Македонски филмови

Член од
6 септември 2009
Мислења
2.552
Поени од реакции
840
Според мене најдобри мак-филмови се

- Солунските Атентатори
- Исправи се Делфина
- Најдолгиот пат
- Балкан - кан
- Сенки
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
267
Поени од реакции
4
Најдобрите 7 македонски филмови

ИЗБОР НА „УТРИНСКИ ВЕСНИК“
7 - те најдобри македонски филма

„Утрински весник“ направи своја листа на најдобри македонски филмови за да се потсетиме на убавото и на вечното во нашата скромна, но значајна продукција
Сунчица Уневска


На крајот на оваа декада решивме уште еднаш да се навратиме и да се потсетиме на македонскиот филм и на сето она што низ годините ја одбележа домашната кинематографија. Организирана филмска продукција имаме 57 години и досега се снимени исто толку долгометражни играни филма.

Факт е дека и со толку скромна продукција можеме да се пофалиме дека навистина имаме исклучителни филмски дела, кои направија големи успеси и не' претставија на големите меѓународни филмски фестивали низ светот.

Да се направи избор кои од нив се најдобри не е ни малку лесно. Има филмови кои не можат во еден ваков избор никако да се прескокнат поради своите неспорни и докажани вредности, но, секако, без оглед на познавањата, тука голема улога секогаш игра и вкусот. Ние се обидовме да направиме наша листа од седум најдобри македонски филмови создадени во текот на изминатиот половина век и да го дадеме своето образложение, зашто така ги вреднуваме токму овие филмови.

Редоследот е само според годината кога се снимени, бидејќи не сакавме ова да се претвори во натпревар, туку да потсетиме според кои вредности треба најмногу да ги паметиме во македонскиот филм.

Прв на листата е вториот македонски игран филм „Волчја ноќ“ во режија на Франце Штиглиц, кој е направен според сценарио на Славко Јаневски. Интересно е дека за времето во кое е снимен овој филм, во 1955 година, тој беше многу смел и имаше мошне авангарден пристап кон тогаш вообичаените и многу присутни партизански теми. Неговото навраќање на војната и тогаш, а и од денешен агол, е сосем различно од сите останати филмови, со нагласен и исклучителен визуелен пристап и со многу впечатлива атмосфера. И покрај тоа што режијата е на словенечкиот режисер Штиглиц, „Волчја ноќ“ е целосно македонски филм направен според еден расказ на Славко Јаневски, кој за ова сценарио ја освои „Златната арена“ во Пула.

Ова не е филм што зборува директно за војната, туку тој е фокусиран, пред се', на ликовите, правејќи една извонредна палета на многу различни профили. Интересно е дека, од една страна, тоа е многу реалистичен филм, а од друга страна, тој е целосно доловен низ симболи. Волците, снегот, белината и злокобноста, стравот и навестувањето, страшните работи кои се случуваат, а пред кои неизбежно е исправен човекот, наизменичното менување на темнината и светлината. „Волчја ноќ“ е психолошка драма која ги демистифицира ликовите, што за тоа време беше многу невообичаено, особено за партизанските филмови. Тоа е антивоен филм кој има силни пораки, одлична актерска игра, фантастична монтажа и музика, а темата која подоцна прераснува во роман, дефинитивно, го надминува времето.

„Црно семе“ (1971) е филмот што не може никако да се прескокне во правењето на која било листа на најдобрите македонски филмови. Што е она што му го дава ова неприкосновено место? Ова дело на Кирил Ценевски, за кое сценариото го напиша Ташко Георгиевски, донесе многу новини и, како што се согласуваат доајените на македонскиот филм, тој внесе револуција во македонската кинематографија во сите аспекти. Иако историски детерминиран во времето на Граѓанската војна во Грција во 1946 година, „Црно семе“ е една неверојатно силна приказна за човечкиот непокор и за неуништливоста на неговиот дух.

Низ оригиналноста на сликата на Љубе Петковски, режисерот Ценевски ќе создаде еден таков неверојатен манифест, во кој неговите трагични ликови и нивните судбини се некако стопени со суровата околина во логорот, кој се наоѓа на еден пуст остров во Егејско Море, со целата бесмисленост и апсурдноста на времето и на настаните. Филмската нарација излегува од шемата, таа е сосем поинаква, извира од ситуациите, извира од безумието, од наизменичните слики на понижување и достоинство, на борба и предавање. Филмот за измачувањето и за вечната борба на Македонецот за неговиот идентитет е така воден што остава без здив и визуелно и во поглед на звучните ефекти, во својата структура и во начинот на кој ја вклопува целината. „Црно семе“ беше и единствениот македонски филм што беше југословенски кандидат за „Оскар“ и тој и денес останува на врвот на македонските филмски класици што многу едноставно ги минува границите на времето и на просторот, претворајќи се во наш своевиден тестамент.



„Жед“ (1971) на Димитрие Османли се занимава со многу присутната тема во нашата кинематографија по војната, селото и неговиот развој, односно судирот на современото и сето она што го детерминира руралниот простор. Тука Османли, врз база на сценариото на Живко Чинго, прави еден впечатлив спој на реалистичниот концепт и филмската поетика. Од една страна, во селото во кое владее суша, на некој начин е содржана целата судбинска нишка поврзана со архетипското на овие простори, а од друга страна, тука се интимните стории, желби и емотивни напливи на ликовите што се обидуваат да најдат излез и физички и на ниво на психолошка потреба да се побегне од еден ограничен, затворен круг.

Во него, во целата таа депресивна атмосфера, силно поддржана со монохроматските ефекти на снимателот Љубе Петковски и извонредната слика на Перо Георгиевски, се издвојува живописноста на карактерите, жешката интимна атмосфера, сцените кои се граничат со една емотивна деградација, па се' до злокобноста на судбината и на сопственото самообвинување. „Жед“ е филм кој трага по нова форма во филмскиот израз, во кој се чувствуваат назнаки на тогашниот црн бран во југословенскиот филм и кој успева на особен начин да проговори за темата на печалбарството и за оној вечен немир во една средина исполнета со копнеж и очекувања. „Жед“ со целата своја драматична подвоеност е филм за нашето минато и за нашата современост.

„Најдолгиот пат“ (1976) е четвртиот игран филм на Бранко Гапо направен според сценариото на Петре М. Андреевски, кое е базирано врз вистинските настани од почетокот на 20 век објавени во неговиот зборник насловен „Темни кажувања“. Вистинитоста на приказните и на настаните, реалните ликови и нивните страдања на бескрајниот пат, по кој осудените Македонци во 1903 година водени од турскиот чауш и турските војници мораат да стигнат до градот Дијарбекир во Мала Азија, е некако видлива во овој одличен историски филм на Гапо. Снимен многу автентично и оригинално, филмот импресивно го доловува историскиот миг и настаните во него. Интересно е дека целиот филм е снимен во екстериери, па, сепак, авторот успева да постигне одредена динамика во емотивниот и психолошки развој на настаните, успева одлично да ги дозира релациите и малобројните дијалози меѓу ликовите.

Тоа е филм кој на неочекуван начин навлегува во психата на своите протагонисти, чии судбини на бесмислениот долг пат се изедначуваат, покажувајќи ја целата иронија и апсурдност на војната. „Најдолгиот пат“ има силна симболика, многузначна визуелна алузија и атмосфера, постигнувајќи епски пристап и широчина. Ова е тежок, но силен историски филм, во кој Гапо ја покажува целата своја зрелост како автор, кој умее одлично да ја долови целината на оваа голема епопеја, која ги надминува границите на времето, на филмот и надвор од него.

„Среќна Нова ’49“ (1986) на Столе Попов значеше одредена пресвртница во македонскиот филм и во начинот на кој се занимава со судбинското, што е честа тема во нашите филмови. Иако станува збор за многу реалистична тема, филмот се издвојува по својот стил и визуелна моќ, како и со умешноста на Попов да го стави во фокусот човекот и една многу лична, интимна приказна иако драматично детерминирана од историските околности.

Филмот се навраќа на 1948 година, на Информбирото и на времето кога идеологијата владееше со свеста на луѓето, но, за жал, и со нивните судбини. Целиот апсурд на времето опседнато со поткажувачи и на времето кое ги бараше своите жртви, Столе Попов ќе го долови многу сугестивно низ љубовната сторија на Бота и Верица, која уште на самиот свој почеток беше предодредена да биде трагична, онака како што беше и целата околина во која се случува и логичниот распад на семејството. Филмот „Среќна Нова ’49“, направен според сценариото на Гордан Михиќ, донесе отстапување во филмската постапка. Раскажан на многу комплексен начин, тој успева низ повеќе нивоа многу кохерентно да ја донесе оваа приказна за злото и предодреденоста на судбината, фатена во историската стапица на 1948-та. Овој филм ја освои „Златна арена“ во Пула, направи голем успех во Сан Себастијан и остана обележје на едно време, не само со ликовите во него, туку и со целата атмосфера која успеа да ја долови.

„Пред дождот“ (1994) на Милчо Манчевски ја означи последната пресвртна точка во македонскиот филм, претворајќи се во меѓник меѓу старото и новото, меѓу филмовите пред него и по него. Кога би се навратиле на овој филм од денешна дистанца, би рекле дека „Пред дождот“ претставува своевиден филозофски трактат кој на многу жесток, директен и ироничен начин проговори за небулозите и предрасудите кои во одредени делови на светот и во одредени средини го земаат својот данок наспроти цивилизацијата и вредностите, наспроти разумот и развојот, наспроти неприкосновеноста на човечкиот живот.

Овој филм прераскажан низ еден необичен круг на лица, зборови и слики, создава една фантастична целина на судбини и ликови низ која авторот проговори за злото и за бесмислицата, за љубовта и невиноста, за вербата и идеалите, но и за силата на предрасудите и омразата, односно за јунаштвото во најапсурдната смисла на тој збор. „Пред дождот“ донесе поинаква наративна структура, направи оригинален спој на класичното и постмодерното и создаде непогрешлива слика за испреплетеноста на човечките судбини, кои не можат да останат невини или недопрени и во глобалната слика на светот. „Пред дождот“ го направи најголемиот успех во македонскиот филм, освојувајќи го венецискиот „Златен лав“, понесе номинација за „Оскар“ и стана планетарно препознатлив.

Изборот ќе го завршиме со „Бал-кан-кан“ (2005) на Дарко Митревски. Овој филм со успехот што го постигна во својата земја се претвори во еден вид прототип на современиот македонски филм, кој во себе го антиципира старото и новото на таков оригинален начин со кој прави своевиден омаж на историјата на светскиот филм и ги разбива сите форми и предрасуди. Митревски е многу смел во приодот кон овој филм, во кој низ една апсурдна и бизарна комедија многу амбициозно и прецизно го исцртува актуелниот миг на Балканот.

Всушност, тој прави многу симболична и необична слика за распаѓањето на поранешна Југославија, во рамките на која со љубов и симпатија, но многу реално, говори за менталитетот на овие народи. Менталитет, кој колку што не' спојува, толку и не' раздвојува. Тоа е точката во која се препознаваме, но и онаа од која тргнуваат сите наши омрази и разлики. Митревски на единствен начин успева низ злото да говори за доброто и обратно, успева да ја покаже целата наша пародија, но и целиот апсурд што го создаваме сами, не можејќи потоа со него да се справиме.

„Бал-кан-кан“ со 120.000 гледачи е најгледаниот македонски филм во нашата земја и не случајно. Митревски успеа целата оваа приказна, која говори и за универзалните вредности и за сите зла на 20 век, така да ја доближи до обичниот гледач и да направи многу оригинални сцени, кои се врежаа во меморијата и ја освоија публиката. Затоа овој филм останува еден вид симбол во кој се вкрстија старото и новото, филм кој е најблизок до младата генерација, филм кој многу точно и интелигентно ги детектира актуелните состојби, но кој во заднината има силна порака, како и посвета на филмската уметност, која се' повеќе го губи своето значење. Токму затоа и го освои признанието на руската филмска критика на фестивалот во Москва.


Според мене најдобрите 7 македонски филмови се


1. Црно Семе
2. Мис Стоун
3. Исправи се Делфина
4. Тетовирање
5. Пред Дождот
6. Македонска Крвава Свадба
7. Среќна Нова 1949


Не сум го гледал волчја ноќ ниту пак истрел. Коис е вашите топ 7?
 

Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
Дали некој знае од каде можам да го симнам македонскиот филм „Фросина“?
 

macaparket

Oфицијализиран Паркет!
Член од
16 јуни 2009
Мислења
281
Поени од реакции
14
Немам гледано мн македонски филмови, бидејќи малку се експлицитни поглемиот дел, но се надевам дека во скоро време ќе ископам некое ДВД од кај една другарка (оти има повеќе) и ќе гледам. :smir:

Инаку што е со сајтов? http://www.maccinema.com.mk/ Не можам да го отворам :S
 

Gunner4ever

Vive la France
Член од
14 ноември 2009
Мислења
663
Поени од реакции
130
Ke moze li nekoj ama bas nekoj da mi dae torent da go simnam vikend na mrtovcki ama bas ve mozlam
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
8.820
Поени од реакции
7.113
Филмот е закон !!!
улогата на чичко кумплуг легендарна :zver:


Ај спојтеја оваа со оваа тема
 
Член од
12 август 2010
Мислења
2.890
Поени од реакции
906
Каде да го најдам Волшебното Самарче со Игор Џамбазов..?
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
472
Поени од реакции
292
Го заборавиле според мене еден од најдобрите 3 македонски филма ВИКЕНД НА МРТОВЦИ(1988). Многу добра комедија :nesvest:
 
Член од
19 април 2010
Мислења
54
Поени од реакции
7
Мислам дека и ова спаѓа во оваа група:)

Краток анимиран филм кој го направив како дипломска работа
[video]http://vimeo.com/ordeveljanoski/beaverofficial[/video]
 
Член од
19 април 2010
Мислења
54
Поени од реакции
7
Целиот филм кој го изработив како дипломска работа.

Ова е англиската верзија, ќе ја поставам и македноската верзија.
 
Член од
9 април 2011
Мислења
5
Поени од реакции
1
Мои омилени:
- Викенд на мртовци ( ќе се згазите од смеење)
- Збогум на 20от век
- Сите на Милчо Манчевски
- Големата вода
- Илузија
- Превртено
- Тетовирање

--- надополнето ---

И Џипси меџик, многу добар филм
 

Kajgana Shop

На врв Bottom