Македонци во Германија

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.140
Поени од реакции
15.886
Сакав да прашам, што се овие најави за законот за спојување на семејство? Право за спојување дури по 3 години работа?
Ако си со виза испод 2 год престој таму тешко да споиш семејство.
Особено ако сте земени после добивањето на виза на брачниот другар.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Абе виј, има и во Македонија лекари милионери, и тоа не се малку, бајаги ги има, луѓе со пари шо Германци би ги сонувале.
Али шо знам Германија никад не ме убедила мене лично, не знам зошто. Една пријателка имам отиде пред некоја година и дадоа специјализација, постира слики женцката на интернет има скап ауто, ама еднаш коа стави слика од амбулантата ми се одмили ко од шеести години на 20. век ебате беља и беше. Шо знам за една кола дали вреди Германија. Мислам се глеа дека нема лајф она дека е куча посо се теши со кола.
Иам и еден пријател исто отиде Австрија со него повеќе муабет иам го товариле со работа бел ден не видел и тоа не е човечко. Плус купил стан со кредит на 30 години њтф момент. Се што е над 8 саати работа бегај подалеку ќе те уништи психички треба човек и живот да види.
Не знам нека ме убеди некој поинаку. Не велам да не се оди надвор, али да се оди во салам држави кај шо можиш да живееш квалитетно да има храна не повеќе од 8 саати работа нормални луѓе да можеш да растиш деца во нормална околина. Мене Германија не ми личи нат аква околина. Плус Германскиот да го учиш е додатна мака.
Јас навистина не знам што работите во Македонија ама и во Македонија ако сакаш да заработиш животот ќе ти е куча посо. Ако сакаш да си плафон 400 евра плата, дреми на боемска. Напротив, дури и сфатив што значи телефонот да не ти ѕвони после 5.
 
Член од
17 јули 2010
Мислења
1.421
Поени од реакции
2.203
Ако си со виза испод 2 год престој таму тешко да споиш семејство.
Особено ако сте земени после добивањето на виза на брачниот другар.
Незнам на дефицитарните кадри колку им даваат виза. Знам дека договорите се на 2 години.
За 2 во исто тљка склучувањето брак после добивањето виза е аларм за фиктивен брак. Ама не е тоа случајот овде.
 
Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.140
Поени од реакции
15.886
Незнам на дефицитарните кадри колку им даваат виза. Знам дека договорите се на 2 години.
За 2 во исто тљка склучувањето брак после добивањето виза е аларм за фиктивен брак. Ама не е тоа случајот овде.
Обично првата виза е на 6 месеци, после им продужуваат на 3-5 години, зависи од покраина до покраина.
 
Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.637
Поени од реакции
27.838
Јас навистина не знам што работите во Македонија ама и во Македонија ако сакаш да заработиш животот ќе ти е куча посо. Ако сакаш да си плафон 400 евра плата, дреми на боемска. Напротив, дури и сфатив што значи телефонот да не ти ѕвони после 5.
Единствено нешто што можам да разберам кога се водат вакви дискусии е носталгија да го фати некој,да му недостасуваат родители,браќа,сестри или пријатели.Ама кога ке прочитам да се жалат за условите за живот или платите,немам желудник толку јак да го сварам тоа.Ем им се доволни платите за достоинствен живот,ем мирот и спокојството се на највисоко можно ниво.Дали се ептем млади па сакаат да беснеат,којзнае што ги мачи.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Единствено нешто што можам да разберам кога се водат вакви дискусии е носталгија да го фати некој,да му недостасуваат родители,браќа,сестри или пријатели.Ама кога ке прочитам да се жалат за условите за живот или платите,немам желудник толку јак да го сварам тоа.Ем им се доволни платите за достоинствен живот,ем мирот и спокојството се на највисоко можно ниво.Дали се ептем млади па сакаат да беснеат,којзнае што ги мачи.
Сакаат од одма пари + некој да им дозволува да брчат со БМВто по улици, епа Германија е тоа, не е Инстаграм.
 
Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.637
Поени од реакции
27.838
Taks mislete vije e vo germanija,tamo da zimas 1500€ plata e isto ko ksj nas 400€.Ке си прашам qr, комарци не изедоа овде,со 2% камати кредити имаат и да се јадело трици ебате лудаците
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.232
Поени од реакции
7.039
Ве читам и се смејам како може да споредувате Германија со Македонија? Па то су света два различита. :)
На тие што не му стиска ќе пишат кисело е грозјето.

Германија дури и за најнеквалификувамиот работник ќе обезбеди пристојни услови за живот, бесплатна адекватна медицинска заштита што ни кај Систина нема да ја добиеш. Правна заштита ако си германски писмен. А доколку си писмен и социјаниот живот е на исто ниво ко во МК без онoj зајадлив македонски синдром. Настрана од тоа дека никој не те труе со политика, срања и pse jö.
 
Член од
12 јануари 2015
Мислења
2.150
Поени од реакции
3.421

Ама ти не знаеш, "imam drugarce edno u germanija, vika toa germancite samo rabota-doma, bel den ne videle, neka dojdat u skopje da vidat zivot" *истиот тој живее во село во германија со 500 жители, работи во мекдоналдс на автопат со пакистанци и индијци, и ти збори за социјалниот живот во Германија*
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Taks mislete vije e vo germanija,tamo da zimas 1500€ plata e isto ko ksj nas 400€.Ке си прашам qr, комарци не изедоа овде,со 2% камати кредити имаат и да се јадело трици ебате лудаците
Абе... разум владее од Хрватска нагоре и толку е муабетот. Кој те сфати, те сфати. Не може ти да му оправаш квалитет на живот на ропак што пуши во лифт, фрла пикавци на семафор, сече на две полни, галами кај стигне и гледа да ескивира од се можно што го вади од комфорната зона. Вакви ако ве прашуваат како е, викајте тешко е, едвам се крпи и ќутете си, зошто ќе ве напнат да им средите за работа и ако им средите, ќе дојдат, ќе направат хаос и само вие ќе се искарате со познаникот што ги вработил.
Имаше еден член на форумов така пред некоја година му среди на друг член цакум пакум само да дојде (намерно не откривам јузернејмови), значи се на готово, овој на два пати се изглупира на работа (дали заспа, дали пијан дојде, не знам точно) и дечково само си ги наруши односите со работодавецот. :toe: Така што реален муабет како е надвор и помагање само на личности кои знаете дека сакаат да си го подобрат животот.
Автоматски споено мислење:

Ама ти не знаеш, "imam drugarce edno u germanija, vika toa germancite samo rabota-doma, bel den ne videle, neka dojdat u skopje da vidat zivot" *истиот тој живее во село во германија со 500 жители, работи во мекдоналдс на автопат со пакистанци и индијци, и ти збори за социјалниот живот во Германија*
Најголем проблем е што во Македонија под „бел ден“ и „живот“ се подразбира кафана. Во другиве земји под живот е возење точак, трчање, одење на кино, парк, ролеркостери, патувања наваму натаму, читање книги, музеи, театри, одење по натпревари, рафтинг и што не... Знам дека тие што се со занат додуша немаат време баш на претек ама тие што се со малце подобра работна позиција си имаат време за се.
 
kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
12.072
Поени од реакции
22.113
Знам дека тие што се со занат додуша немаат време баш на претек ама тие што се со малце подобра работна позиција си имаат време за се.
Тоа дека парите им се слатки и сакаат повеќе, иначе и они можат да одбијат тезга и да уживаат ако сакаат.
 
Член од
12 април 2020
Мислења
467
Поени од реакции
866
Фер дискусија. Да видиме што вика Дуци. За неупатените тоа е познат кошаркар и тренер од бивша Југославија, кој станал успешен на академско поле, а живеел одредено време баш во Германија, а посетувал и други држави како академик и спортист.
Има неколку негови интервјуа на јутуб. Не ми е целта да му правам реклама на човекот, но ме заинтригираа неговите изјави за Германија.
Според неговите кажувања во спортската сала во осумдесеттите години каде што се играло кошарка вика он во едно интервју дека не само што била ишарана со кукасти крстови него била и тапацирана. Тоа според мене кажува за духовната ситуација таму многу. Не верувам дека туку така тие работи се менуваат.
Кажува дека 98% од децата на мигрантите не завршуваат школо што е запрепастувачки податок. Вика системот прави се што може да направи од тие деца џубретарска радна снага. 98% е ужасна бројка тоа не може да го оправда ништо. Според мене еве да претпоставимо и повеќето да заслужуваат тоа по меритократски критериуми сигурно 98% не заслужуваат. Еве 50 или 80% нека биде, но 98?
Интересна е и изјавата дека сепак уште повеќе од обичниот работник се попрезирани лекарите и оние што се интегрираат во локалната култура. Затоа што се откажуваат од својот национален карактер се со цел пари.
Видеото е тука https://www.youtube.com/watch?v=VD8NwfceyB8
Муабетот за Германија почнува на 16 минути... Гледав некаде следните 10 минути до 25 минута просто запрепастен сум. Ако ќе го догледам може и ќе дополнам тука.
 
DeviAngel

Un vero cavaliere non lascia mai la sua signora
Член од
6 април 2010
Мислења
19.076
Поени од реакции
16.248
Гледам читам на назад пишано се за Германија па ај јас моето да си го пишам.

Се преселив во Германија пред 8 месеци. Оставив одлична работа во МК каде што бев платен близу 1000е и одев на обуки и како support во Германија често, ланската година бев 5 месеци во Диселдорф во Мерцедез Бенз. Работев Специјалист за Анализа и Превернција, одговорен на почеток за рекламации од Мерцедез и покасно од Ауди (заедно со тимот со кој работевме во фирмата). Ја напуштив Македонија поради свои лични X причини и поради простата маса која постанавме, поделбите на Антички и Северџани и остали глупи проблеми.

Дојдов во Германија работам во Хотел со 5 ѕвезди на граница со Данска на островот Зилт. Таман што стигнавме почна корона кризата. Ние тука во ниеден момент не сме биле обесправени или дискриминирани, било кој проблем да сме го имале на работа или во Ауслендербехорде (биро за странци) и во било коај установа (Општина, Центар за собраќај итн...) никој никогаш не не вратил или ни се смеел. Зборувам начесто Англиски иако разбирам се кога ми зборуваат Германски, уште се немам до толку олабавно за да зборам се се на Германски.

Шефицата ни е Германка во Хотелот + 2 асистенти од Романија и Бугарија. Истата пред да дојдиме ни ја кажуваа како ѓавол и искрено сум ја зачекал често во тоа издание но не спрема мене. Германец неќи правење паметен и забушавање, те плаќа и сака да е работата завршена. Спрема мене и женска ми е ептен топ жената и сите ама кога има работа работиме, нема ама зошто ама ова она....

Во овие 8 месеци со плата од 1600е нето успеавме да смениме смештај (бевме во персонален од хотелот сега сме во наш), плативме кауција за истиот 2000е, смештајот беше празен сега купивме се. Одиме кога сакаме кај сакаме, си дозволуваме работи да си купиме и имаме поќе од доволно за до крај на месецот па и заштеда. Убавото во Германија е што има за секој џеб да купи се од храна до облека и обувки и истите се квалитетни и проади тоа остануваат пари заштедени, пари кои МК никогаш нема да ги заштеди човек ма што и да работи.

Газдата на смештајот е Германец. Со истиот немаме ников проблем и со сите Германци каде што живееме во градчето, баш им е мило дека учиме јазик нивни и култура. Не канат дома на ручеци, на забави итн... Овде 90% од популацијата се Германци, 5% има Полјаци ама и тие се сезонски тука и ние околу 20тина Македонци.

Немам никаков негативен впечаток од Германците, ни нацисти ни диксриминатори. Сите ни зборуваат Англиски ако нешто не ние јасно, ни помагаат. Во биро за странци се ептен фини, со младите немаме никаков проблем баш напротив луѓето не се баш ладни како што очекувавме. Работа има на секаде и секаква не им е битно дали си Германец, Финец или МК. Јас да го доусовршам јазикот и ќе сменам работа и повторно ќе работам во автомобилска индустрија или IT пошто по струка сум Дипломиран Информатичар. Ако знајш јазик, небото е граница. Тука има МК кои се 7 години и веќе имаат свои куќи, по 3 коли и луѓето работат и не ни мислат за назад. Збораме за луѓе кои работат како работници - Градежништво, фабрика за штранд корпи, фабрика за месо итн... И најбитното, моменталниот работодавач знај за моето образование и искуство и ме мотивира да учам јазик и да вложам во себе за подобра краиера и иднина надвор од хотелот, нешто што е невозможно во МК од газда или шеф. Ако имаш било како проблем да им се обратиш одма се средуваат зад затворени врати без врева, закани или притисок. Со било кој колега ако те вреѓа или малтретира без разлика што работи одма средуваат. Гостин не смеј да ни дигне глас низ Хотел...Тоа е кај нас, за на др место не знам.

Куче ме касна во една соба пред 1 месец, одма со кола ме пратија на болница, поради стрес и шок (како да не само огреботина имав) ми дадоа минимум 2 дена дома без никаков проблем и ако треба и барам оштета ( не побарав, едноставно глупо е)...

Тие стереотипи од пред 20 години се одамна срушени барем лично за мене.
 
Последно уредено:

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.860
Поени од реакции
34.902
Јас сум обичен работник шо се вика, во најниските ешалони, и пак ми е супер. Ниту институционално, ниту на било кој друг начин сум бил дискриминиран.

Кога работев лагер имаше некои заебанции од типот на фаворизирање и шпионирање во офисот, али дури и тогаш не беше ништо лично или тоа дека си ауслендер. Битни им се броеви на нив, да се напуни квотата за денес, ако можат да претиснат да се оди и над неа супер. Така да дали си германец или пољак апсолутно небитно, ако те бива и ако си брз ќе одиш на полесна позиција да работиш.
Моментално зимам онлајн курс и до нова година некаде треба да го земам А2 сертификатот за јазик. Потоа планирам да одам на 4 неделен курс за дозвола да возам придружно возило на "schwerer transport" (тежок транспорт). Најтешко ќе ми биде да се навикнам на ротационите светла кои работат нонстоп. :LOL: Зимаат од 2300 до 2500 нето, зависно од саатовите. Пред 2 години почнав со 1350 нето.

Можности и услови за напредок колку сакаш, до кај ќе стигнеш е оставено на тебе.
Автоматски споено мислење:

Куче ме касна во една соба пред 1 месец, одма со кола ме пратија на болница, поради стрес и шок (како да не само огреботина имав) ми дадоа минимум 2 дена дома без никаков проблем и ако треба и барам оштета ( не побарав, едноставно глупо е)...
За вакви работи германците не простуваат. На германец да го касне куче на работно место денес, ќе дојде на работа после православниот божик. :pos:
 
Последно уредено:

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.232
Поени од реакции
7.039
Фер дискусија. Да видиме што вика Дуци. За неупатените тоа е познат кошаркар и тренер од бивша Југославија, кој станал успешен на академско поле, а живеел одредено време баш во Германија, а посетувал и други држави како академик и спортист.
Има неколку негови интервјуа на јутуб. Не ми е целта да му правам реклама на човекот, но ме заинтригираа неговите изјави за Германија.
Според неговите кажувања во спортската сала во осумдесеттите години каде што се играло кошарка вика он во едно интервју дека не само што била ишарана со кукасти крстови него била и тапацирана. Тоа според мене кажува за духовната ситуација таму многу. Не верувам дека туку така тие работи се менуваат.
Кажува дека 98% од децата на мигрантите не завршуваат школо што е запрепастувачки податок. Вика системот прави се што може да направи од тие деца џубретарска радна снага. 98% е ужасна бројка тоа не може да го оправда ништо. Според мене еве да претпоставимо и повеќето да заслужуваат тоа по меритократски критериуми сигурно 98% не заслужуваат. Еве 50 или 80% нека биде, но 98?
Интересна е и изјавата дека сепак уште повеќе од обичниот работник се попрезирани лекарите и оние што се интегрираат во локалната култура. Затоа што се откажуваат од својот национален карактер се со цел пари.
Видеото е тука https://www.youtube.com/watch?v=VD8NwfceyB8
Муабетот за Германија почнува на 16 минути... Гледав некаде следните 10 минути до 25 минута просто запрепастен сум. Ако ќе го догледам може и ќе дополнам тука.
Кошаркарот се гледа дека може да му парира во интелигенција на Дарко Панчев и заедно да коментираат спортски натпревари во кошарка или фудбал, иста класа е тоа, да, да.... да мислам тоа е класика, или коментираш или не , мислам да.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom