десетици албански куќи, за приведувањето на десетици вклучувајци и стара жена, со целиот судски процес, со прикажани докази како фејсбук страници и националистички песни и книги со верска содржина јасно покажува дека максимално сакаа да поентираат од овој случај, очекувајќи дека од албанска страна ќе има реакции (за кои искрено мислам дека биле побуцнувани да се случаат, затоа што таков масивен протест никогаш не се случило) кои ќе бидат обоени како одбрана за убијците, поентирајќи уште повеќе, и покачувајќи ја уште повеќе етничката нестрпливост.
Обвинителството со обвинението како ја претставиле искрено ме зачудува како може да е вероватно тоа, можеби имаат право, но направија многу препусти за да не се сомневам.