Се жали и има право на тоа, не ја сфаќате поената, македонски синдром мора за се да се кења и се да не е добро.
Факт е дека човекот не стави на мапа во филмсла индустрија, факт е дека други се утепаа од перење пари и проекти од државата а направија едно големо НИШТО!
Али нашата држава изобилува со стручњаци, кои не направиле ништо, а знаат сешто.
Ако слушавте внимателно ќе разберте што сакаше да каже човекот, ако не повеќе среќа друг пат.
Нѐ ставил (со ѐ стручњаку, инаку испаѓа ништо не направил) на мапа во 94-та за што си има и државна пензиичка од 1000 евра. Мала пензија, не?
од ‘94-та до денес имаат поминато 28 години, има снимено уште 4 мнозински филмови кои не поминале ни една десетина фестивали ко што помина Пред дождот, не освоиле ни една десетина од наградите што ги освоил Пред дождот и не ја претставиле никаде посебно нашата земја.
За тие 28 години Македонија на филмската мапа беше заборавена, а човекот зел огромни пари за македонски услови, единствено ваљда Теонче му парира, додека луѓе од неговата фела кубуреле за леб. За тие 28 години Милче има земено пари за филм и реклами од државава како ниеден друг режисер.
Така што другар разбери го пишаново, а ако не го разбереш прочитај пак.
Една мала статистика за тебе во бројки за последните 3 филма. Се надевам добро стоиш со математика.
‘Мајки’ има добиено 55 милиони и 800 илјади денари. Не ми се бараат податоци од другите држави, ама Србија и Бугарија не дале сигурно ни третина од таа цифра за филмов. На која црна филмска мапа нѐ запиша овој филм и каде сѐ тоа нѐ претстави, м?!
‘Врба’ има добиено:
76.875.000 денари од Македонија (или со зборови скоро 77 МИЛИОНИ денари или во евра околу 1 милион и 250 илјади евра).
Вкупниот буџет е проценет на околу 2.1 милиони евра или во превод на македонските пари добил уште 900 илјади евра заедно од Албанија, Бугарија, Белгија и Унгарија.
Се надевам дека ги разбираш цифрите зашто Македонија дала 300 илјади денари повеќе од четириве земји заедно.
За споредба еден од најдобрите филмови во последните години ‘Исцелител’ е снимен со нешто помалку од 200 илјади евра, а документарецот ‘Медена земја’ што направи многу поголем бум од сите досегашни филмови на Милчо заедно е поддржан со само 48 илјади евра.
‘Кајмак’ што моментално е во пост-продукција е поддржан со:
30 милиони денари од Македонија (околу 500 илјади евра)
Додатен буџет од МРТ
5 милиони од Хрватска (81 илјада евра)
12 милиони од Данска (194 илјади евра)
11 милиони од Холандија (178 илјади евра)
11 милиони од ЕурИмаж (178 илјади евра)
И нешто ‘ситно’ од Бугарија (немам цифра, ама сигурно помала е од хрватската).
Благодарни сме му за Пред дождот, благодарни сме му за Златниот лав од Венеција и номинацијата за Оскар, ама дај нека не кука како за леб да нема, кога од државава има заработено за десет станчиња минимум додека има легенди што немале ни обична пензија, а камоли државна, живееле по старечки домови и не добиле ни ронка од почитта што господинот ја има овде.
Кажал он за непотизам, у реду е, во право е, кажал за тоа дека државни службеничиња ја цицале и ја цицаат државава и тоа е во право, али преку таквото дека не е поддржан и дека малку добивал.
Најмалку право има да каже дека не е поддржан и не добивал доволно поддршка.