Македонски филмови

Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
received_428282849292825.jpg

"Илузија" на Светозар Ристовски на Нетфликс Хрватска. Во Македонија за жал не е достапен.

Ако некој знае како се рипнува од Нетфликс, нека повели. :D
 

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.831
Поени од реакции
5.945
Прегледај го приврзокот 345540

"Илузија" на Светозар Ристоски на Нетфликс Хрватска. Во Македонија за жал не е достапен.

Ако некој знае како се рипнува од Нетфликс, нека повели. :D
Еден од подобрите МК филмови. Се отепав од барање на филмов со добра снимка, ама ништо не работи. На Јутјуб го има, ама со дигитрон квалитет.

Одлично би било доколку некој може/го има, да го прикачи некаде на клауд.
 
Член од
31 март 2013
Мислења
320
Поени од реакции
197
Ќе погаѓаме на кој велики фестивал ќе има премиера? :D

Ја типувам на ‘великите’ Рејнденс и Рим. Трета среќа Сао Пауло.
Ова е пратено до медиумите денес:

Најновиот игран филм „Кајмак“ на Милчо Манчевски ќе има светска премиера во селекцијата за награди на светски филмски фестивал од А-категорија.

В среда, 21 септември, во 11 часот ќе има прес за објавување.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Ова е пратено до медиумите денес:

Најновиот игран филм „Кајмак“ на Милчо Манчевски ќе има светска премиера во селекцијата за награди на светски филмски фестивал од А-категорија.

В среда, 21 септември, во 11 часот ќе има прес за објавување.
Случајност?!
Screenshot_20220919-191522_Chrome.jpg
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.700
Поени од реакции
27.627
@123456 го рипна Илузија, нека ви го прати
 
Последно уредено од модератор:

vXa

Член од
1 март 2009
Мислења
126
Поени од реакции
35
луѓе ај ако може и мене пратете ми го филмов, а и ако имате некои други реставрирани или на квалитетна снимка.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.640
Поени од реакции
34.846


Jani Bojadzi
October 3, 2018 ·

,,...Драги мои! Неделава раководството на МКЦ по налог на шефот на Владата кој изјави дека лично тој наредил, прават се за да се спречи одржувањето на фестивалот ,,КинеНова,, а со тоа да го спречат и одржувањето македонската премиера на нашиот филм ,,Ругање со Христос,,! Откако деновиве им ги осуетивме и демистифициравме сите игри и подли намери, последното кое што им остана како оружје за постигнување договор со фестивалот е тие да ги продаваат билетите за премиерата на филмот, а на организаторот да му доделат, замислете: 10, и словом ,,десет,, покани за премиера на домашен филм! Тоа значи дека јас како автор, сите актери и други творци треба да си купиме билети за да присуствуваме на премиерата на сопствениот филм! Ова е без преседан во историјата на македонската кинематографија. Такво нешто не се случило никогаш! Сето тоа го прават со цел да ги понижат авторите во сопствената земја и пред сопственото творештво! Ваков фашизам од најодвратен вид немало ни во нацистичка Германија! Дури ни Хитлер не ги понижувал неподобните и неприфатливи автори на ,,илјадагодишниот рајх,, на ваков начин! Ова е ,,антисемитизам,, со кој на организаторите на фестивалот им се одзема правото на работа, на заработка и на живот! Ова е грабеж по примерот на грабежот вршен врз Евреите од страна на национал-социјалистите во предвоена Германија! Ова е културен холкауст! Ова е веќе истребување! Тие сакаат да не нема! Нема веќе дијалог. Денес рекоа – ,,земете или оставете,,! Тие дефинитивно мислат дека се силата, а ние уплашените кои треба да се подмочат пред нив! По трет пат ви кажувам: не ви се плашиме!Си имате работа со партизански деца чии предци еднаш ве победиле! И на нашите дедовци им збореле дека сте сила, пред која трепери светот! И дека не можат против вас! Можеме, и ќе ве победиме! Но Пасаран! Фестивалот ќе се одржи и премиера ќе има!
Почитувани,
Членови на екипата, соработници, драги гости на кои Ви понудивме покани за да бидете заедно со нас, од мое и од име на организаторите на КинеНова се повикувам утре и задутре најдоцна до 18.00 часот да ги подигнеме своите билети со тоа што ќе им ги платиме на билетарницата на Кино Милениум во ГТЦ. СМРТ НА ФАШИЗМОТ – СЛОБОДА НА УМЕТНОСТА!...,,

...до каде е ,,Ругањето...,, може некаде да се најде/ види филмот?
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.807
Поени од реакции
33.640
Кајмак премиерно во Токио.


По трејлер делува многу лошо.
Мала помош: годинава што е излезено наше долгометражно? Снежана на крајот умира прв имаше премиера, уште зимоска. После Мими, Најсреќниот човек на светот и сега Кајмак. Имам нешто испуштено или тоа е се? М на Вардан Тозија, Денот на жената на Гоце Цветановски, Лена и Владимир на Игор Алексов, Преекспонирано на Венинова и тој независниот Te Dua, жими мене уште ги нема, или јас сум испуштил да ги видам?
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Мала помош: годинава што е излезено наше долгометражно? Снежана на крајот умира прв имаше премиера, уште зимоска. После Мими, Најсреќниот човек на светот и сега Кајмак. Имам нешто испуштено или тоа е се? М на Вардан Тозија, Денот на жената на Гоце Цветановски, Лена и Владимир на Игор Алексов, Преекспонирано на Венинова и тој независниот Te Dua, жими мене уште ги нема, или јас сум испуштил да ги видам?
'Исчезнатиот' (Арбен Тачи) од лани е по фестивали, годинава го даваа на Златна рамка (нема уште кино проекции).

'Сокриениот' (Арсим Фазлија) имаше проекција на Златна Рамка и на фестивалот Ода во Тетово, препорака за филмов кога ќе почне со кино проекции.

'Те дуа, жими мене' играше во април на фестивал во Италија. Немал уште домашна премиера.

'Денот на жената' имаше само затворена прес проекција, уште не играл по фестивали или на некој настан.

'М', 'Лена и Владимир', 'Преекспонирано', 'Кино Љубов', 'Можеби' немаат играно никаде.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.807
Поени од реакции
33.640
'Исчезнатиот' (Арбен Тачи) од лани е по фестивали, годинава го даваа на Златна рамка (нема уште кино проекции).
Тој е од 2021, беше во конкуренција со Сестри лани, единствен. Прашањето ми е баш заради кандидатурата за Оскар.
'Сокриениот' (Арсим Фазлија) имаше проекција на Златна Рамка и на фестивалот Ода во Тетово, препорака за филмов кога ќе почне со кино проекции.
Да, него го заборавив. Знам за него, многу сакам да го гледам, ептен интересно звучеше идејата, се надевам не го утнале.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Тој е од 2021, беше во конкуренција со Сестри лани, единствен. Прашањето ми е баш заради кандидатурата за Оскар.

Да, него го заборавив. Знам за него, многу сакам да го гледам, ептен интересно звучеше идејата, се надевам не го утнале.
Исчезнатиот може пак да биде во конкуренција зашто немал кино проекции, Те дуа е независен па не бил бил во конкуренција, а по циркусот на Милчо со агенцијата за филм и Кајмак би го отпишал од конкуренција.

Би рекол 90% е сигурно дека Теона ќе биде селектирана, ама ајде да видиме.

Досега 55 земји избраа филмови, Македонија е единствена од Балканот што нема избрано.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.807
Поени од реакции
33.640
Исчезнатиот може пак да биде во конкуренција зашто немал кино проекции, Те дуа е независен па не бил бил во конкуренција, а по циркусот на Милчо со агенцијата за филм и Кајмак би го отпишал од конкуренција.

Би рекол 90% е сигурно дека Теона ќе биде селектирана, ама ајде да видиме.

Досега 55 земји избраа филмови, Македонија е единствена од Балканот што нема избрано.
Ама Друштвото на филмски работници (или професионалци, не знам точно како се вика) - предложува. Знам дека истите луѓе се со врски и во Агенцијата за филм, ама сепак, мислам дека може да е и Кајмак. Инаку, ако гледаш така, само Снежана е eligible, зашто освен кино премиера, треба да има нели и кино проекции во неколку последователни денови во државата која го селектира, а ако не грешам, никој од останатите нема. Ама тоа се средува набрзина: го селектираат, и одма следната недела го пуштаат на кино, сме имале такви случаи и претходно. Е сега, нормално, нели, не може да одберат филм кој самата продукција или режисерот не го пријавиле за да го бираат, па затоа можеме само да нагаѓаме.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom