Maриуаната е дрога
врти сучи то е
Е сега деца мислат дека на финта “марихуаната лечи рак“ ќе можат да ја пијат легално и да се прат ненормални.
Мариуаната не лечи рак. Не постои медицинско и клиничко испитување кое тоа го потврдува. Таа ги олеснува тегобите при хемотерапии или ги намалува симптомите но не ја лечи - барем тоа не е научно докажано. Боб марли вдишал појќе мариуана во живот од колку кислород па умрел од рак.
Е сега дека е слаба дрога - е. Таа е заоволителна за чоек се дур не се жени, после не помага и мора да се премини на појаки. Најчесто ја пушат подпросечни деца на кои им треба стимул и помагало да напрат нешо креативно во животот, без мариуана ќе дремат в соба бези идеја и инспирација, а од ко ќе испафкаат 2-3 џојнти ќе седнат и ќе творат нешто некоја песничка или слика ќе нацрта, ко ќе помини дејството, пак стануваат неинтересни, така да тука мариуаната помага да и тие се најдат понекогаш во центар пажње. Неа ја гледам како помошно средство за неинвентивни луѓе, нешо како патерици за инвалиди.
Марихуаната не влијае еднакво при вдишување и при користење на масло.
Можеш да пушиш по 15 џоинти дневно, нема да ти пројде ништо, најверојатно и ќе фатиш рак.
Што се однесува до долниот дел, тебе некој на лична база ќе да ти има згрешено.
Бидејќи тоа звучи многу повеќе на лечење комплекси отколку на став изграден на факти.
И кафето и алкохолот е психостимулативна супстанца.
И банана, додуша.
Знам дека сакаш да си ја задржиш репутацијата на вечно-инспириран форумски шут, меѓутоа ако сакаш да зборуваш дека не било фора марихуана да се пуши за стимулирање на креативност, нека не е нит кафе, нит алкохол, нит шеќери.
Не е магична билка која наеднаш ќе ти насади хумор или креативност во глава.
Жал ми е што не си имал позитивно искуство со истата, меѓутоа вакви тантруми немаат никаква нота на вистина.