Фер дискусија. Да видиме што вика Дуци. За неупатените тоа е познат кошаркар и тренер од бивша Југославија, кој станал успешен на академско поле, а живеел одредено време баш во Германија, а посетувал и други држави како академик и спортист.
Има неколку негови интервјуа на јутуб. Не ми е целта да му правам реклама на човекот, но ме заинтригираа неговите изјави за Германија.
Според неговите кажувања во спортската сала во осумдесеттите години каде што се играло кошарка вика он во едно интервју дека не само што била ишарана со кукасти крстови него била и тапацирана. Тоа според мене кажува за духовната ситуација таму многу. Не верувам дека туку така тие работи се менуваат.
Кажува дека 98% од децата на мигрантите не завршуваат школо што е запрепастувачки податок. Вика системот прави се што може да направи од тие деца џубретарска радна снага. 98% е ужасна бројка тоа не може да го оправда ништо. Според мене еве да претпоставимо и повеќето да заслужуваат тоа по меритократски критериуми сигурно 98% не заслужуваат. Еве 50 или 80% нека биде, но 98?
Интересна е и изјавата дека сепак уште повеќе од обичниот работник се попрезирани лекарите и оние што се интегрираат во локалната култура. Затоа што се откажуваат од својот национален карактер се со цел пари.
Видеото е тука
https://www.youtube.com/watch?v=VD8NwfceyB8
Муабетот за Германија почнува на 16 минути... Гледав некаде следните 10 минути до 25 минута просто запрепастен сум. Ако ќе го догледам може и ќе дополнам тука.