Макфест (не) згаснува

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Па јас не знам ние да имаме добар и квалитетен фестивал. Скопскиот фестивал е за избор на Евросонг преполн со препуцување и скандали, Макфест имаше златна ера но сепак секоја излегуваа неколку песнички кои беа екстра слушани а и беше отскочна даска за многу таленти кои почетоците ги имаа на овој фестивал (има такви кои не треба микрофон во рака да држат, но подобро 1 неуспех на макфест него мама и тато да им купуваат песни секој втор месец и да ги вртат и на ТВ и на радио постојано), ете Тоше почна оттука и Охрид фест кој никогаш не ми бил интересен, само поцрнети пејачки со деколтиња се фрцкале на Долни Сарај а ништо посебно песните не биле.

Сепак јас сум за да се одржува Макфест каков таков. Срамота е да немаме ниеден фестивал и никој да не сака да вложи некој денар.
 

faraon

БОГ
Член од
31 јануари 2007
Мислења
18.393
Поени од реакции
21.945
Штета..Макфест десетина петнаесет години беше еден од најдобрите фестивали во регионот . Од него произлегоа хитово кој никогаш нема да згаснаат..Штета за Макфест..
 

bebush

Portable Heater
Член од
4 септември 2007
Мислења
4.468
Поени од реакции
5.166
Иако Макфест дефинитивно изминативе неколку години немаше некои добри музички изведувачи и песни, сепак мислам дека не треба да згасне.Но што да се прави кога "пејачиве"само гледаат да украдат ритам или текст од некоја песна и да го промовираат на Макфест?Сега е се`, само комерцијала.
Помина времето кога со нетрпение очекувавме да почне Макфест како фестивал кој ќе ни донесе нешто ново и свежо, хитови кои ќе се памтат и пеат.
Да се освестат треба најпрво организаторите на Макфест, некако ако можат да го реализираат фестивалов, затоа што мислам дека се уште има шанси да се опорави, а потоа и да се свестат македонскиве пејачи/ки, да почнат да прават вистинска музика, онаа која е хармонична за секое уво, па можеби тогаш Макфест ќе се искачи пак на врвот.
 
Член од
21 декември 2008
Мислења
213
Поени од реакции
15
Дали Макфест бил квалитетен фестивал е многу релативно, затоа што прво треба да се запрашаме колку е квалитетна македонската музика воопшто. Како за наши простори фестивалот е успешен и меѓу најдобрите. Е сега штом вака се однесуваат кон организаторите се доведува во прашање не само овогодинешното издание туку и фестивалот воопшто.

Мислам дека одржувањето односно неодржувањето на фестивалот годинава не е само резултат на недостаток од спонзорства и финансии туку сето ова е поврзано и со политика. Тргнаа по Фершпед и сакаат целосно да ги урнат па сега и фестивалот смета...
 
Член од
16 август 2008
Мислења
3.293
Поени од реакции
637
„Макфест“ сепак ќе се одржи


„Макфест“ сепак ќе има - стои во новото соопштение испратено од општина Штип. Ова доаѓа по само еден ден откако А1 Телевизија се понуди финансиски да го поддржи Фестивалот на забавни мелодии „Макфест“.
Во официјалното соопштение се вели дека по разговорите помеѓу градоначалникот на Штип Зоран Алексов и директорот на „Макфест“ Стојан Троицки, се наѕира решение за да не се прекине долгогодишната традиција на Фестивалот.
Доколку Општината реши да влезе во организација, односно Советот на Општината во Штип ја поддржи идејата на градоначалникот Алексов да се занимава со организација и финансирање на „Макфест“, тогаш можно е Фестивалот да се одржи на 5, 6 и 7 ноември, стои во соопштението на општина Штип.
Пред само три дена директорот на фестивалот Стојан Троицки изјави дека оваа година нема да се одржи „Макфест“.
„Заради општо познати економско-финансиски состојби во земјава, фестивалот „Макфест“ не успеа да ја затвори потребната финансиска конструкција. Поради тие причини, Фестивалот на забавни мелодии „Макфест 2009“ нема да ја одржи фестивалската приредба во форма и облик во која се одржуваше изминатите 23 години“, рече Троицки.
Веста за неодржувањето на најпознатиот фестивал на забавни мелодии ја шокираше македонската јавност.
По објавената информација бројни беа негативните коментарите, но и многу пејачи останаа разочарани.
Оваа информација доаѓа по само еден ден, откако А1 Телевизија јавно се понуди да го поддржи финансиски фестивалот на забавни мелодии „Макфест“.


http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=113592

Ја слушнав јавно упатената помош од А1 на Ексклузив, ама не верував дека ќе испадне нешто од тоа. :/
Се надевам дека ако А1 го направи ова, ќе направи нешто многу посериозно од тоа што го вршеше МТВ со нивната распадната опрема.
 

~DaRko

Поштен лопов
Член од
29 март 2009
Мислења
5.888
Поени од реакции
2.481
e ова ако е вистина над мене супер. инаку стварно жалосно ако не се одржи :toe:
 
Член од
31 декември 2007
Мислења
441
Поени од реакции
111
Дали Макфест бил квалитетен фестивал е многу релативно, затоа што прво треба да се запрашаме колку е квалитетна македонската музика воопшто. Како за наши простори фестивалот е успешен и меѓу најдобрите. Е сега штом вака се однесуваат кон организаторите се доведува во прашање не само овогодинешното издание туку и фестивалот воопшто.

Мислам дека одржувањето односно неодржувањето на фестивалот годинава не е само резултат на недостаток од спонзорства и финансии туку сето ова е поврзано и со политика. Тргнаа по Фершпед и сакаат целосно да ги урнат па сега и фестивалот смета...
Bas me interesira vie koj uporno go doveduvate vo prasanje kvalitetot na makedonskata muzika civa muzika vi e reper za kvalitet,ne velam deka mak muzikata e kvalitetna, samo me interesira so sto ja sporeduvate i davate zaklucoci deka ne cini
 
Член од
21 декември 2008
Мислења
213
Поени од реакции
15
Па нормално е да се доведува во прашање кога на нашата музичка сцена во последните 10тина години се' се врти околу Џеј Џеј, Врчак, Дарко Димитров...
 
Член од
31 декември 2007
Мислења
441
Поени од реакции
111
Па нормално е да се доведува во прашање кога на нашата музичка сцена во последните 10тина години се' се врти околу Џеј Џеј, Врчак, Дарко Димитров...
Ne odgovori civa muzicka scena ti e reper spored koja utvrduvas deka nasava ne cini,so koja scena ja sporeduvas:toe:
 
Член од
19 април 2005
Мислења
1.806
Поени од реакции
75
Ај малку уживање...

Дете машко, фала ти за оваа потсетуванка. Навистина моќно звучеше во сала. Е да, ја сум дел од тие што шлупкаат на крајот на песнава, пред 21 (со букви дваесет и една) година.
И да, драго ми е што ќе продолжи нешто што толку време трае. Традицијата мора да продолжи. За квалитетот на песните и изведувачите - на друго место.
 
Член од
31 декември 2007
Мислења
441
Поени од реакции
111
Репер ми е македонската музичка сцена од минатото.....
A da ti so 20 godini imas pretstava za muzickata scena vo minatoto .Togas seriozna pop muzika imase samo na festivalite, drugoto bese Pusenje:sekss: ,Korpicka:kesa:,Kelnerot moj,Komsivke ubava, Kuceto moe:vozbud: i ostanati makedonski "evergrini":toe:
 
Член од
14 јануари 2009
Мислења
359
Поени од реакции
21
Познати сите детали за Макфест 2009!

Актуелново издание на забавно-музичкиот фестивал Макфест 2009, кое годинава по 24-ти пат се одржува во Штип, како што веќе најавивме, ќе започне во четврток, на 5-ти ноември, кога ќе се одржи дебитанската програма и првата полуфинална вечер.

Второто полуфинале е закажано за петок, 6-ти ноември, а големото финале е во сабота – 7-ми ноември. На три фестивалски вечери, во Домот на културата Ацо Шопов, ќе бидат исполнети вкупно 37 композиции – 14 во дебитантската и 23 на две полуфинални вечери. Пет најуспешни дебитанти ќе изборат учество во една од двете полуфинални вечери.

Според уметничкиот раководител – Кристијан Габроски, годинешнава селекција е одлична, со особен акцент на дебитантската програма. Освен тоа, годинава на Макфест ќе слушнеме навистина квалитетни текстови... – подвлекува Габроски.

Првиот човек на фестивалот – Стојан Троицки е задоволен што локалната самоуправа му излезе во пресрет на Макфест, и што се надминати финансиските проблеми, па и годинава градот Штип тие три ноемвриски денови ќе живее за музика.

Годинава Макфест се совпаѓа со традиционалната Штипска пастрмајлијада, но дали и в година ќе го задржи овој термин – ќе одлучиме дополнително – изјави градоначалникот на Штип, д-р Зоран Алексов.
Господинот Алексов истакна дека по ова 24-то фестивалско издание, сите сили ќе бидат насочени кон следново јубилејно издание, бидејќи в година ќе имаме четврт век Макфест.

Освен фестивалски дискови, од актуелново издание, на Макфест 2009 ќе бидат промовирани уште два албуми – 20 најубави макфестовски балади, со поднаслов Сонце за три света, и 20 песни создадени под влијание на македонската традиционална музика. Овој проект го носи насловот Бисеро, моме Бисеро. И двата компакт-диска го опфаќаат периодот од 1986-та до 2008-ма година.

Но тоа не е се! Пред актуелново издание познати се и изведувачи во ревијалниот дел од програмата.

Бидејќи првата вечер ќе пеат и дебитантите и полуфиналистите, ќе нема дополнителни активности, но веќе по изведените песни од второто полуфинале (на 6-ти ноември), ревијално ќе настапат 7 софистицирани дами на македонската поп-музика: Тамара, Маја Панчева, Сузана Јовчева, Маја Вукиќевиќ, Александра Пилева, Елена Петреска и Кристина Арнаудова.

По финалната програма на 7-ми ноември, додека се бројат гласовите, своето шоу ќе го има Влатко Стефановски со своето Трио
- открива Стојан Троицки. Водителската улога и оваа година и е доверена на Вера Јанковиќ, која работи и на сценариото.

Еве ја програмата...
Дебитантската програма – изведувачи и песни:
1. Ангела Арсова - Нема ни светлина

2. Костадин Папа - Крива си за се

3. Денис Екс & Мате Јосифовски - Плејбој

4. Анета - Згодна приказна за мемоари

5. Рената Кралевска - Не го барајте

6. Stuck on - Да те вратам

7. Кристијан Јованов - Немирна

8. Бојан Алексовски - Те покривам со љубов

9. Александар Тарабунов - Кажи кој те има

10. Христијан Димитровски - Кико - Волшебна кочија

11. Big ‘as Аdrenaline - Ми требаш

12. Ангелина Стојановска - Студен бран

13. Марија Бунда - Ова сум јас

14. Слаѓана - Не сакам да знам
Прва полуфинална вечер – изведувачи и песни:
1. Роберто Поп-Димитров - Направи од светот рајско место

2. Драган Темелковски - Џони - Љубоморен

3. Дебитант

4. Дебитант

5. Маја Вукиќевиќ - Во мене

6. Наде Талеска - После дождот

7. ДНК и Врчак - Прв

8. Игор Митровиќ - Никогаш до сега

9. Сања Лефкова - Душо уморна

10. Влатко Илиевски - Пак по старо

11. Иле Спасев - За тебе живеам

12. Елена Петреска - Не знам како

13. Игуана - Не се предавам

14. Рафинерија - Жал ми е
Втора полуфинална вечер – изведувачи и песни:
1. Дебитант

2. Дебитант

3. Дебитант

4. Дани - Можеш

5. Камелеон - Белег

6. Роберт Билбилов - Лице од насловна

7. Иван Јованов - Оди или остани

8. Патници - Твоја

9. Боби & Je t’aime - Ти прекрасна

10. Филип Јордановски - Ништо посебно

11. Ѓоко Танески - Купив се

12. Бојан Стојков - Ко првиот пат

13. Ристо Самарџиев & Дуле и Коки - За милион години

14. Оливера Ѓорѓоска - Вечерва си моја желба
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
5.704
Поени од реакции
22.117
Ајде бре сиктер, Денис екс компир не би му дал да ми љушти низ двор, Иван Јованов уста да не отворам. Рафинерија во кафана ми имаат пеено и тие ли на фестивал? Очај. Одозгора Ристо Бомбата уметнички директор. Бљак бре, дајте критериуми некои.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom