ОК, ова секако не водеше никаде - избришани 12 мислења и едно уредено заради офтопик и контрапродуктивна дискусија.
@MARCELLO , темава е за македонски филмови кои се веќе снимени, или во фаза на пред-продукција, продукција или пост-продукција, значи за нешто што веќе постои, ако ништо друго барем како сценарио. А не за тоа што мислиме, дали би можело да се сними, за наши идеи, што би било кога би било и сл. Не знам колку таква тема би имала успех, ама ако сакаш да пробаш, отвори нова тема, па ќе видиме во која насока ќе се движи, зашто муабетот е буквално ЧДА муабет. Или засукај ракави, напиши едно сценарио, направи филм, па да видиме сите дали ќе има успех и со задоволство ќе коментираме тука.