Македонски филмови

Член од
31 март 2013
Мислења
287
Поени од реакции
172
За најновиот филм, нашата "најуспешна" режисерка, што би рекол Филипче, Теонче, доби 700.000 куни од хрватскиот филмски фонд (5 милиони и 700 илјади денари).

Се очекува поддршка и од прогресивните Словенија, Белгија и евентуално Франција кои знаат да препознаат "квалитетен" филм. :D
За жал Теона беше единствена режисерка која редовно снима долгометражни. Сега имаат деби Дума, Котевска, Венинова... Така да според бројот на филмови, награди и фестивали најуспешна е Теона. Се надевам посебно на голем успех на Котевска. И дај боже Сестра и Преекспонирано да се подобри од Хомо, Стела и Ефектот среќа.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
3.005
Поени од реакции
5.624
Во моментов го гледам "Големата вода" и сакав да видам/прочитам нешто повеќе за младиве актери.
И така гледам ,бидејќи нели, уста не отвара цел филм, Исак е толкуван од Маја Станковска??? Јас се си мислев дека е некое странче, тоа испадна девојче. Вистина е ова или грешка некоја?
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
3.418
Поени од реакции
3.810

Вистина е. Девојче го игра ликот на Исак Кејтен.
 
Scirea

Старата Дама
Член од
4 август 2010
Мислења
21.183
Поени од реакции
55.579
Во моментов го гледам "Големата вода" и сакав да видам/прочитам нешто повеќе за младиве актери.
И така гледам ,бидејќи нели, уста не отвара цел филм, Исак е толкуван од Маја Станковска??? Јас се си мислев дека е некое странче, тоа испадна девојче. Вистина е ова или грешка некоја?
Личи на Клаудио Маркизио... :kafence:

20200923_152111.jpg
 
Член од
31 март 2013
Мислења
287
Поени од реакции
172
КРАТКИОТ ФИЛМ „НАЛЕПНИЦА“ НА ЃОРЃИ УНКОВСКИ ВЛЕЗЕ ВО ТРКАТА ЗА НОМИНАЦИЈА ЗА ОСКАР

:oeoeoe:Само добри вести за македонската кинематографија месецов. 2 премиери (Стела и Хомо), номинација на Врба за Европските оскари а сега уште еден краток филм е во трка за номинација за Оскар. Не верувам дека ќе добие номинација но сакам да верувам дека може да се случи чудо :angel:
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
3.005
Поени од реакции
5.624
Ај уште едно прашање во врска со "Големата вода", сега ми текна.
Дали локацијата на снимањето кампот за децата е иста што и локацијата на стадионот во Трето полувреме таму во тој стариот турски затвор(?) што се наоѓа во Бардовци?
 
Со оглед на тоа што дневните весници што ги имало во периодот на снимање на филмот, веќе не постојат, единствено што најдов е интервју од Филмополис. Претпоставувам се работи за истата градба - Хавзи пашините конаци во Бардовци.
 
Да, јас бев статист на Трето Полувреме и сега кога го погледнав овој филм, ме врати 9 години назад кога се утепавме од чекање во тоа дворот од конакот (не било затвор)
Интересна градба е, добро ја искористиле и во двата филма. Знам дека на Трето Полувреме нешто доградуваа за да изгледа така стадионот ама не ми текнува сега на муабетите од тогаш што конкретно, мислам трибината и уште еден дел кај што е ложата.
 
Член од
8 октомври 2009
Мислења
605
Поени од реакции
236
МОМЧЕ МЛАДО
(Кон „Хомо“ на Игор Иванов-Изи, играат Наташа Петровиќ, Сашко Коцев, Јордан Симонов, Сергеј Димовски, Мајлинда Косумовиќ, Јоана Буковски, Игор Ангелов, Александар Матовски-Цако)

Член од
10 октомври 2011
Мислења
3.418
Поени од реакции
3.810
Бујрум листа на македонски краткометражни филмчиња.
Од тоа што знам дека е снимено и пуштено бар една премиерна проекција, стигнав до 88 наслови. Ова се пред се' наслови од 2008 година до сега. Постари наслови допрва ќе се додаваат.

Секако листата е work in progress и доколку има некој информација за насловите што се под Непознато, нека повели.

Член од
31 март 2013
Мислења
287
Поени од реакции
172
Почна снимањето на филмот Денот на жената. Релативно анонимна екипа. Доминантно финансиран од Северна Македонија а повеќето актери странци.

MARCELLO

Модератор
Член од
15 јули 2007
Мислења
10.973
Поени од реакции
5.098
Почна снимањето на филмот Денот на жената. Релативно анонимна екипа. Доминантно финансиран од Северна Македонија а повеќето актери странци.

Од улогиве ниеден според име не знаев се додека не барав да видам кој се на фото и онаа Слаѓана Вујошевиќ кога ја видов одма ми текна дека сум ја гледал како дете во детски драмски серии на МРТВ, најчесто во Умни глави беше. Ја паметам има убаво лице и насмевка.

Таа го дава гласот во детската едукативна анимирана серија Светот на Биби.
 
ЈуријАркадиевич

Модератор
Член од
10 мај 2010
Мислења
965
Поени од реакции
3.653
МОМЧЕ МЛАДО
(Кон „Хомо“ на Игор Иванов-Изи, играат Наташа Петровиќ, Сашко Коцев, Јордан Симонов, Сергеј Димовски, Мајлинда Косумовиќ, Јоана Буковски, Игор Ангелов, Александар Матовски-Цако)

Само што ја прочитав реченицава, сфатив дека оваа рецензија не е вредна. Цитирам: ,,Веројатно за ова ослободување и емпатија голема улога има и косценаристот Сашо Кокаланов, чиј придонес е видлив во хуморниот допир во прикаските, течниот дијалог и едноставната но цврста структура на приказната. '' Разбирам колегијалност, пријателство, ама ова?
 
На врв Bottom