Македонски филмови

Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Некако не можам да читам кога репликата ти почнува со тоа дека НЕ се пишувало со надреден знак...
Ти благодарам што си ти толку начитан и еве сега многу луѓе тука ќе знаат за нареден пат, имаш уште еден куп грешки тука на темава па почни да ги цитираш ќе биде добро за сите ќе научиме нешто ново
Математика и да не знаеме постои калкулатор па ќе пресметаме.

Во постот алудирав на тоа дека тоа што тој го изјави во неговото видео обраќање за меѓународната конференција за мито и корупција која се одржа во Скопје, е потполно на место и во право.
Еден куп млади, амбициозни и паметни луѓе во Македонија се соочуват со истото кога ќе сакаат да создадат нешто.
Тоа е факт, и факт е дека баш поради тоа што тој го кажа во интервјуто си одат од државата.
Има еден куп проекти кои си стојат во место, затоа што државата и државните институции немаат време да им одговорат.
А за проекти кога се перат пари се иде така брзо и едноставно.
И така, ние ќе останеме тука со неписмењаци, кои доаѓат на функција затоа што имаат врски, ќе зимаат пари за прокети, и нема да имаме ништо квалитетно, а оние "попаментните" ќе седат дома и лечат фрустрации од типот што го даде ти погоре.
Ја тебе не те таргетирав во репликата ти се сам пронајде.
Еден куп луѓе што вредат во Македонија ќе бидат секогаш плукани ете затоа што живееме во Македонија.
Не е поентатат да се плука само по нешто кога и онака немаме нешто подобро.
Кучињата ќе си лаат, караванот ќе си врви..
А ние у Македонија уште долго ќе сидиме во мрак.
А тоа што читаме, гледаме и слушаме не креира како млади луѓе, а и самите гледаме каква содржина е тоа, што е жално.
И пак ќе повторам не ми се замара да барам информаци колку пропаднати прокети какви тешки пари имаат земено од државата, па никому ништо.
Па ја ќе мрчам за Милчо, што е какво такво светло во мракот во земјата..

п.с имам сигурно уште некојa правописна грешка, пишувам од мобилен и кратко време за реплика, ако не те мрзи може да ме исправиш.
Ти благодарам и секое добро.
И ја пишував од таблет, па исправав грешки, не се вади. Многу напиша, ништо не кажа.

Малку си ми контрадикторен.
Како тоа кажуваш имало млади кои со години не добивале проекти и си бегале од државава, а браниш милионски проекти на Милче со години кои можат да бидат причина плус зошто млади се откажуваат од филм кај нас?
 
Член од
3 мај 2014
Мислења
878
Поени од реакции
2.700

Во ред е пријателе, исправај ги, браво за тебе.
Не објавувам научен труд туку мое скромно мислење на форум, така да океј си е, како сакаш сфати го тоа, нема потреба да влегуваме во непотребна конфротација за банални работи.
Во врска со Мичло прочитај пак што сум пишал..
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Новиот филм на Теон43 премиерно во Венеција?!

485C355D-824B-4194-B795-62BB88B0827B.jpeg
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903

‘Бунт на куклите’ прикажан на најпознатиот фестивал на реставрирани филмови во Болоња.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Најсреќниот човек на светот на Теона Стругар Митевска е селектиран во програмата Хоризонти на Венецијански филмски фестивал :oeoeoe:
Оживуваш само кога се дешава нешто со Теончето. :D

Венеција сака приказни од босанската војна и не беше чудно дека ќе го наместат за таму, откако пријателчето на Теона од Берлин си отиде од позицијата.

И интересно е што иако приказната воопшто не е македонска, се зборува за војната на Босанците и Србите, ќе биде целосно на босански јазик, Македонија го има поддржано како мнозинска продукција со 30 милиони. "Браво" за Агенцијата.

Патем:
Screenshot_20220726-121149_Chrome.jpg
 
Член од
31 март 2013
Мислења
320
Поени од реакции
197
Оживуваш само кога се дешава нешто со Теончето. :D

Венеција сака приказни од босанската војна и не беше чудно дека ќе го наместат за таму, откако пријателчето на Теона од Берлин си отиде од позицијата.

И интересно е што иако приказната воопшто не е македонска, се зборува за војната на Босанците и Србите, ќе биде целосно на босански јазик, Македонија го има поддржано како мнозинска продукција со 30 милиони. "Браво" за Агенцијата.

Патем:
Прегледај го приврзокот 339726
Морав да "оживеам" оти знам колку ја "сакате" Теона :D ќе беше убаво и другите освен Милчо и Теона да имаат премиери во Кан, Берлин и Венеција...

Патем:
Македонија со „Најсреќниот човек на светот“ на Теона Стругар Митевска на Венецијанскиот филмски фестивал
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Морав да "оживеам" оти знам колку ја "сакате" Теона :D ќе беше убаво и другите освен Милчо и Теона да имаат премиери во Кан, Берлин и Венеција...

Патем:
Македонија со „Најсреќниот човек на светот“ на Теона Стругар Митевска на Венецијанскиот филмски фестивал
Остај ние колку ја сакаме, таа колку не сака нас е побитно прашање.

Не знам кој го има поставено филмот на ИМДБ, ама немаа пишано дека Македонија е главен продуцент, а знаат да цицаат пари од државата. И ова го знам зашто јас ја додадов Македонија во продукциски земји.

А патем А1он еден релевантен медиум што да ти кажувам. Сврти речник ќе видиш како е правилно. Онлајн новинариве се генерално неписмени.
 
Член од
8 ноември 2009
Мислења
263
Поени од реакции
146
Пред малку на една платформа за филмови го гледав Најголемата вистина.Македонски филм.Тежок аматеризам.2 саата изгубебо време.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Си ја дознал барем најголемата вистина. Останатите ќе останеме непросветлени.
 
Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.649
Поени од реакции
81.694
По повод утрешниот ден, сакам да кажам дека ТВ серијата Илинден ја има најјаката актерска екипа што некогаш се појавила на малите екрани во Македонија. Едино кој недостига е Ристо Шишков, али се на се hands down :cuc: каква плејада од актеришта, незнам како успеале тогаш РТС да ги соберат сите на едно купче
 
Kajgana Shop

На врв Bottom