Македонско фудбалско првенство 2013/14

Кој ќе биде шампион?


  • Вкупно гласачи
    206
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
B

Beck's

Гостин
Тим на полусезона според Мак Спорт

Ефремов
Тодоровски-Милиев-Љамчевски

Положани-Вујчиќ-Своиќ-Жуниор

Куртиши-Илијоски-Маневски
Ја би го ставил Стевановиќ место Положани и Вручина место Илијоски.


Додека ова е тимот на Сезоната според екипа

 
Член од
1 декември 2008
Мислења
1.043
Поени од реакции
182
Тим на полусезона според Мак Спорт

Ефремов
Тодоровски-Милиев-Љамчевски

Положани-Вујчиќ-Своиќ-Жуниор

Куртиши-Илијоски-Маневски
Ја би го ставил Стевановиќ место Положани и Вручина место Илијоски.
Ќе го купувате Стевановиќ?

Штета што Металург ќе ја растури екипата. Нема пари како порано. Треба споменик на фудбалерите да им направат за резултатите што ги постигнаа без денар да земат.
 
B

Beck's

Гостин
Ќе го купувате Стевановиќ?

Штета што Металург ќе ја растури екипата. Нема пари како порано. Треба споменик на фудбалерите да им направат за резултатите што ги постигнаа без денар да земат.
Ниту шпекулации нема за играчов ама кој знае можеби работат скришно. Зимскиот преоден рок донеса сасвим други играчи од тие кои се вртеа низ чаршиските муабети. Дај боже да го донесат башка и што е слободен играч
 

fr0zen

Kirigaya Kazuto
Член од
26 септември 2011
Мислења
1.348
Поени од реакции
503
Мециновиќ и Пандовски во ростерот на Турново



Стоперот и офанзивниот играч за врска од саботата се дел од екипата на Хоризонт. Двајцата го засилуваат тимот за настап на евро-сцената и за престојната сезона.

Јасмин Мециновиќ ќе биде партнерот на Ратко Мутафчиски на стоперската позиција во Хоризонт Турново. Поранешниот капитен на младата репрезентација и играч со интернационално искуство експресно ја прифати понудата од екипата која во минатата сезона ја освои втората позиција на табелата. Го прифати предизвикот и повикот од тренерот Гоце Седлоски со што Мециновиќ влегува во првите борбени редови и ќе биде ставен на располагање за дуелите од евро-сцената. Стоперот мина две сезони во унгарскиот тим Папа Ломбарт а изминативе шест месеци ја одржуваше формата во тимот на Македонија Ѓ.П.

Со Пандовски посини на десната страна
Мециновиќ го стави потписот на договорот со Хоризонт Турново на една година но договор на две години соработка потпиша Александар Пандовски. Вардаровото дете кое зад себе има добра сезона во Еуромилк доаѓа да ја убрза играта по десната страна на Хоризонт Турново. Овој фудбалер веќе неколку месеци беше на радарот на „црвено-белите“ кои стигнаа до неговиот потпис. И минатото лето турновци посакуваа да го видат во своите редови но тој одлучи да му остане верен на составот од Горно Лисиче.
Мециновиќ и Пандовски доаѓаат во тимот на тренерот Гоце Седлоски но не како први засилувања затоа што само неколку часа по крајот на сезоната кам-бек во екипата направи Драган Георгиев. Тројцата се играчи кои се побрзи на своите позиции од играчите кои лани играа за „црвено-белите“. Од Турново си заминаат стоперите Дејан Митрев и Томица Петров но и голгетерот Музафер Ејупи на кого му истече договорот.

http://www.sport.com.mk/?ItemID=BF028C6290DBC745BB86B88EB24C573D
 
Последно уредено:
Член од
30 август 2012
Мислења
3.617
Поени од реакции
6.362
Пу Пу Не Важи o_O... Баш ме интересира првиот ваков случај како ќе се реши :confused:

ФФМ одлучи: Спојувањето на клубови нема да биде така едноставно како досега
Спојувањето на клубови или фузирањето не е новитет во фудбалот, но во македонскиот фудбал тоа почна да се злоупотребува и да се прави премногу често. Фудбалската федерација на Македонија пред една недела донесе одлука да се променат неколку ставки во Правилникот за натпреварување и ќе има строго дефинирани правила за спојување на два клуба.
Најпрво двата клуба кои сакаат да се спојат во еден ќе мора да го направат тоа најдоцна 45 дена пред почетокот на првенството и тоа на заедничко собрание. Спојувањето на клубовите може да се случи само доколку се регистрирани како правни лица во ист регистар кај надлежен орган кои територијални припаѓаа на ист Општински сојуз или Град Скопје. Двата клуба кои се спојуваат правно престануваат да постојат и се создава нов клуб како правно лице, кој го задржува местото на табелата на повисоко рангираниот клуб. Клубовите кои во тековната сезона го губат стекнатиот статус во Првата, Втората или Третата лига не може да извршат спојување со друг клуб.
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
ОФИЦИЈАЛНО: Зајков потпиша четиригодишен договор со француски Рен!
  • Автор: ekipa
  • Објавено: јуни 6, 2014 19:55

Една од најголемите наши фудбалски надежи, младинскиот репрезентативец и член на Работнички, Ѓоко Зајков од денеска е нов член на францускиот прволигаш Рен!



Тоа што вчера ЕКИПА го најави денеска официјално потврдено со потпишувањето на 19-годишниот Зајков на четиригодишен договор со Рен. Трансфер кој според информациите од канцеларијата на македонскиот шампион е финансиски еден од најголемите во историјата на македонскиот фудбал.



„Реализиравме навистина одличен трансфер, за кој иако не сакам да откривам детали, е еден од најголемите во историјата на македонскиот фудбал – изјави за ЕКИПА, претседателот на Работнички, Драган Поповски.



„Среќен сум пред се за Зајков, како фудбалер кој потекнува од школата на Работнички, и кој доби навистина извонредни услови за свој дополнителен развој и за успешно продолжување на кариерата во една од најсилните светски лиги. Огромно е значањето на овој трансфер што Зајков е ангажиран од Рен за настап веднаш во првиот тим, и како што ни соопштија Французите тие максимално сметаат на него во новата сезона“ – дополнува Поповски.



Ѓоко Зајков денеска ги мина и лекарските прегледи во Рен, по што веднаш стави потпис на четиригодишен договор. На 16. јуни треба да се јави на првата прозивка на Рен на стартот од подготовките за новата сезона.



Токму продажбата на Зајков сега отвора простор „романтичарите“ да се насочат кон ангажман на нов фудбалер на централната стоперска позиција.



„Сега веќе стартуваме со потрага по нов квалитетен фудбалер за дефанзивните позиции, како што поподготвени би го дочекале и европскиот настап“ – вели Поповски.



По трансферот во Рен, сега веќе неизвесен е настапот на Зајков за репрезентацијата на пријателските дуели против Кина, со оглед на тоа што далеку поверојатно е дека тој сепак ќе мора да се јави на прозвиката на францускиот прволигаш.
http://ekipa.mk/ofitsijalno-zajkov-potpisha-chetirigodishen-dogovor-so-frantsuski-ren/?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=ofitsijalno-zajkov-potpisha-chetirigodishen-dogovor-so-frantsuski-ren
Може некој од прилика да ја преведе следната реченица во ЕВРА:

трансфер „еден од најголемите во историјата на македонскиот фудбал„
 
Член од
14 април 2010
Мислења
4.701
Поени од реакции
6.087
би требало да значи околу 500 000 евра, ама мене не ми се верува толку да им платиле 300 000 евра максимум.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom