Македонско фудбалско првенство 2013/14

Кој ќе биде шампион?

  • Вкупно гласачи
    206
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.365
Поени од реакции
68.030
Кога нема други кандидати, да ја отворам повторо темата за новата фудбалска сезона.
Како по навика, уште не почнала сезоната, а нашите екипи веќе се во аут од Европа.
Сиво издание на Вардар против многу појак противник, катастрофа во Романија, нијанса подобра игра во Скопје. Лошо издание на Металург, Тетекс во рамноправна игра отпадна од Пјуник, а само Турново изигра солидно. Иако некои се посаа од радости кога беше помината Судува, сепак според мене не изиграа ништо во тој двомеч, против многу послаб противник... Со Хајдук беа добри и заслужија продолженија, но тоа е тоа...

Од каде да почнеме. Вардар најверојатно одново ќе биде фаворит, НО САМО АКО НЕ СЕ РАСПАДНЕ ВО ТЕКОТ НА СЕЗОНАТА. Градот Скопје сака да го напушти клубот, а нови спонзори НЕМА, ниту пак има заинтересирани. Клубот работи како во 40-тите, без помошно игралиште, одат да тренираат по селана, а и бројот на спонзори се намали.

Вардар остана без двата најдобри средњаци. Беа земени Мики Јовановски и Симјановски како засилувања, но немаше можност да играат во Европа. Во првенствово ќе бидат од помош. Сепак сеуште немаме ударна игла како Блажевски на пример, или како што беше Неџипи во Шкендија.
Вардар е одлично покриен по крила, и тука е главниот адут на тимот. Офанзивно со сигурност сме класи пред другите. Во меѓувреме дојде Павловиќ на голманската позиција, кој иако бев скептик се покажа феноменално, така да овде сме одлично покриени. Главен проблем ЛЕВ БЕК, мада Цикарски ќе помине во нашево првенство... Тука е и Рибарот кој очекувам конечно да прикаже нешто. На десен бек мислам дека сме посилни од лани со потпишувањето на Рељиќ.
Според мене Вардар има подобар тим од лани или на исто рамниште, и ќе потенцирам за да не се палите како лани ОД МОЕНТАЛНА ГЛЕДНА ТОЧКА е прв фаворит за титула.

Она што мене ме радува е засилвањето на Пелистер. Конечно најдоа спонзор и одма почна засилувањето на тимот. Пашовски е добар голман, на бекови се добро покриени со помлади играчи, а браќата Степановски изгледаат страшно во одбраната :D Доведени беа двајца Бугари ако не се лажам, а Битолчани особено го фалат Христов, како многу пожртвуван играч. Плус имаат големи очекувања од Бразилецот Жуниор. Ги засилија и Мојсов и Љамчевски. Според мене Мојсов е преценет играч но ќе заврши работа во лигава. Последно засилување е Алтипармаковски, кој истотака има многу што да понуди во лигава. Главен проблем според мене ќе им биде реализацијата во нападот. Битолчани долго го чекаа моментот, така да очекувам полн стадион. Ако има резултати тешко дека некој ќе ги совлада на домашен терен. Според мене проблем ќе им бидат гостувањата.

Турново ако го задржи Блажевски останува еден од конкурентите за титулата. Ако отиде Блажевски ондак според мене одат дури и до кандидати за опстанок :D Балдовалиев не може да игра сам. Им избега Мојсов, им дојде Сашко Пандев. Имаат добро компонирана екипа, само не знам зошто го пуштија Милушев кој беше дете на клубот да си замине од него.

Метаург колку и да изгледа мртво, секогаш е при врвот. Ги избркаа сите постари играчи, Мазнов, Аломеровиќ, Стојанов, Петковски, Павловиќ избега во Вардар, додека соред мене најголема грешка им е одењето на Драговиќ. Со драстично подмладен тим не знам колку ќе се одржуваат во врвот. Земаа добар играч во одбраната, повремениот репрезентативец и екс играч на Шкендија, Седат Бериша, а друг позначаен играч не дојде. Иако отиде Павловиќ, Ефремов е солидна замена, но сепак потпирајќи се на помлади играчи, не им предвидум пласман во горниот дел од табелата.

Работнички скрои солиден тим според мене. Претпоставувам Дарко Велкоски ќе им остане, а ќе видиме дали ќе ги задржат Велковски и Илиоски во нападот. Слабо сум информиран во последниов период, може Илиоски веќе си заминал... Го земаа и Дурански ако не се лажам, има што да понуди малиот. Брдаровски најверојатно си отиде, но ги земаа Силјановски од Ренова, но најверојатно и Милан Илиевски од Вардар. Милушев истотака ќе покрие во одбраната, а и Усеини од Шкендија е екстра засилување како дефанзивен средњак. Треба сериозно да се смета на Работнички особено по одличната втора полусезона.

Брегалница според мене е последната екипа која може да се вклучи во борбата за повисоките места. Го земаа Бошко Ступиќ од Работнички, Мишковски е солидно засилување во одбрана, најверојатно и Дарко Стојанов ќе си го вратат од Турново, Симеон Христов го земаа во нападот, а според мене и Аксентиев им е добро засилување од Гостивар, откако почна да ја враќа формата по повредите во минатото. Со публиката во Штип секогаш ќе бидат тврд орев на домашен терен.
Сепак останаа и без некои поважни играчи. Заминувањето на Вучетиќ е еден од поголемите удари за нив, а истото важи и за Митров. Интересно после долги години го отпуштија и Мандак, а и Јовица Трајчев :D

Ренова се шпекулираше дека ќе се распадне после заминувањето на Кенан Идризи од ФФМ. Изгубија добар дел од играчите, Степановски и Симјановски од одбраната, Пандев од средината. Ги задржаа Гаши, Тетовскиот Меси :D, Зендели на голот, Емини, а тимот се засили само со Реџепи од Шкендија. Според мене ќе бидат негде во средината на табелата, мада искрено се надевам дека ќе се распаднат :D

Напредок едвај се спаси после ланскиот финиш на сезоната, а со преминувањето на општината во Албанска власт искрено и не очекувам уште долго да живрка тимот, за жал... Сега ќе се форсира Зајас :) Ги трампаа голманите со Пелистер, Коруновски за Пашовски, а добија и солидно засилување во Тони Вељановски. Го земаа Калановски како млад перспективен играч од Металург. Останаа и Ристе Маркоски, Цветановски и Клечкаровски кој ќе м биде главен адут во нападот. Се надевам тимот ќе отпадне, мада ќе водат грчевита битка. Според мене не се толку слаби, ама годинава испаѓаат 4 екипи, така да треба бајаги да се загреат.

Одиме кај трите екипи кои влегоа годинава.

Ѓорчевски слабо пазареа, а останаа без Мојсовски кој отиде во Напредок. Со тој тим не верувам дека ќе опстанат во лигата, и покрај Шкендија за која нема никакво инфо, за мене се главен кандидат за испаѓање. Јанкер не знам колку може да решета мрежи како во втора лига :)

Лисиче зема неколку играчи. Нови играчи им се Костенцовски, Петковски и Бајевски најверојатно ќе им бидат заслувања во нападот, покрај Бујчевски кој одлично играше во втора лига, мада во прва ќе видиме што ќе направи. Не ми се верува дека никој од Вардар не го контактира Бајо... Најверојатно ќе го добијат на позајмица и Ѓурчиновски од Вардар, Она што мене прилично ме изненадува е дека најверојатно ќе го земеле Деспотовски :eek:
Ех Деспотовски вол еден од играч кој го молеа да игра за најаките екипи, сега дојде на ред да игра за едно маалско клубче... Ама он е близок со Брацо, така да може да го собере во Лисиче ако не најдел ангажман во странство. И Лисиче покрај Македонија ЃП ради фактот што испаѓаат 4 екипи, ми е еден од кандидатите за испаѓање.

Гостивар работи доста професионално. Имаат бајаги пари, а истотака сигурно ќе имаат и многу публика на мечевите, откако градот доби тим во прва лига после долги години. Формираа странски стручен штаб, само не знам каков им е тимот кој го имаат на располагање. Го загубија Аксентиев кој им беше еден од подобрите лани, а земаа играчи Албанци, кои не ми се многу познати освен младиот репрезентативец Фљамур Таири. Имаат солидна екипа, според мене ќе завршат пред Лисиче и Македонија ЃП, но ако останат само на овие играчи и они ќе бидат во втората половина од табелата.

За Шкендија засега нема никакво инфо. Си отидоа сите најдобри играчи, Таипи, Ејупи, Демири, Усеини, Бериша, Реџепи... Се најавува влегување на Еколог и правење на одличен состав. СО МОМЕНТАЛНИОВ СОСТАВ (да не се палте како лани пошто не можам да предвидам во иднина што ќе биде), Шкендија е еден од главните фаворити за испаѓање...

То је то, со среќа на сите фанови во новата сезона :)
 
Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
Одличен Вовед (y).
Гласано за Турново во анкетата :)
И мислам дека оваа ќе биде интересна сезона (y), останува да гледаме што ќе биде.
 
B

BooBojan

Гостин
Заслужуваме ли првенство да имаме???
Сите бидете реални,кога политиката длабоко ке навлезе во спортот,ништо повеке не е како што треба.
Ама таа пуста љубов спрема најважната споредна работа во светот, ФУДБАЛОТ.
За жал кај нас е политиката.Не планирам оваа сезона ниту еден натпревар да изгледам.
Кога ке дозволат,навивачките групи достојно да си го бодрат клубот,а не да пробуваат срамно да ги угушат Комитите.

СРАМНО.
 
Член од
6 ноември 2008
Мислења
1.115
Поени од реакции
1.369
Најлошата комбинација во фудбалот во Македонија ја имаме а горе доле општо земено и во другите спортови. Нема доволно пари, а политика е вмешана си ебала матер... тоа е најголема катастрофа што може спортот да го снајде.
 
Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576
Ние ќе се бориме за средина на табелата,не за испаѓање,ама океј,кој како си прогнозира :D
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.365
Поени од реакции
68.030
Ние ќе се бориме за средина на табелата,не за испаѓање,ама океј,кој како си прогнозира :D
Ако може составот горе-доле да го напишеш пошто не ми се познати играчите. Со оглед на тоа што ништо не купивте, како што кажав сте ми едни од најголемите кандидати за испаѓање.
Не заборавајте дека годинава испаѓаат 4 екипи ДИРЕКТНО.
Така да тоа средина на табела може да значи и чао пријатно :icon_mrgr:
 
Ф

Флеш

Гостин
Кога нема други кандидати, да ја отворам повторо темата за новата фудбалска сезона.
Како по навика, уште не почнала сезоната, а нашите екипи веќе се во аут од Европа.
Сиво издание на Вардар против многу појак противник, катастрофа во Романија, нијанса подобра игра во Скопје. Лошо издание на Металург, Тетекс во рамноправна игра отпадна од Пјуник, а само Турново изигра солидно. Иако некои се посаа од радости кога беше помината Судува, сепак според мене не изиграа ништо во тој двомеч, против многу послаб противник... Со Хајдук беа добри и заслужија продолженија, но тоа е тоа...

Од каде да почнеме. Вардар најверојатно одново ќе биде фаворит, НО САМО АКО НЕ СЕ РАСПАДНЕ ВО ТЕКОТ НА СЕЗОНАТА. Градот Скопје сака да го напушти клубот, а нови спонзори НЕМА, ниту пак има заинтересирани. Клубот работи како во 40-тите, без помошно игралиште, одат да тренираат по селана, а и бројот на спонзори се намали.

Вардар остана без двата најдобри средњаци. Беа земени Мики Јовановски и Симјановски како засилувања, но немаше можност да играат во Европа. Во првенствово ќе бидат од помош. Сепак сеуште немаме ударна игла како Блажевски на пример, или како што беше Неџипи во Шкендија.
Вардар е одлично покриен по крила, и тука е главниот адут на тимот. Офанзивно со сигурност сме класи пред другите. Во меѓувреме дојде Павловиќ на голманската позиција, кој иако бев скептик се покажа феноменално, така да овде сме одлично покриени. Главен проблем ЛЕВ БЕК, мада Цикарски ќе помине во нашево првенство... Тука е и Рибарот кој очекувам конечно да прикаже нешто. На десен бек мислам дека сме посилни од лани со потпишувањето на Рељиќ.
Според мене Вардар има подобар тим од лани или на исто рамниште, и ќе потенцирам за да не се палите како лани ОД МОЕНТАЛНА ГЛЕДНА ТОЧКА е прв фаворит за титула.

Она што мене ме радува е засилвањето на Пелистер. Конечно најдоа спонзор и одма почна засилувањето на тимот. Пашовски е добар голман, на бекови се добро покриени со помлади играчи, а браќата Степановски изгледаат страшно во одбраната :D Доведени беа двајца Бугари ако не се лажам, а Битолчани особено го фалат Христов, како многу пожртвуван играч. Плус имаат големи очекувања од Бразилецот Жуниор. Ги засилија и Мојсов и Љамчевски. Според мене Мојсов е преценет играч но ќе заврши работа во лигава. Последно засилување е Алтипармаковски, кој истотака има многу што да понуди во лигава. Главен проблем според мене ќе им биде реализацијата во нападот. Битолчани долго го чекаа моментот, така да очекувам полн стадион. Ако има резултати тешко дека некој ќе ги совлада на домашен терен. Според мене проблем ќе им бидат гостувањата.

Турново ако го задржи Блажевски останува еден од конкурентите за титулата. Ако отиде Блажевски ондак според мене одат дури и до кандидати за опстанок :D Балдовалиев не може да игра сам. Им избега Мојсов, им дојде Сашко Пандев. Имаат добро компонирана екипа, само не знам зошто го пуштија Милушев кој беше дете на клубот да си замине од него.

Метаург колку и да изгледа мртво, секогаш е при врвот. Ги избркаа сите постари играчи, Мазнов, Аломеровиќ, Стојанов, Петковски, Павловиќ избега во Вардар, додека соред мене најголема грешка им е одењето на Драговиќ. Со драстично подмладен тим не знам колку ќе се одржуваат во врвот. Земаа добар играч во одбраната, повремениот репрезентативец и екс играч на Шкендија, Седат Бериша, а друг позначаен играч не дојде. Иако отиде Павловиќ, Ефремов е солидна замена, но сепак потпирајќи се на помлади играчи, не им предвидум пласман во горниот дел од табелата.

Работнички скрои солиден тим според мене. Претпоставувам Дарко Велкоски ќе им остане, а ќе видиме дали ќе ги задржат Велковски и Илиоски во нападот. Слабо сум информиран во последниов период, може Илиоски веќе си заминал... Го земаа и Дурански ако не се лажам, има што да понуди малиот. Брдаровски најверојатно си отиде, но ги земаа Силјановски од Ренова, но најверојатно и Милан Илиевски од Вардар. Милушев истотака ќе покрие во одбраната, а и Усеини од Шкендија е екстра засилување како дефанзивен средњак. Треба сериозно да се смета на Работнички особено по одличната втора полусезона.

Брегалница според мене е последната екипа која може да се вклучи во борбата за повисоките места. Го земаа Бошко Ступиќ од Работнички, Мишковски е солидно засилување во одбрана, најверојатно и Дарко Стојанов ќе си го вратат од Турново, Симеон Христов го земаа во нападот, а според мене и Аксентиев им е добро засилување од Гостивар, откако почна да ја враќа формата по повредите во минатото. Со публиката во Штип секогаш ќе бидат тврд орев на домашен терен.
Сепак останаа и без некои поважни играчи. Заминувањето на Вучетиќ е еден од поголемите удари за нив, а истото важи и за Митров. Интересно после долги години го отпуштија и Мандак, а и Јовица Трајчев :D

Ренова се шпекулираше дека ќе се распадне после заминувањето на Кенан Идризи од ФФМ. Изгубија добар дел од играчите, Степановски и Симјановски од одбраната, Пандев од средината. Ги задржаа Гаши, Тетовскиот Меси :D, Зендели на голот, Емини, а тимот се засили само со Реџепи од Шкендија. Според мене ќе бидат негде во средината на табелата, мада искрено се надевам дека ќе се распаднат :D

Напредок едвај се спаси после ланскиот финиш на сезоната, а со преминувањето на општината во Албанска власт искрено и не очекувам уште долго да живрка тимот, за жал... Сега ќе се форсира Зајас :) Ги трампаа голманите со Пелистер, Коруновски за Пашовски, а добија и солидно засилување во Тони Вељановски. Го земаа Калановски како млад перспективен играч од Металург. Останаа и Ристе Маркоски, Цветановски и Клечкаровски кој ќе м биде главен адут во нападот. Се надевам тимот ќе отпадне, мада ќе водат грчевита битка. Според мене не се толку слаби, ама годинава испаѓаат 4 екипи, така да треба бајаги да се загреат.

Одиме кај трите екипи кои влегоа годинава.

Ѓорчевски слабо пазареа, а останаа без Мојсовски кој отиде во Напредок. Со тој тим не верувам дека ќе опстанат во лигата, и покрај Шкендија за која нема никакво инфо, за мене се главен кандидат за испаѓање. Јанкер не знам колку може да решета мрежи како во втора лига :)

Лисиче зема неколку играчи. Нови играчи им се Костенцовски, Петковски и Бајевски најверојатно ќе им бидат заслувања во нападот, покрај Бујчевски кој одлично играше во втора лига, мада во прва ќе видиме што ќе направи. Не ми се верува дека никој од Вардар не го контактира Бајо... Најверојатно ќе го добијат на позајмица и Ѓурчиновски од Вардар, Она што мене прилично ме изненадува е дека најверојатно ќе го земеле Деспотовски :eek:
Ех Деспотовски вол еден од играч кој го молеа да игра за најаките екипи, сега дојде на ред да игра за едно маалско клубче... Ама он е близок со Брацо, така да може да го собере во Лисиче ако не најдел ангажман во странство. И Лисиче покрај Македонија ЃП ради фактот што испаѓаат 4 екипи, ми е еден од кандидатите за испаѓање.

Гостивар работи доста професионално. Имаат бајаги пари, а истотака сигурно ќе имаат и многу публика на мечевите, откако градот доби тим во прва лига после долги години. Формираа странски стручен штаб, само не знам каков им е тимот кој го имаат на располагање. Го загубија Аксентиев кој им беше еден од подобрите лани, а земаа играчи Албанци, кои не ми се многу познати освен младиот репрезентативец Фљамур Таири. Имаат солидна екипа, според мене ќе завршат пред Лисиче и Македонија ЃП, но ако останат само на овие играчи и они ќе бидат во втората половина од табелата.

За Шкендија засега нема никакво инфо. Си отидоа сите најдобри играчи, Таипи, Ејупи, Демири, Усеини, Бериша, Реџепи... Се најавува влегување на Еколог и правење на одличен состав. СО МОМЕНТАЛНИОВ СОСТАВ (да не се палте како лани пошто не можам да предвидам во иднина што ќе биде), Шкендија е еден од главните фаворити за испаѓање...

То је то, со среќа на сите фанови во новата сезона :)
неколку размислувања ти се во аут искрено но ајде ....
за Вардар сега одма ќе ти кажам ... јас сум админ на Лико-вардар фанс страната ... и од прва рука ти кажувам инфо дека за Вардар дека се стигнати ТРИ СЕРИОЗНИ ПОНУДИ да го превземат клубот ... најсериозна е таа на Италијанциве такозвани Жабари кои се сопственици на Дрисла каде ќе инвестираат 80 милиони евра за фабрика за преработка на ѓубре .... исто така не се слагам со Македонија Ѓорче .... они сигурно нема да освојат но 100% ќе останат во Прва лига .... имаат навистина одлична младиснска школа и клуб кој се базира на Младинци исклучиво од кои скоро сите играат во младиснките македонски репрезентации .... да ти спомнам нивни продукти .... никола Јакимовски,Даниел Мојсов,Самир Фазли ... најголемиот талент моментално покрај Бабунски и Валмир Нафиу е нивен продукт ... Дарко Велковски кој Интер и Бенфика го бркаат да го земат .... и така натака ..... Шкендија ќе имаат навистина моќен спонзор кој од неодамна е во клубот ... познатата македонска компанија " Еколог " на познатиот македонски-албански бизнисмен од Тетово и така така натаму ..... :cool:

http://www.ecolog-international.com/files/index.php
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.365
Поени од реакции
68.030
Сите знаеме за понудата од Италијанците, ама далеку е од финиширана работата Тоа не е понуда, туку уцена, за возврат ќе си лапаат тендери и слично.

Валмир Нафиу е дете на Шкендија колку што знам. Какви младинци какви бакрачи, убаво знам како поминуваат младите играчи во лигиве. Работнички тераа таков филм па ќе отпаднеа од лигата, кога им загусти почнаа да купуваат странци и поискусни играчи. Не се игра со младинци во Македонија, малце притисок на гостински терен и се серат од страв :)
 
ја не ти спомнав за вамир нафиу дека е од Македонија Ѓ. .... јас ти зборував дека Дарко Велковски е од Македонија !!!! сега јас како сериозна фан страна со над 4000 следачи кој од прва рака ти кажувам дека е навистина сериозна и дека нема никаква далавера,еве ти плус инфо дека треба да се објави на медиуми за превземањето .... се чекаше да поминат натрпевариве со Стеауа и ќе се објави отрпилика другата недела .... НЕМА НИКАКВА ДАЛАВЕРА !!! СЕРИОЗНА Е РАБОТАВА !!!! услов имаат дека буџето треба да е најмалку 1.5 милиони евра со гаранција дека ќе го држи клубот 8 години ....
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.365
Поени од реакции
68.030
Што има тоа врска колку лајка имала страната со тоа дали е вистина или не :D
Дај боже да е како што викаш...

Иначе заборавив за Еколог. Знам кои се Еколог, затоа и напоменав со големи букви пошто ништо не е официјално, дека се што напишав е ОД СЕГАШНА ГЛЕДНА ТОЧКА. Пошто лани истото го напишав па отпосле земаа играчи и изадија солидни резултати, па се палеа. Не можам да гледам во иднина :D
 
Член од
14 април 2010
Мислења
4.677
Поени од реакции
5.925
Во Напредок имаат и две црногроски засилувања, едниот е шпиц 1 и 90 висок, а другиот е од средината играч тпчно пзоиција не ми текнува, од Рудар Плевњел мисалм дека им се земени.
Според мене иако е Вардар фаворит, поради ноншалантноста на управата и поради губњето на двајцата клучни играчи во средината и не наоѓање на достојни нивни замени годинава очекувам да ја изгубиме титулата и тоа некако ми мириса дека конечно битолчани ќе дочекаат да осовјат титула. Шкендија и да влегол тој од ЕКолог, за една недела не може да склопи тим за титула, за нив не ни има инфо дали и во Тетово тренираат тие играчи што останаа. РЕнова баш се израдував кога протече таа информацијата дека се распаѓаат ама ништо пак имаат солиден тим кој може да избори опстанок. Металруг тие којзнае што планираат ама секако тука им е уште Миле Крстев па кога нема да им иде ќе го пуштат во игра за да ддаде некое голче од прекин и да се извадат така гзарски.
 
fr0zen

Kirigaya Kazuto
Член од
26 септември 2011
Мислења
1.348
Поени од реакции
503
Претходната сезона гласав за Вардар и не погрешив во одлуката. Сега гласав за Х.Турново и ќе видиме што ќе сторат. Според мене лигата ќе биде бајаги интересна и ќе се води "мртва" трка за врвот. И нека се опаметат тие што ќе го пренесуваат првенството т.е нека пренесуваат повеќе натпревари отколку само еден натпревар.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom