Не ја гледав емисијата, па нема ни да коментирам за истата. Но, сакам да прокоментирам околу нешто што многу често се слуша како коментар, дека ако не зборуваме македонски пред некој од поранешна Југославија, тогаш сме помалку македонци, не се цениме, не си ја сакаме земјата, не си го почитуваме јазикот и сл.
Има ситуации кога настапуваш:
- во јавност како официјално, државно, дипломатско лице на Р. Македонија
- во неформални и лични разговори како официјално, државно, дипломатско лице од Р. Македонија
- пред камера и микрофон за странска телевизија како човек - Македонец
- или пак настапуваш како човек - Македонец во лежерна и опуштена атмосфера на плажа
И мал милион други ситуации. И за секоја една од нив треба да се знае и правилно да се оцени со кого разговараш, кого и што ти репрезентираш, каков е мотивот и темата на разговорот и што е целта што треба да се постигне. Сходно на тоа треба да се одбере и јазикот на кој што ќе се обраќаш. За некои комуникации е недозволиво да се говори и на македонски дијалект, а пак скраја да е на странски јазик. Но, за други може да се дозволи и мала флексибилност. И никогаш не сум потпаѓала во онаа рамка дека ако зборувам на српски, храватски (бугарски не знам), тогаш се потценувам самата себе или не си ја почитувам земјата и јазикот. Почитта и љубовта кон Македонија не доаѓа од она на кој јазик говорам, туку што е тоа што го говорам.