Макфест (не) згаснува

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.336
Поени од реакции
57.926
Не е толку важно дали ќе има или ќе нема. Макфест е згаснат одамна. Макфест беше фестивалиште на кое настапуваа класа пејачи и од каде излегоа еден куп евергрин хитови.

Ваков Макфест, како последниве години, подобро да нема. Можеби тогаш ќе ни светне дека како држава треба да финансираме и организираме еден квалитетен музички фестивал, како што е тоа случај во другите земји. Па да му го вратиме сјајот на Макфест.

Или пак ќе си продолжиме со импровизации, колку да се каже дека ете, имаме фестивал, традицијата продолжува, ти реков, ми рече...
 
Член од
3 февруари 2007
Мислења
293
Поени од реакции
30
Nemam link, nego od sigurni izvori znam deka ke ima, zasega se ide u najdobar red.
 
Член од
16 август 2008
Мислења
3.293
Поени од реакции
637
Стојан Троицки

Состојбите околу Макфест се повеќе од алармантни!

Во пресрет на 24-тото издание на најуспешниот македонски фестивал на лесни ноти и рефрени - Макфест, оваа музичка манифестација се најде во најтешкиот момент од своето четврт век постоење. Имено, заради сериозните проблеми на генералниот покровител на Макфест - компанијата Фершпед, доведена е во прашање неговата понатамошна судбина, вклучувајќи го тука и актуелново издание, закажано за октомври. За тоа дали она што нема да успее да го уништи ќе го направи посилен, но и за многу други нешта, разговаравме со првиот човек на Макфест, директорот Стојан Троицки

Што се случува со Макфест 2009? До каде се подготовките врзани за актуелното издание?

Подготовките врзани за фестивалот се одвиваат според планираното. Песните се избрани и тргнавме во производство на музика. Одредени се распореди на снимање и реализација на песните, се одбираат пејачи и аранжери... Фестивалската шема останува стандардна – дебитантска програма, две полуфинални вечери и финале. Бидејќи тоа се покажа како доста ефикасно, во тој поглед не би менувале ништо.

Каков е квалитетот на пристигнативе композиции?

По првата селекција не бевме задоволни од пристигнатите песни на конкурсот, па истиот го продолживме. Потоа, штом решивме да го затвориме конкурсот, тоа значи дека сме задоволни од програмата. Сепак, реално да зборуваме, не станува збор за некоеси атрактивно ниво...

Освен авторите, дали се познати и имињата на изведувачите кои годинава ќе настапат?

На две третини од материјалот се познати имињата на пејачите. За останатото се разговара и се преговара.

Можеме ли да најавиме некое атрактивно име?

Тоа е релативна работа... Тука се Дани, Ристо Самарџиев, Ѓоко Танески, Влатко Илиевски... Се преговара со Сања Лефкова, Филип Јордановски, Ламбе Алабаковски, Јоце Панов, група Камелеон, Роберто Поп-Димитров... Во план е и да ја поканиме Андријана Јаневска, како и уште неколку имиња. Сепак, тоа зависи најмногу од карактерот на песните. Ние тоа гледаме да го усогласиме и со карактерот на пејачот, па се да биде како што треба.

Како гледате на фактот дека големите пејачки имиња од калибарот на Калиопи и Каролина ги нема на домашните фестивали, вклучувајќи го тука и Макфест, а ги има на фестивалите во соседството...?

Тоа е тема за дискусија. Во нашава земја знаеме да си ги минимизираме сопствените вредности, на сметка на глорификација на другите. Јас немам ништо против фестивалите во соседството. Тие се сосема во ред. Но, отсуството на пејачите од домашните фестивали е понижувачко, пред се за самите нив, а не за фестивалот на кој не доаѓаат. Мене тоа воопшто не ми се допаѓа, но зошто тие го одбегнуваат Макфест и другите домашни фестивали, најдобро е да ги прашате нив. Навистина не знам како тие ги доживуваат настапите на фестивалите во соседството? Дали како туристичко патување, или не знам што...?! На крај, само ќе подвлечам дека си ги понижуваме сопствените вредности.

Но, дефинитивно за Макфест би било убаво на сцената да ја има Калиопи, или Гочева...?

Калиопи од наша страна е повикувана повеќе пати, било како автор, било како изведувач. Но на некои наши изведувачи како да им е понижување да настапуваат на македонски фестивали... Тоа е крајно контрапродуктивно – место да ги засилиме сопствените вредности, ние ги игнорираме, а македонската забавна музика не е толку наивна и банална како што се мисли, за разлика од фестивалите во поранешните ју-простори каде тие настапуваат... Затоа, прашајте ги нив зошто го избегнуваат Макфест, а ќе се степаат да отидат на Избор за песна на Евровизија, каде ќе доживеат разни фијаска...!?

Што станува со настапот на странските пејачи на Макфест?


Со самото укинување на интернационалната програма, се вративме на домашен терен. Тоа беше интересно за меѓународниот престиж на фестивалот, но не и за домашна употреба. Ние имавме ситуација еднаш да се емитува таа интернационална програма на ТВ и никогаш повеќе да не се заврти.

Тогаш сфативме дека беспотребно трошиме огромни пари. Освен тоа, ние на Макфест носевме значајни меѓународни музички имиња, било да се продуценти, аранжери или изведувачи, кои како да не беа провокација за домашните медиуми и публика. Еве, на пример, изминативе години на Макфест претстојуваше едно од маркантните музички имиња на Англија – Ле Рид, заедно со Роџер Кук, но никој не знаеше за кого воопшто се работи. А, тој како автор на Дилајла го измисли Том Џонс, на пример... Затоа кренавме раце од трошење пари за таква програма и се вративме на стимулација на домашното творештво.

Но, зошто како некогаш, пејачите од поранешна Југославија повторно не би настапувале на Макфест и би пееле на македонски...?


Таа размисла е сe повеќе присутна кај нас, иако јас лично и не сум голем приврзаник на тоа. Сепак, ќе видиме како тоа ќе се развива низ годините. Тоа што можам да откријам е дека годинава примивме една композиција од српски автор. Баладата на Бранко Вишниќ ќе биде претставена на Макфест, а ќе ја испее домашен изведувач. Со тоа покажуваме дека лека-полека ги отвораме вратите за поранешните ју-простори. Се разбира, вокалната изведба е на македонски јазик.

Но, има тука и една друга приказна... Пред неколку години втората награда на Макфест ја освои Емилија Кокиќ, некогашната пејачка на Рива, но веднаш по фестивалот таа си замина за Хрватска, па медиумски беше неупотреблива за нашиот пазар. Ниту можеа да ја викнат во емисија, ниту да се сними спот... Григор Копров, кој ја компонираше таа песна, одлично ја знае целата работа...

Затоа лично сметам дека сите меѓународни опции треба да ги канализираме преку шоу-програми и меѓународни вечери. Е, тука ние го бараме тој меѓународен карактер на фестивалот. Најпосле, последниве години на Макфест ревијално настапија и Нина Бадриќ, Горан Каран, Кубизмо... На крајот на краиштата, ќе повторам дека мисијата на Макфест е стимулација на домашното творештво!

Со оглед дека последниве месеци јавноста е запознаена со сериозните проблеми на компанијата Фершпед, генерален покровител на Макфест, се доведува ли во прашање одржувањето на актуелново издание и опстанокот на фестивалот? Колку навистина ситуацијата е алармантна?


Работава е премногу загрижувачка, а јас би рекол дека ситуацијата е повеќе од алармантна. Точно е дека ние работиме со полна пареа, но... Имавме консултации со нашиот генерален покровител и стриктно ни беше кажано дека ситуацијата е многу сериозна и дека ќе биде исклучително тешко годинава да се финансира фестивалот. Затоа јас, за разлика од поранешните години, добив дозвола да работам на пронаоѓање на нови спонзори. Тоа го работам со полна кондиција и можам да кажам дека веќе имаме некои благопријатни резултати.

Во секој случај, ние нема да дозволиме Макфест годинава да не се одржи и покрај огромните, во овој момент би кажал и непремостливи проблеми. Како и да е, одиме со Господ напред и со надеж дека ќе биде добро.

Дали во меѓувреме стапивте во контакт со Министерството за култура и со други институции кои би го потпомогнале фестивалот, кој веќе четврт век го разубавува македонското секојдневие?

Ни самиот не знам како да искоментирам еден секојдневен парадокс. За сега би бил воздржан... Ние ја немаме поддршката од Министерството за култура, иако многу пати сме аплицирале на нивните конкурси. Дури никогаш не ни добивме негативен одговор, единствено што во весниците не го наоѓавме Макфест меѓу имињата кои поминале на конкурсот за финансиска поддршка. Искрено, малку е поразувачки тој факт, а за нас е и поразително тоа - дека може фестивал кој четврт век дава исклучителни резултати да биде изолиран од помошта од државата.

Никогаш не ми била јасна таа политика – врз кој критериум се делат парите. Многу пати кога ќе видам кој сe ја добива поддршката од Министерството за култура, искрено се фрапирам од тоа што ќе го видам.

Дали се знае колкав е минималниот буџет за одржување на Макфест 2009, или тоа, сепак, спаѓа во доменот на деловна тајна?

Тоа е деловна тајна, но не е малку. Со стандардите што ги има и ги негува, цената на Макфест е малку посериозна. Можеби тоа и не се некои астрономски суми, но не се ни мали...

Што во одбрана за опстанок на Макфест можат да направат медиумите, поддржувачите и почитувачите на фестивалот, луѓето од естрадната фела...?

Ние сега работиме да го спасиме Макфест. Оваа година е таква. Се плашиме дека ако застане, веќе никој нема да може да го покрене, а од друга стана, и зошто би застанал? И зошто ние како општество би дозволиле да запре една таква манифестација?

Доколку тоа сепак се случи, и Макфест згасне, навистина би било штета, иако некому за тоа и не му е гајле премногу... Моето мислење е дека Макфест е значаен сегмент за естрадната култура на Македонија, а да не зборуваме за сите придобивки кои фестивалот и ги има донесено на државата. Освен тоа, Макфест досега продуцираше околу 800 композиции, што воопшто не е мала бројка...

Факт е дека ова е пресудна година за фестивалот?

Се случи да испадне така, иако ние бевме во редовна кондиција пред ова да нe измести од колосек. Заради тоа некои планови врзани за меѓународната комуникација моравме да ги менуваме. Сепак, и на тоа поле останавме активни. На 18 јуни во Турција, во Анталија, се случи реализација на иницијативата на поранешните членови на ФИДОФ – Светската федерација на фестивалите – таа асоцијација од Америка да се пренесе во Европа, со оглед на тоа дека нејзиниот претседател е починат.

Така по ФИДОФ ја добивме WAFA – World Association Festival and Artist, или во превод Светска асоцијација на фестивали и артисти. Новата асоцијација за земја на своето седиште ја има избрано Малта, а истата веќе има претседател и секретар и свое лого. Мене ми е многу драго што Макфест се враќа и на меѓународната сцена, на која порано, преку ФИДОФ, бевме многу активни.
Нашата позиција во светот е доста пристојно изградена и доста сме ценети. Затоа со екипата на Макфест во Турција престојуваше и пејачката Маргарита Христова, која ја претставуваше нашата земја на еден интересен музички фестивал во Анталија. Тоа беше еден специфичен фестивал, на кој се изведуваа евергрини, а секој од изведувачите мораше да настапи со турска песна, од турски автор и на турски јазик. Маргарита пееше песна од Таркан и беше доста успешна - го освои второто место од вкупно 13 учесници.

Маргарита Христова на некој начин е миленичка на Макфест, иако последниве години не е многу активна...

Настина ја нема последниве години, иако разговараме дека треба да се врати на Макфест. Маргарита пее убаво и доколку за неа имаме добра песна, би било добро да ја видиме на фестивалот веќе годинава.

Зборувајќи дека ова е пресудна година за Макфест, се наметнува тезата дека - она што не успеало да го уништи фестивалот, може да го направи уште посилен. Кој знае, можеби и на добро ќе излезе сегашната криза...

Не би сакал да зборуваме на тој начин, иако знам дека од инает се прават големи работи. Но, тука не се работи за инаетот. Единствено што ме загрижува е чудниот молк на надлежниве државни институции околу целава ситуација. Како на одговорните да не им е гајле што ќе се случи со Макфест...

Дали е умесно, кога зборуваме за опстанокот на фестивалот, да Ве прашам и за придружните активности, како што е ревијална програма и слично?

Секако, најнормално... Јас верувам дека до октомври ние ќе најдеме решение. Се надевам дека ќе најдеме добри компании кои ќе помогнат да излеземе од оваа ситуација. Освен тоа, Фершпед не се откажува од Макфест, но моменталната ситуација е таква и не може со полна кондиција да го помогне фестивалот. Затоа ќе помогне со минимално спонзорирање. Врзано за ревијалната програма, преговараме со хрватската, српската, турската естрада... Преговорите течат, но сe уште е рано да зборуваме за конкретни имиња. Дај ние да го решиме ова домашното, па лесно е за сe друго...

Годинава Макфест се одржува по 24-ти пат, а веќе в година го имаме јубилејот - четврт век постоење.

Точно! Затоа им велам на моите соработници, треба да ја претрчаме оваа година за да стигнеме до 25 години. Тоа е кажано на шега, иако верувам дека в година ќе можеме достоинствено да го прославиме јубилејот.
 
Член од
16 август 2008
Мислења
3.293
Поени од реакции
637


Дали актуелната екипа која ги подготви последните фестивалски изданија, како што се Кристијан Габровски, уметнички директор, и Вера Јанковиќ, домаќин на фестивалот, се ангажирани и за ова 24-то издание?

Тимот што победува не се менува. Или, тимот што дава добри резултати не се менува. Остануваме иста екипа!

Како го коментирате фактот дека последниве години на фестивалот победуваат песни кои жанровски го следат светскиот тренд, на сметка на шлагерските композиции преку кои фестивалот беше познат во годините кога почнуваше? Тоа Ве радува или Ве загрижува?

Фестивалот е жива материја – него го прават автори, живи луѓе, па во зависност од понудата зависи и резултатот. Во оваа пригода би цитирал еден од поранешните уметнички директори на фестивалот – Славе Димитров, кој кажа: Има сушни, но има и родни години! Некогаш луѓето се креативно расположени, некогаш и не се премногу. Сe е тоа релативна работа. Лично, повеќе сум приврзаник на шлагерски композиции, па одвреме-навреме сугерирам и кај уметничкиот директор да имаме и таква понуда.

Секако, тоа не е барано со декрет, туку како идеја, дека, ако наиде, би била добредојдена и некоја шлагерска линија, која би му се допаднала на поширокиот аудиториум.

Македонска Музичка Мрежа
 
Член од
26 јули 2009
Мислења
424
Поени од реакции
179
Макфест беше најдобриот фестивал во 80 и 90 - тите, тоа беше музика и незаборавни хитови како Љупка Димитровска - Звона звонат, Хелена Благне - Кога те нема, Цветанка Глигорова - Не Биди Слеп, Маријана и Росана - Признавам и многу други кои ке останат со години, а сега го расипаа Геј Геј и компанија па и овие Хрчак и ДНК ке си промовирале албум како нивни да е фестивалот:nenene:
МАКФЕСТ да остане и да се врати стариот квалитет кој го прослави како фестивал познат на цел Балкан, а на Хрчак, Геј Геј и другите wanna be рапери и p.i.m.p.-ови да им се забрани учеството со закон.
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.615
Maкфест згаснува?? Тој згаснат е оддамна...можда не бил никат запален...
 
Ј

јовица11

Гостин
Макфест 2009 нема да се одржи!

Заради општо познатите економско–финансики состојби во земјава, Фестивалот Макфест не успеа да ја затвори потребната финансиска конструкција. Заради овие причини Фестивалот на забавни мелодии Макфест 2009 нема да ја одржи фестивалската приредба во формат и облик во која се одржуваше изминатите 23 години.

Имајќи целосна почит кон авторите, а согласно објавените критериуми од конкурсот за 2009 година, овогодишната музичка продукција ќе биде издадена на компакт-дискови. Исто така фестивалот прави напори согласно Законот за авторски и сродни права, јавно да ги изведе сите композиции од годинашнава продукција на една од македонските национални телевизии – стои во дописот на фестивалот.
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.294
Поени од реакции
45.838
Не е топ...Макфест е хајлендер. Ако отиде и тој, шо ќе правиме? Ќе ги чекаме српските само?
Ако мислиш дека баш Макфест е последниот бастион на Македонската музика-размисли пат. Тоа е фестивал што од старт до крај може да се гледа само под седативи. Со лошата организација направи пеачи од луѓе што при нормални услови, освен пред огледало не би требало да запеат нигде.
Подобро нека го нема ич, него да го има ваков мизерен и беден, на “апарати дише’’ едно десет години веќе. Нека испаузира едно година-две и после нека се врати со права организација, критериуми за музика и прави пеачи.
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.345
Поени од реакции
7.466
Последниве 10 години Макфест е тргнат низбрдо. Одамна поминаа златните денови на овој фестивал.
Да се сеќаваме на убавите мигови.
 
Член од
26 јули 2009
Мислења
424
Поени од реакции
179
Последниве 10 години Макфест е тргнат низбрдо. Одамна поминаа златните денови на овој фестивал.
Да се сеќаваме на убавите мигови.
Точно така, порано Макфест беше фестивал за почит, а последните години е најголемата катастрофа и поарно да го нема отколку Геј Геј, Мекичот и другите од мала група педера да го користат како лична промоција на нивните детски глупости, ама пак жал ми е што згаснува, ненормални хитови се испеале на овој фестивал се до некаде 2000 - та
 
Член од
19 мај 2008
Мислења
1.921
Поени од реакции
475
И уште еден традиционален фестивал пропадна. Точно е дека последните неколку години не личеше на ништо но сепак имаше стекнато име низ годините и произведе многу хитови од кои некои сеуште се пејат. Само да се надеваме дека наредната година или таа по неа повторно ќе се организира и дека ова не значи целосно згаснување, иако кај нас обично тоа оди така.
 
Член од
14 јануари 2009
Мислења
359
Поени од реакции
21
Не е топ...Макфест е хајлендер. Ако отиде и тој, шо ќе правиме? Ќе ги чекаме српските само?
Во такви услови, македонската поп музика опстојувала во 50тите и 60тите години, кога во Македонија немало фестивал, па пејачите морале да настапуваат на фестивалите во Опатија, Белград и Сараево. Сега ни е јасно до кое ниво се спуштивме. BTW не верувам дека после сето ова, пејачите кои ни вредат ќе настапуваат на квази-фестивали како Копрови Трубадури и Фешта, ниту па на Скопскиов кој дели слична судбина со Макфест поради пусти евровизиски амбиции.

Се надевам дека ќе се најде некој паметен да ја среди ситуацијава.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom