Македонски студенти во Бугарија

Член од
25 ноември 2009
Мислења
692
Поени од реакции
191
има некој кој е на магистратура бугарија на софиски универзитет?
 
Член од
18 ноември 2012
Мислења
29
Поени од реакции
21
Ќе ве замолам некој да ми одговоре, колку отприлика ќе чини студирањето во Бугарија ако одиш како студент од странство а не со пишување на бугарска националност или сл како што овде нешто прочитав, и дали треба претходно некои интервјуа, приемни испити, или нешто такво? И дали е сега касно за пријавување или не.. А инаку сакам да се запишам на специјално образование, односно работа со деца или возрасни со пречки во развојот, како аутисти или сл, но не знам ни дали има нешто такво во Бугарија?? Секоја информација е добродојдена :)
 
Член од
15 јуни 2014
Мислења
314
Поени од реакции
299

Од 24-26 јуни оди во Бугарска амбасада, тогаш ти е приемот на документи. Малку касно ти текнало, али имаш време :)
 
Член од
7 мај 2013
Мислења
14
Поени од реакции
1
Ај ќе ве молам некој нека напише се што знае за медицинскиот факултет во Софија. Сакам таму да се запишам таму наредната година. Ме интересира кои документи треба да се предадат и дали треба да бидат преведени на Бугарски јазик? Исто така колку чини една година во државна квота? Колку вкупно отприлика ќе ми требаат пари за една учебна година (со вклучени трошоци за кирија, јадење, за факултетот, за книгги итн.) Требаат ли и таму високи оценки како кај нашиов медицински факултет, и дали бараат резултати од државната матура или само им треба дипломата од средно? Јас учам во средно медицинско во Скопје и незнам колкава шанса имам да се запишам во Софија. Инаку бии учел и во Скопје на медицинскиот факултет но дипломата од овој факултет не е призната во Европа, а после факултет сакам да се одселам од Мк. Ај некој што знае нека пише што е можно појасно.
 
Зошто да се иселуваш, Грујо вика со 200 евра плата може да живееме како Швајцарци. :)
Шала на страна, сега завршуваш средно или во 2015? Ако во 2015, има време, ќе си одиш во март/април во амбасада и ќе ти објаснат се. Инаку, документите не треба да биднат преведени на бугарски јазик, туку само заверени кај нотар. Една година чини симболични 100-200 евра. Ако живееш во студенски дом и со 150 евра би можел да поминеш, ако живееш во стан со цимери, со 200-250 евра зависно од станот и бројот на цимери. Оценките од тука од средно и од матура не ти играат пресудна улога во запишувањето на факултетот. Најголемо влијание, и пресуден фактор е приемниот испит по бугарски јазик и литература и историја кој се полага на 4 јули оваа година во Софија. Тестот има 40 прашања, 25 од бг јазик и лит. и 15 од бг историја. Имаш огромни шанси да се запишеш затоа што има 150 места за македонци, од кои мислам дека 8-9 сигурно се за медицина.
 
Да во 2015 ќе се запишувам, и имаш право ќе си прашам во Амбасадата на Бугарија во Скопје. Само незнам како ќе го научам јазикот некако тежок ми изгледа :вонзем:
 
раднаскела

Wubba lubba dub duuuub
Член од
7 февруари 2011
Мислења
1.684
Поени од реакции
1.990
У петок е приемниот испит, со среќа на сите што ќе полагаат. :)
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Wiz

раднаскела

Wubba lubba dub duuuub
Член од
7 февруари 2011
Мислења
1.684
Поени од реакции
1.990
За кој факултет ако не е тајна? Бтв те знам од бадијала, не сум знаел дека сме генерација :D
Informaciski sistemi na sofiskiot univerzitet mi e prva opcija. Inace koj si od badijala, jas ne sum istiot radnaskela od bda, i toj e na kajgana samo pod drug nik.
 
Wiz

Член од
17 јуни 2008
Мислења
88
Поени од реакции
50
ае утре кој ќе иде да полага нека пише тука или у инбокс, да се знаеме тамо кои сме од кајгана :)
 
Keljav

baram zena - test kujna
Член од
8 март 2009
Мислења
1.372
Поени од реакции
310
Да во 2015 ќе се запишувам, и имаш право ќе си прашам во Амбасадата на Бугарија во Скопје. Само незнам како ќе го научам јазикот некако тежок ми изгледа :вонзем:
Јазикот НЕ Е ЛЕСЕН ама граматиката е 1:1 со македонскиот. Инаку размисли пред да студираш во Бугарија. Образованието им е признаено во еу Но само за понатамошно образование а не и за работа.
Компјутерски науки немаат перспектива зашто индија и кина веќе штанцаат магистри.
 
Щипянецъ

македонски Бугарин
Член од
21 декември 2011
Мислења
1.611
Поени од реакции
702
Јазикот НЕ Е ЛЕСЕН ама граматиката е 1:1 со македонскиот. Инаку размисли пред да студираш во Бугарија. Образованието им е признаено во еу Но само за понатамошно образование а не и за работа.
Компјутерски науки немаат перспектива зашто индија и кина веќе штанцаат магистри.
Образованието е признато 100% и за продолжување на обуката и за работа. А компјутерските науки се најмногу барани од кандидат-студентите и најмногу перспективни. Мислењето за бугарските ИТ специјалисти е многу добро, за разлика од тоа за индиските.
 
fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Да во 2015 ќе се запишувам, и имаш право ќе си прашам во Амбасадата на Бугарија во Скопје. Само незнам како ќе го научам јазикот некако тежок ми изгледа :вонзем:
Ком културниот центар има интензивен курс. Во повекето случаи има и средба со веке дипломирали во Бугариja струденти за да можат да обменат изкуство.
http://www.mfa.bg/embassies/macedonia/events/bg/1352/62/3162/index.html

[DOUBLEPOST=1404379300][/DOUBLEPOST]
Најдобри универзитети во Бугарија се:

Технички универзитет - Софија (најдобра сериозно образование, особено за компјутери. 1 / 3 од компјутерските специјалисти во Германија се Бугари, кои имаат завршено компјутери во технички универзитет - Софија)

Универзитет за национално и светско стопанство - Софија (најголем прилив и многу тешки испити. Универзитетот е многу богат)

Софиски универзитет "Свети Климент Охридски" (добро образование, но малку прехвалено. Техничкиот и за светско стопанство се посилни. Во моментов има проблем со финансирањето, но Бојко вети пари - нема проблем)

Медицински универзитет - Софија. (Многу тешко и квалитетно образование. Број 1 во Бугарија.)

Сите овие универзитети се целосно признати во целиот свет и дипломата важи.

Нов бугарски универзитет воопшто не е лош исто така, но е само платен.

http://www.tu-sofia.bg/index.html
http://www.unwe.acad.bg/
http://www.uni-sofia.bg/
http://mu-sofia.bg/
http://www.nbu.bg/entrance.php
Извини да ставаш Софиjскиот универзитет на 3 место...повеке от смешно. Дали во техническиот или во УНСС имаш правото на СУ,дали имаш сите фиологии на СУ, дали имаш сите хуманитарни науки на СУ?!

Во зависност што сакате да штудирате има различни универзитети. Тоа е тоа. Вака лесно да ги редите...не важи.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom