karan aj malku smiri toa mozokot kaj vide vo martinkite neshto bugarsko grkofilo-srbomanu
Не се пали, ќе прегориш за џабе...
Имав во предвид дека во Македонија не се честита Баба Марта. Друго нешто е што според македонската традиција мартинките се прават од бел и црвен конец, а само во некои краишта (најверојатно под влијание на бугарската традиција) се вметнува конец во друга боја.
Иначе далеку од тоа дека мартинките се нешто бугарско, иако тие самите така се лажат.
Овој обичај е посветен на месецот Март, бидејќи во времето на Римската Империја Март бил првиот месец од годината, односно првиот пролетен месец (годината започнувала напролет). Во разни краишта каде владееле Римјаните се останати различни верувања за оваа своевидна "Нова Година". Најраспространети се верувањата поврзани со метеоролошките предвидувања
http://www.e-forwards.com/2012/03/happy-month-of-march/.
Во Македонија тоа се Бабите (оттука Март е наречен Баба Марта). Според верувањето:
"луѓето кои ги пресретнале бабите им рекле дека времето не е дојдено за напасување на добитокот и дека Сечко сеуште може да ги покаже своите заби на што бабите подбивно одговориле: „Тиц кози јарина, серам сечко брадина!“.
Сечко (Февруари) којшто ги слушнал бабите налутен и навреден од нивната дрскоста ја замолил Марта (месецот Март) да му позајми некој од нејзините денови, дувнал со силен северен ветер, настанала лапавица и ги скаменил Бабите на самото место кадешто може да се видат и денес.
Од тогаш деновите до 14 март му припаѓаат на Сечко, а деновите до 20 март на бабите. Во годините кога времето од 14 до 20 март е сончево се вели дека бабите се добри, а во оние години кога е студено дека бабите се лоши." Ова е текстот од нашиот софорумџија
Eddie Rebel http://cooltura.mk/?p=2910, а вакви локалитети поврзани со легендата има на етничката територија на Македонија на повеќе места.
По нашиот верски календар 1 март е на 14 март
, па затоа можеби поправилно би било мартинките да се врзуваат на 14 март, но бидејќи се работи за празнување на првиот пролетен месец, а мартинките се наменети токму за тоа, не е погрешно.
Според некои мартинките се остаток од предримското население (Траките, Македонците, Дакијците.. овој обичај е присутен во Македонија, Бугарија, Романија, Молдавија, Југоисточна Србија) кога Ксантика се нарекувал првиот месец на пролетта и се одбележувал со повеќе манифестации.
Мислам дека не е лошо да си ги почитуваме традициите онака како што нашите предци го правеле тоа.
p.s. На еден форум прочитав дека празникот не бил македонски бидејќи бил бугарски. Потоа пронајдоа дека е поврзан со античките Македонци, а заклучокот беше ист: Тоа е доказ повеќе дека не е македонски туку бугарски, бидејќи ние не сме поврзани со античките Македонци.