Jani Bojadzi
October 3, 2018 ·
,,...Драги мои! Неделава раководството на МКЦ по налог на шефот на Владата кој изјави дека лично тој наредил, прават се за да се спречи одржувањето на фестивалот ,,КинеНова,, а со тоа да го спречат и одржувањето македонската премиера на нашиот филм ,,Ругање со Христос,,! Откако деновиве им ги осуетивме и демистифициравме сите игри и подли намери, последното кое што им остана како оружје за постигнување договор со фестивалот е тие да ги продаваат билетите за премиерата на филмот, а на организаторот да му доделат, замислете: 10, и словом ,,десет,, покани за премиера на домашен филм! Тоа значи дека јас како автор, сите актери и други творци треба да си купиме билети за да присуствуваме на премиерата на сопствениот филм! Ова е без преседан во историјата на македонската кинематографија. Такво нешто не се случило никогаш! Сето тоа го прават со цел да ги понижат авторите во сопствената земја и пред сопственото творештво! Ваков фашизам од најодвратен вид немало ни во нацистичка Германија! Дури ни Хитлер не ги понижувал неподобните и неприфатливи автори на ,,илјадагодишниот рајх,, на ваков начин! Ова е ,,антисемитизам,, со кој на организаторите на фестивалот им се одзема правото на работа, на заработка и на живот! Ова е грабеж по примерот на грабежот вршен врз Евреите од страна на национал-социјалистите во предвоена Германија! Ова е културен холкауст! Ова е веќе истребување! Тие сакаат да не нема! Нема веќе дијалог. Денес рекоа – ,,земете или оставете,,! Тие дефинитивно мислат дека се силата, а ние уплашените кои треба да се подмочат пред нив! По трет пат ви кажувам: не ви се плашиме!Си имате работа со партизански деца чии предци еднаш ве победиле! И на нашите дедовци им збореле дека сте сила, пред која трепери светот! И дека не можат против вас! Можеме, и ќе ве победиме! Но Пасаран! Фестивалот ќе се одржи и премиера ќе има!
Почитувани,
Членови на екипата, соработници, драги гости на кои Ви понудивме покани за да бидете заедно со нас, од мое и од име на организаторите на КинеНова се повикувам утре и задутре најдоцна до 18.00 часот да ги подигнеме своите билети со тоа што ќе им ги платиме на билетарницата на Кино Милениум во ГТЦ. СМРТ НА ФАШИЗМОТ – СЛОБОДА НА УМЕТНОСТА!...,,
...до каде е ,,Ругањето...,, може некаде да се најде/ види филмот?