Мартеница/мартинка

sonne

војвода
Член од
26 мај 2006
Мислења
2.664
Поени од реакции
123
Според македонската традиција мартинките се ставаат на рака на 14 март според верскиот календар (јулијанскиот) со кој се служат Македонците т.е. на истиот ден (1 март) како и во Бугарија и Романија кои се раководат по грегоријанскиот календар.
Инаку нема смисла да се определува чиј е (македонски, бугарски, романски) бидејки очигледно е стар пагански, предхристијански обичај.
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Ми подарија едни Бугари на семинар лани, и ја носев цел март, а после тоа ја извадив и ја закачив на првото расцветано дрво - на Јас и Ти, на кружен тек. :pipi:
Убав обичај е, симболичен, само кај нас ретко знаат да ти подарат. Велат, подарена мартинка е знак за топло пријателство и среќа.
 
Член од
25 септември 2008
Мислења
8.785
Поени од реакции
1.556
Ни даваја у основно си ги носевне.:toe:
 
Член од
27 март 2009
Мислења
3
Поени од реакции
0
Народна митологија
На 1 март се смета дека овој ден студии влегува на четириесет метри во земјата. Од месец март може да се очекува се. И добро и лошо, и сонце и снег, и денови на прочистување, подредување на душата.Март е месец во кој народот се подготвува и за едно друго раѓање - Воскресението.
Во народната претстава Баба Марта е своенравна и капризна. Додека се смее, одеднаш заплаче. Често во март, кога има убаво време луѓето се лажат и заработуваат стадата на паша. Во предниот Марта брзо потсетник за себе, испратила студ и мраз, а стадата и пастирите се вкаменјават засекогаш. Познато е дека Марта може лесно да разсмее, но и да разплаче. Нарекуваат ја "единствениот женски месец во календарот", но според една приказна месец март некогаш бил маж. Тој си имал две жени: едната - грда и стара, другата - убава и млада. Кога Март гледал првата времето ставало студено и ветровито, кога погледнал втората - стоплјало се и сонцето Греј.
Ритуали
На 1 март бугарката чисти куќата си - да свети и грее од чистота, како пред секој нов почеток, изтупва дјушеците на сонце, подготвува убаво дом.
Гаданија и предвидувањата. Мартеницата се врзува за здравје и плодност. По неа девојките можете да познаете и каков ќе биде мом'к'т, за кого ќе се омажам. Кога ќе видат првата лјастовица или шт'ркел или првото ц'фнало дрво, ја остават под камен. Поглеждат ја само кога сонцето се зав'рти повторно во есен и зима, т.е точно по половина година. Ако под мартеницата се полепнали мравки ќе е беден нивниот избраник. Ако закачат мартеницата на ц'фнало дрво, ќе се румен и здрави во текот на целата година. Ако мартеницата се фрли во реката, злото ќе се оттече и се ќе в'рви како по вода. Многу распространето и до денес е верувањето, дека ако секој си нарече еден ден од март, по него ќе погоди која година му претстои.
Симболи
Мартеницата е типичен бугарски обреден карактер. Закичва се за здравје и долг живот, за плодност и изобилство. Изработува од усукани памучен или волнени конец. Основните бои се бела и црвена. Белата боја е боја, симбол на чистота и невиност, на радост, убавина. Црвеното е боја на виталност, здравје и љубов оган. Црвеното е светлината на горењето и залјазваштото сонце, на огнот, победата и животот. Во Родопите мартениците се прават од многу бои, во Софија дел од основните бои се сина и црвена. Сината боја е поврзан со небото и водата - два од четирите главни елементи на светот. Се смета за белег на Божествената вечност и заедно со тоа на аристократичност. Зелена боја е знак на плодност, здравје, зголемување, празничност. Кога се прави мартеницата конец задолжително се усуква лево. Традиционалната бугарска мартеница вклучува и различни елементи и симболи: куќиште од охлјуви (за здравје и сила), м'ниста (против настава), паричка (за просперитет).



Не знам како е во Романија, но ете колку е сакан и почитуван кај нас Бугарите:









 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114
во вторник сите со мартинка на рачињата - :vozbud:
и не е точно дека кај нас е непознат обичај, но бугарите премногу значење даваат - навелико се продаваат мартинки и не само за на рака- они дури и на посебни дрва ги закачуваат-дрвата изгледаат ко новогодишни накитени елки - (нз дали беше дрен или???)

убаво напиша македонцки : Мартиниките, МАКЕДОНСКИ ОБИЧАЈ кој влече корени од антиката
а за значењето на мартинката- интересно ќе е да се чуе од некој поупатен
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114
е ај честита Баба Марта - женскиот месец во годината -(потсетување дека се ближи 8 Март)


 

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.719
Да се потсетиме, во име на традицијата.

Мартинка – знак за доаѓање на пролетта

Велат дека подарена мартинка е знак за топло пријателство и среќа. Постојат различни обичаи кога станува збор за традиционалното подарување на мартинка.


Сигурно кога сте биле помали сте носеле мартинка. Најчесто мартинка плетат бабите и им ја врзуваат на своите внуци, а се носат за здравје, среќа, плодност и долг живот. Таа се прави со испреплетување на бел и црвен конец. Црвената боја ја симболизира крвта и љубовта, а белата асоцира на чистота и искреност. Мартинката се подарува на првиот ден од месец март, во чест на Баба Марта. Истата се носи на левата рака или закачена на облеката сè додека расцвета првото дрво (според некои верувања додека не ја видите првата ластовичка или првиот штрк). Потоа се закачува на него со желби за здравје за себе и за добро здравје на своите најблиски.
За жал традицијата полека се губи, па многумина не го знаат овој интересен обичај.
 

shutrak

opsenar
Член од
3 јуни 2011
Мислења
37.636
Поени од реакции
31.498
karan aj malku smiri toa mozokot kaj vide vo martinkite neshto bugarsko grkofilo-srbomanu
 
N

Nessa Alcarin

Гостин
Минатата година после мнооогу години пак си ставив мартинка на рака. Кога бев мала баба ми ми подаруваше и ги носев, таа ми велеше дека се амајлии против урок и дека ќе ме штитат. Минатата година исто се запознав и со традицијата што ја имаат во Бугарија, зошто мојот драг колега секогаш кога ќе ме видеше со мартинка ме правеше Бугарка и плус по потекло од Струмица сум, значи Бугарка на квадрат ( има среќа што се уште му стојат предните заби :) ). Традицијата во Бугарија нема врска со нашата традиција, ние никогаш не сме ги врзувале мартинките на првото расцветано дрво, и како што кажа еден член погоре, некаде на средина на месец се ставаат на раце. Секоја држава си има сопствена, различна традиција, затоа и сме различни држави.
Оваа година пак ќе носам мартинка, повеќе во чест на баба ми.
 

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.719
karan aj malku smiri toa mozokot kaj vide vo martinkite neshto bugarsko grkofilo-srbomanu
Не се пали, ќе прегориш за џабе...:icon_mrgr:
Имав во предвид дека во Македонија не се честита Баба Марта. Друго нешто е што според македонската традиција мартинките се прават од бел и црвен конец, а само во некои краишта (најверојатно под влијание на бугарската традиција) се вметнува конец во друга боја.

Иначе далеку од тоа дека мартинките се нешто бугарско, иако тие самите така се лажат.
Овој обичај е посветен на месецот Март, бидејќи во времето на Римската Империја Март бил првиот месец од годината, односно првиот пролетен месец (годината започнувала напролет). Во разни краишта каде владееле Римјаните се останати различни верувања за оваа своевидна "Нова Година". Најраспространети се верувањата поврзани со метеоролошките предвидувања http://www.e-forwards.com/2012/03/happy-month-of-march/.
Во Македонија тоа се Бабите (оттука Март е наречен Баба Марта). Според верувањето:
"луѓето кои ги пресретнале бабите им рекле дека времето не е дојдено за напасување на добитокот и дека Сечко сеуште може да ги покаже своите заби на што бабите подбивно одговориле: „Тиц кози јарина, серам сечко брадина!“.
Сечко (Февруари) којшто ги слушнал бабите налутен и навреден од нивната дрскоста ја замолил Марта (месецот Март) да му позајми некој од нејзините денови, дувнал со силен северен ветер, настанала лапавица и ги скаменил Бабите на самото место кадешто може да се видат и денес. Од тогаш деновите до 14 март му припаѓаат на Сечко, а деновите до 20 март на бабите. Во годините кога времето од 14 до 20 март е сончево се вели дека бабите се добри, а во оние години кога е студено дека бабите се лоши." Ова е текстот од нашиот софорумџија Eddie Rebel http://cooltura.mk/?p=2910, а вакви локалитети поврзани со легендата има на етничката територија на Македонија на повеќе места.
По нашиот верски календар 1 март е на 14 март :), па затоа можеби поправилно би било мартинките да се врзуваат на 14 март, но бидејќи се работи за празнување на првиот пролетен месец, а мартинките се наменети токму за тоа, не е погрешно.

Според некои мартинките се остаток од предримското население (Траките, Македонците, Дакијците.. овој обичај е присутен во Македонија, Бугарија, Романија, Молдавија, Југоисточна Србија) кога Ксантика се нарекувал првиот месец на пролетта и се одбележувал со повеќе манифестации.
Мислам дека не е лошо да си ги почитуваме традициите онака како што нашите предци го правеле тоа.

p.s. На еден форум прочитав дека празникот не бил македонски бидејќи бил бугарски. Потоа пронајдоа дека е поврзан со античките Македонци, а заклучокот беше ист: Тоа е доказ повеќе дека не е македонски туку бугарски, бидејќи ние не сме поврзани со античките Македонци. :pos:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom